Македонија
Средношколски игри на Средно Водно
На Средно Водно во Скопје, од 10 до 13 часот, во организација на ЗГ „Сфера“ Скопје, под слоганот „Заедно во природа“ ќе се реализира шестото издание на „Средношколските игри“, манифестација од забавен и натпреварувачки карактер за ученици од средните училишта на Град Скопје.
Манифестација која ќе вклучува различни активности (крос, натпревари во знаење, уметнички вештини, еко игри, забава…) има за цел да ги поттикне средношколците да развијат свесност за потребата и неопходноста од нивен редовен престој во природа со цел подобрување и унапредување на нивното психофизичко здравје. На еднодневните игри ќе бидат вклучени ученици – натпреварувачи, наставници, директори, комисии, компании, но и останати ученици, родители, гости, посетители.
Натпреварувачкиот дел од игрите трае од 10 до 11 часот, а од 12 часот ќе се прогласуваат и доделуваат наградите за најдобрите ученици по активности. Од самиот настан, учениците ќе испратат порака за поттикнување на здрав живот и почесто движење во природни средини, толеранција и заедништво меѓу младите, непотпаѓање на пороците дрога и алкохол, и ширење позитивни искуства со своите врсници.
Средношколските игри е проект за анимација на средношколската младина во градот Скопје заради зачувување на нивното здравје, заради развивање на нивниот спортски и натпреварувачки дух, нивните психофизички, мисловни активности, заради споделување знаење, искуства, заради дружење со врсниците во природа, заради развивање и подобрување на сопствената личност, но и позитивно влијание врз другите. Сите овие активности имаат за цел и развивање на толеранција, почитување на другите (без разлика од која етничка и на која општествена група потекнуваат, од кое училиште доаѓаат).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

