Македонија
Спасовски: Сите бомби се предадени на СЈО, институциите да истражат кој ги објавил разговорите
Премиерот, Оливер Спасовски, изјави дека сите бомби што го поседувало СДСМ се предадени на Специјалното јавно обвинителство. Спасовски ги повика институциите да истражат кој ги објавил разговорите меѓу пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски и тогашниот претседател на Врховниот суд Јово Вангеловски.
„Јас не ги слушнав и не знам за што се работи, знам дека се објавени некакви материјали. Повикувам институциите да истражат, истражните органи да работат ефикасно, да видат кои материјали се објавени, какви се и од каде се објавени и да преземат соодветни мерки. Нулта толеранција за оваа работа“, изјави Спасовски.
Вчера на социјалните мрежи беа објавени телефонски разговори на кои се слуша гласот на пратеникот, Антонијо Милошоски.
Милошоски по објавувањето на разговорите, на „Фејсбук“ напиша дека станува збор за снимки, направени нелегално во 2011 година од УБК, кога директор бил Сашо Мијалков. Пратеникот вели дека го знае лицето кое нелегално ги поседува копиите од сите снимки од СЈО, лично ја координира селекцијата и ја нарачува нивната објава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.
Македонија
Сончево и релативно топло, максималната температура до 20 степени
Сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Во делови од котлината ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 19 степени.
Времето во наредните денови
Во следните денови ќе преовладува сончево и релативно топло време со мала до умерена облачност. Во утринските часови по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла. Во четврток се очекуваат повремени локални врнежи од дожд, особено во попладневните часови и во текот на ноќта.

