Македонија
Средношколскиот сојуз: Училишта бараат пари од учениците за издавање на свидетелства
Сојузот на средношколците реагира дека некои училишта бараат од учениците пари за издавање на свидетелства.
„Изминативе неколку денови Сојузот на средношколци добива поплаки од средношколци кои доаѓаат од повеќе градови ширум земјава дека нивните средни училишта наплаќаат такси за издавањето на свидетелства“, соопшти Сојузот кој за истиот проблем алармираше и лани.
Средното медицинско училиште во Тетово наплаќало меѓу 150-200 денари за свидетелство, додека економското училиште во Тетово барало износ од 150 денари за издавање на свидетелството и на дипломата за крај на средното образование. Скопската гимназија „Зеф Љуш Марку“ наплатувала од своите ученици 100 денари за свидетелството, а гимназијата „Мирче Ацев“ во Прилеп 30 денари од ученик, велат од Сојузот.
Tоварот за печатењето не смеат да го сносат ниту учениците ниту професорите во средните училишта. Од Сојузот оценуваат дека овие такси се срамни и скандалозни и треба да бидат покриени од образовните власти, а праксата учениците да плаќаат мора да престане.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска делови од Бутел, Карпош и Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 10.00 часот, корисниците од улицата Марко Крале лоцирани околу објектот бр. 51, општина Бутел;
– во периодот од 08.30 до 10.00 часот, корисниците од улицата Козле лоцирани позади фабриката Реплек, општина Карпош;
– во периодот од 08.35 до 11.00 часот, корисниците од улицата Радишанска, општина Бутел;
– во периодот од 12.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улицата 1439 во населба Пинтија, општина Кисела Вода.
Македонија
Без вода денеска дел од Кисела Вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување водоводен приклучок од ф – 100 мм – во близина на Макпетрол, без вода ќе останат корисниците од улицата Христо Татарчев лоцирани на потегот од улицата Народни Херои до улицата Франк Харкорд-Манинг, општина Кисела Вода.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата
Македонија
Следува период на стабилно време, дневната температура ќе биде во пораст
Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 2, а максималната ќе достигне од 9 до 15 степени.
Во Скопје, сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно време, освен во вторник кога кон крајот на денот претежно во североисточните делови ќе има услови за повремен локален дожд. Утрата ќе бидат постудени, а дневната температура ќе биде во пораст.

