Контакт

Македонија

Специјална тура на ЈСП за одбележување на катастрофалниот земјотрес

Објавено пред

ЈСП и ЈСП Турс ќе се вклучат во одбележувањето на 55-годишнината од катастрофалниот земјотрес во 1963 година. Во рамки на „Зборува Скопје“, ЈСП Турс организира специјална рута на ситибусот „Рута на солидарноста“.

Предвидено е автобусот да обиколи неколку локации кои имаат симболика со катастрофалниот земјотрес.

Почетна станица ќе биде местото каде што е родена Мајка Тереза, паркчето пред зградата на ЕВН на плоштад. Оттаму автобусот ќе се упати кон Старата железничка станица, потоа ќе вози кон населбите Тафталиџе 1 и 2 (населби изградени со помош на светската солидарност), ќе продолжи по улиците Варшавска, Прашка, Лондонска, Осло, Хелсинки, па преку Московска по булеварот Партизански одреди автобусот ќе минува спроти поликлиника „Букурешт“ (подарок од Романија). Оттаму, туристичкиот автобус ќе се упати покрај местото на уништените блокови во Карпош 2, па покрај Универзална сала (подарок од Бугарија) и блоковите од Градски ѕид (проект на архитектот Кензо Танге), ќе стаса до стариот театар и кај зградата на МОБ (за скопјани сè уште позната како МНТ), турата ќе заврши повторно на плоштад кај родната куќа на Мајка Тереза (платото пред зградата на ЕВН).

„Со овој мал гест сакаме да искажеме благодарност и почит кон сите што му помогнаа на Скопје, а истовремено да пратиме порака дека скопјани никогаш нема да ја заборават подадената рака и светската солидарност по катастрофата во 1963 година“, велат од ЈСП.

Турите ќе се изведат со професионален туристички водич, а ќе се реализираат на 24, 25 и 26 јули, со две поаѓања, во 11 и 17 часот .

Двете тури на 24 јули (вторник) ќе бидат бесплатни, а за останатите цената на билетот ќе изнесува 150 денари.

Македонија

Започнуваат реформите во УБК – ќе се формира Агенција на национална безбедност

Објавено пред

На денешната редовна, 122 седница, Владата го разгледа и утврди новиот текст на предлог – законот за Агенција за национална безбедност. Донесувањето на предлогот на закон за Агенција за национална безбедност ќе овозможи реформирање на Управата за безбедност и контраразузнавање, која нема повеќе да биде орган во состав на Министерството за внатрешни работи, односно се предлага основање на Агенција за национална безбедност како модел за реформа на безбедносно-разузнавачкиот систем во Република Северна Македонија.

Целта на предложениот закон е надминување на недостатоците утврдени во извештаите за Република Северна Македонија на Европската комисија, преку воспоставување на модел за реформа на безбедносно-разузнавачкиот систем со кој Управата за безбедност и контраразузнавање нема повеќе да биде орган во состав на Министерството за внатрешни работи, туку се предлага основање на Агенција за национална безбедност со цел заштита на националната безбедност на државата, односно независноста, суверенитетот, уставното уредување, основните слободи и права на човекот и граѓанинот гарантирани со Уставот на Република Северна Македонија, како и други работи од интерес на националната безбедност на државата.

Прикажи повеќе...

Македонија

Апелација в четврток ќе одлучува за затворот на Кочан и Авировиќ

Објавено пред

Сеад Кочан Трансмет, Труст, СЈО

Апелациониот суд в четврток на јавна седница ќе одлучува за затворските казни на бизнисменот Сеад Кочан и управителот на фирмата ,,Силекс неметали”, Василије Авировиќ во предметот ,,Труст” на СЈО. Судија известител за предметот е Лирие Елези Арулау.

Со оглед на фактот дека лани Собранието изгласа измени во Кривичниот законик, со кои се намалува казната затвор за ова кривично дело, со кое беа осудени обвинетите од четири на три години, се воведе и можноста за добивање условна казна.

Бизнисменот Сеад Кочан, сопственик на „Трансмет” беше осуден на шест години затвор и забрана за вршење на дејност во траење од три години, затоа што со лажни документи учествувал и добил тендери за ископ на јаглен и јаловина во РЕК „Битола“ на АД ЕЛЕМ со што се здобил со имотна корист од 17 милиони евра.

За истото кривично дело на три години затвор и забрана за вршење на дејност во траење од три години беше осуден синот на пратеничката Владанка Авировиќ, Василије.

Судот одлучи да го конфискува имотот во вредност од 17 милиони евра кои треба да бидат вратени во државниот буџет.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Заев: Имаме четири до шест кандидати, ама не сакаме да се истрчуваме

Објавено пред

Премирот и претседател на СДСМ, Зоран Заев рече дека сѐ уште е рано по средбите со Африм Гаши од Беса Алтернатива и со лидерот на ДУИ, Мендух Тачи да се откриваат имиња на кандидати кои би биле во игра, но за него е важно што голем дел од партиите дале зелено светло на идејата да се излезе со заеднички кандидат за претседател на Северна Македонија.

,,Важно е концептот да биде поддржан, гледаме дека има расположение кај партиите, но и откако ќе се договориме за конкретен предлог, тие ќе треба да го пренесат тоа во партијата, повторно да разговараме дали е прифатлив предлогот или не. Ние имаме четири до шест кандидати  кои според рејтинзите се фаворити за победа на изборите, но не сакаме да се истрчуваме со тоа кој е прв или втор. Има време, тоа ќе го дознаете идната недела”, рече Заев.

На прашањето дали за СДСМ би бил прифатлив кандидат кој не доаѓа од нивната партија, тој вели: ,,Ако некој има желба или амбиција да се кандидира, ние тоа го почитуваме и ако има и заеднички договор, зошто да не”.

Заев утре ќе се сретне со Алијанса за Албанците на Зијадин Села и со Биљал Касами од Беса и очекува поддршка од нив, иако се опозициски партии.

Прикажи повеќе...

Најново

Сеад Кочан Трансмет, Труст, СЈО Сеад Кочан Трансмет, Труст, СЈО
Македонија58 минути

Апелација в четврток ќе одлучува за затворот на Кочан и Авировиќ

Апелациониот суд в четврток на јавна седница ќе одлучува за затворските казни на бизнисменот Сеад Кочан и управителот на фирмата...

Македонија1 час

(Видео) Заев: Имаме четири до шест кандидати, ама не сакаме да се истрчуваме

Премирот и претседател на СДСМ, Зоран Заев рече дека сѐ уште е рано по средбите со Африм Гаши од Беса...

Крвав четврток3 часа

Игор Југ: За да си ги спасат своите задници и банкарски сметки, наместија невини луѓе да спијат во затвор

Политичките елити што беа директни и индиректни творци на 27 април се осмелија да одредуваат за вината на обвинетите во...

Македонија3 часа

Ставот на Адеми појак од оној на Заев: Ќе се преиспитуваат само одбиените проекти од скандалозниот конкурс за култура

По обелоденувањето на скандалозниот конкурс на Министерството за култура, каде што бројни проекти кои со години наназад ја обележувале македонската...

Македонија3 часа

Мијалков: Секој ден сме на судење

Несогласување и високи тонови помеѓу обвинетите и обвинителите на СЈО за тоа дали денеска да продолжи судењето на случајот „Титаник...

Македонија4 часа

Првиот братучед на градоначалникот Наумоски вработен во Централен регистар

Мирослав Наумоски, прв братучед на градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Наумоски, пред 2 месеца бил вработен во Централен регистар на...

Македонија5 часа

(Видео) Мајката на Костадинов ќе се повлече од работното место

Портпаролот на СДСМ и пратеник, Костадин Костадинов, изјави дека неговата мајка се повлекува од работното место. Тој вели дека нејзиното...

Македонија6 часа

Заев на средби со Гаши и Тачи, ќе бараат заеднички кандидат за претседател

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во име на коалицијата, ги продолжува разговорите и консултациите со партиите околу можностите да се...

Македонија6 часа

Самка Ибраимовски: На претседателските избори одиме сами

Самка Ибраимовски од Партијата за целосна еманципација на Ромите изјави дека на претстојните претседателски избори ќе настапат сами. Ибраимовски на...

Македонија7 часа

Адвокатот на Тачи и Ибраими се повика на аболицијата на Иванов и мислењето на Врховниот суд

Адвокатот на обвинетите Мендух Тачи и Бедредин Ибраими, Елвер Исени, во завршниот збор за предметот „Титаник 2“ на СЈО побара...

Крвав четврток7 часа

Ченто: Ми понудија да бидам заштитен сведок за 27 април и лажно да сведочам

Јане Ченто, обвинет за случувањата во Собранието на Република Македонија од 27 април, во своите завршни зборови рече дека од...

Крвав четврток8 часа

Пепиќ: Во Собранието бев како разузнавач, а не да напаѓам пратеници

Разузнавачот Мунир Пепиќ обвинет за насилниот упад во Собранието, односно вршење насилство врз пратеникот Зијадин Села, во завршните зборови истакна...

Топ8 часа

Почина градежен работник, врз него паднала железна арматура

На објект во изградба на улицата Лондонска во Скопје, кој го гради тетовска фирма сопственост на Г.Х.(54) од село Мала...

Свет9 часа

„Ќе изгубите сѐ“ – Трамп со ултиматум до венецуелската војска

Претседателот на САД, Доналд Трамп, предложи венецуелската војска да ја поддржи опозицијата во земјата, да го пропушти хуманитарниот конвој или...

Македонија9 часа

АВМУ: Сопствениците на медиуми и нивните блиски не смеат да им се закануваат на новинари

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го осуди однесувањето на синот на сопственикот на „1ТВ“, Бојан Јовановски, кој вербално ѝ...

Свет9 часа

Четири лица убиени во пукање во американската држава Мичиген

Четири лица беа убиени како резултат на пукањето во округот Кент во северната американска држава Мичиген, објави локалната полиција, пренесува „Спутник“....

Свет10 часа

Мадуро: Русија ќе испорача 300 тони хуманитарна помош за Венецуела

Русија ќе достави 300 тони хуманитарна помош за главниот град на Венецуела, Каракас, в среда, рече претседателот на Венецуела, Николас...

Свет11 час

Бомбаш-самоубиец уби двајца полицајци близу познатиот туристички пазар во Каиро

Бомбаш-самоубиец уби двајца полицајци, а тројца други беа повредени додека го следеле во близина на туристичкиот пазар Кан ел-Калили во...

Свет12 часа

Пожарникарите се борат со стотици подметнати пожари во Северна Шпанија

Регионалните власти во Северна Шпанија во моментов се борат со околу 50 пожари, од кои дел се намерно подметнати, пренесува „Локал“....

Топ22 часа

Се судрија автомобил и трактор, едно лице загина кај Доброште

Eдно лице загина, а едно добило сериозни повреди во сообраќајната несреќа што се случи на патот Тетово-Јажинце, кај селото Доброште. Како...

Досие