Македонија
Србија ѝ донира 40.000 вакцини „спутник В“ на Македонија
Владите на Македонија и на Србија постигнаа договор за донација на 40.000 вакцини „спутник В“, од кои првата количина од 20.000 дози пристигна денеска на скопскиот аеродром.
Пратката беше дочекана од страна на премиерот Зоран Заев и министерот за здравство, Венко Филипче, кои им се заблагодарија на српскиот претседател, Александар Вучиќ, и на премиерката, Ана Брнабиќ, за солидарноста.
„Самиот чекор е великодушен, од 100 илјади вакцини, Србија ни донира 20 илјади. Секаде во светот е борба за вакцини, а српскиот народ со македонскиот споделува нешто што е свое, тоа само го јакне пријателството меѓу Србија и Македонија. Овие 20 илјади вакцини се првата квота за да можеме да го продолжиме процесот на вакцинација без никакво стопирање“, изјави Заев.
И министерот Филипче ѝ се заблагодари на Србија за донацијата и рече дека руските вакцини ќе бидат искористени за да се вакцинира критичната инфраструктура.
„Со овој чин се овозможува континуитет во вакцинацијата. Додека го чекаме мислењето од ЕМА дали на помлaдите може да им се даде вакцината ‘астра зенека’, ќе ја вклучиме вакцината ‘спутник’, со цел во вакцинацијата да се вклучат што повеќе категории граѓани. Благодарност за солидарноста на Србија“, рече Филипче.
Досега, Србија на Македонија ѝ донира осум илјади дози од американската вакцина на „Фајзер“.
Од Владата не прецизираа кога ќе стигнат преостанатите 20.000 дози од руската вакцина „спутник В“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сончево време со температута од 17 степени, за утре метеоролозите најавија повремени локални врнежи од дожд
Времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на утринска магла по одделни котлини. Попладне облачноста ќе се зголеми и ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5, а максималната ќе достигне од 13 до 17 степени.
Во Скопје, претпладне сончево со мала до умерена облачност, а попладне променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец сончево со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 17 степени, јавува УХМР.
Во следните денови ќе преовладува сончево и релативно топло време со мала до умерена облачност, освен во четврток кога ќе има повремени локални врнежи од дожд. Утре и во четврток по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos

