Македонија
Средба на министерката за труд и социјална политика и претставници на Ромите
Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, оствари работна средба со претставниците на ,,Интеграција на Ромите 2020“, Орхан Усеин и Данило Вукмировиќ, на која се разговараше за досегашните и за идните политики за поголема вклученост на Ромите во општеството.
На средбата се дискутира за проектот „Интеграција на Ромите 2020“, имплементиран од Советот за регионална соработка – Regional Cooperation Council (RCC), со финансиска поддршка од Европската Унија и Фондацијата „Отворено општество“. Овој проект има цел да придонесе за намалување на социо-економскиот јаз помеѓу ромската и неромската популација во земјите од Западен Балкан и Турција и зајакнување на институционалните обврски на владите во инкорпорирање и исполнување специфични цели наменети за интеграција на Ромите во развојните тековни политики.
Земји кориснички на проектот „Интеграција на Ромите 2020“ се Албанија, Босна и Херцеговина, Република Северна Македонија, Косово, Црна Гора, Србија и Турција.
Една од главните точки на работниот состанок беше Декларацијата од Познањ, која беше потпишана во јули минатата година од страна на премиерите на државите во кои се имплементира „Интеграцијата на Ромите 2020“, а усвоена во рамките на Берлинскиот процес. Од страна на Орхан Усеин беше посочено дека на 27 октомври во Тирана ќе се одржи министерски состанок и заклучоците од тој состанок ќе бидат рефлектирани на самитот во Софија во ноември, со кој ке преседаваат Република Бугарија и Република Северна Македонија.
На маргините на самитот ќе се дискутираат 4 теми: лица без документи и без државјанство, мониторинг за имплементирање на таргетите и мониторинг на следење на прогресот, процесот на јавно буџетирање (родово одговорно буџетирање) и методологија за мапирањето на домовите на припадниците на ромската заедница.
Во текот на работниот состанок беа презентирани и два нови проекта, кои ќе се имплементираат и ќе бидат финансирани од „Интеграцијата на Ромите 2020“ – подготовка на нова стратегија за Ромите 2021-2030 и трансформација на сивата економија во која се вклучени Ромите во регуларна пазарна економија. Заклучоците од средбата се дека соработката продолжува и во наредниот период со цел поголема интеграција на Ромите во развојните тековни политики на Владата, соопшти Министерство за труд и социјална политика.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Проштална средба на Гаши со американската амбасадорка Агелер
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари проштална средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави во Република Северна Македонија, Ангела Агелер.
На средбата, претседателот Гаши изрази благодарност за нејзината лична посветеност, професионален пристап и поддршка на демократските процеси во државата. Посебно беше нагласена нејзината улога во јакнењето на институционалната соработка, градењето доверба и унапредувањето на дијалогот со Собранието.
Претседателот Гаши упати благодарност и до Амбасадата на САД за континуираната и силна поддршка на Република Северна Македонија во зајакнувањето на демократските институции, владеењето на правото, стабилноста и евроатлантската ориентација на земјата. Во тој контекст, беше нагласена и благодарноста до Соединетите Американски Држави како стратешки партнер и сојузник.
Претседателот Гаши нагласи дека придонесот на амбасадорката Агелер и на САД оставил видлива и позитивна трага во развојот на демократските и современите процеси во државата. Тој, исто така, изрази уверување дека пријателските односи и соработката ќе продолжат и во иднина.
Македонија
Утре без вода дел од Центар
Утре без вода ќе останат дел од корисниците од Општина Центар.
„Од ЈП Водовод и Канализација добивме известување дека на ден 14.01.2026 година ( среда ) поради поврзување на водоводна и хидрантска мрежа за стариот објект на Комерцијална Банка на плоштад Пресвета Богородица бр. 3 од страна на фирмата Бауер БГ, во периодот од 08.00 часот па се до завршување на работата без вода ќе останат објектите на МНТ, Музичкото Училиште, Министерството за Транспорт и Врски, како и Управата за издавање на матични книги“, информира РЦУК – Скопје.
Македонија
Отворена нова подрачна канцеларија на Агенцијата за катастар во Општина Ново Село
Агенцијата за катастар на недвижности отвори нова подрачна канцеларија во Општина Ново Село.
Директорот на Агенцијата за катастар на недвижности, Иван Живковски, денес заедно со градоначалникот на Општина Ново Село официјално ја отворија новата подрачна канцеларија на Агенцијата.
Со отворањето на оваа канцеларија, повеќе од 10.000 жители на Општина Ново Село и околните населени места од денес ќе можат побрзо и поедноставно да ги остварат своите катастарски права и обврски, без потреба од патување до Струмица.
Директорот на Агенцијата, Иван Живковски, при посетата на новата канцеларија истакна дека ова е дел од поширокиот процес на реорганизација и системско приближување на институцијата до граѓаните, со цел обезбедување подостапни, поефикасни и поквалитетни услуги.

