Македонија
Средба на претседателот Гаши со шпанскиот амбасадор Гарсија
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари средба со шпанскиот амбасадор, Хосе Луис Лозано Гарсија.
Притоа изрази задоволство од посетата и подршката што нашата земја ја добива од Кралството Шпанија во процесот на евроинтеграција.
Континуираното формирање пратеничка група за соработка со парламентот на Кралството Шпанија придонесува во развивањето на севкупните односи помеѓу нашите две земји.
Исто така, Гаши искажа благодарност за програмата на стручна обука за службеници на нашето Собрание во парламентот на Шпанија, што се организира секоја година. Во овој контекст соговорниците беа согласни дека соработката треба да се прошири и со заемни посети на парламентарни делегации, со што ќе се пренесат шпанските искуства кај нашите пратеници, но и на највисоко ниво – на претседатели на парламенти.
Шпанскиот амбасадор честита за демократските избори и посака успешен мандат на функцијата претседател на законодавниот дом. Недвосмислено ја изрази својата заложба и шпанската поддршка за нашата, пријателска и партнерска земја, во кој било сегмент.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.
Македонија
Сончево и релативно топло, максималната температура до 20 степени
Сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Во делови од котлината ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 19 степени.
Времето во наредните денови
Во следните денови ќе преовладува сончево и релативно топло време со мала до умерена облачност. Во утринските часови по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла. Во четврток се очекуваат повремени локални врнежи од дожд, особено во попладневните часови и во текот на ноќта.

