Контакт

Македонија

„Статуафест и баскеркарван“ во Скопје

Објавено пред

Интернационалниот фестивал за баскери и живи статуи „Статуафест и баскеркарван“ ќе почне денеска и ќе трае до 22 јуни од 18.30 до 23 часот на градскиот плоштад и на улицата Македонија.

Ќе учествуваат баскери и живи статуи од Шпанија, Германија, Украина, Венецуела, Хрватска, Србија и професионални артисти од Северна Македонија. Во музичката програма ќе настапат Тони Зен, диџеј Бугимен и Онија Блузерите.

Организатор на фестивалот е здружението на граѓани „Тим театрос К“ од Скопје, а покровител Град Скопје.

Македонија

Гастро го демантира адвокатот на Боки 13: За во понеделникот му беше закажан преглед, но тој не беше донесен

Објавено пред

ЈЗУ Универзитетска клиника за гастроенетрохепатологија ги демантира тврдењата на адвокатот на Бојан Јовановски изнесени во некои медиуми дека не сакале да извршат преглед врз Јовановски и дека некои од колегите се шегувале со неговата здравствена состојба.

„Адвокатот го има наодот од прегледот, проценка е дека е потребно да се направи колоноскопија, што кај најголем број пациенти се прави во амбулантски услови. Со образложение дека во притвор нема услови за прочистување, адвокатот на Б.Ј. бара тоа да биде направено во хоспитални услови, за што одлучува Судот“, велат од Универзитетската клиника за гастроенетрохепатологија.

Оттука нагласуваат дека на Јовановски му бил закажан преглед во понеделникот (18.11.), со план да се направи негова подготовка во болница, но тој не бил донесен на Клиника.

„Истакнуваме дека внимателно ќе бидат разгледани новите медицински информации на пациентот, што за Стручниот колегиум на Клиниката, сепак, е најбитно и дека ќе биде постапено согласно неговата здравствена сосотојба, како што налага медицината базирана на докази“, се додава во соопштението на Универзитетската клиника.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мицкоски во Загреб на Конгресот на ЕПП, најавена е и средба со Доналд Туск

Објавено пред

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, членот на ИК и секретар за меѓународна соработка Влатко Ѓорчев и меѓународниот секретар Тимчо Муцунски и претседателката на комисијата за надворешни работи, Христина Рунчева-Тасев, ќе присуствува на дводневниот Конгрес на Европската народна партија (ЕПП) кој денеска и утре се одржува во Загреб, Република Хрватска.

Мицкоски во рамки на самитот ќе оствари повеќе билатерални средби со европски лидери чии партии се дел од Европската народна партија во рамки на самитот во Загреб.

Од партијата информираат дека Мицкоски ќе се сретне и со претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, кој е единствениот кандидат за лидер на Европската народна партија.

Исто така Мицкоски ќе има свое обраќање пред европските лидери за време на Конгресот на ЕПП.

На Конгресот присуствуваат поголем број европски лидери, како актуелниот претседател на ЕПП Жозеф Дол, претседателот на Европската комисија во заминување, Жан-Клод Јункер, идната претседателка на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, германската канцеларка Ангела Меркел, австрискиот канцелар Себастијан Курц.

Прикажи повеќе...

Македонија

Димитров во Брисел на состанок со сојузниците од НАТО

Објавено пред

На покана на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, министерот за надворешни работи, Никола Димитров, денеска во Брисел ќе учествува на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО, кој претставува последна подготовка за НАТО-лидерскиот состанок што ќе се одржи во Лондон на 3 и 4 декември.

Република Северна Македонија, која во моментов има статус на „поканета” земја за членство во НАТО, активно ќе учествува во разговорите на НАТО-сојузниците за комплексните стратешки прашања.

Предвидено е министерот Димитров во оваа пригода да ги реафирмира нашата посветеност и поддршка на клучните политики на НАТО, како идна земја членка, по прашањата од исклучително значење за алијансата: праведната распределба на финансискиот товар, борбата против тероризмот, адаптирањето на НАТО-политиките и стратегиите кон променливата безбедносна околина, контрибуцијата во меѓународните операции, справувањето со неконвенционалните безбедносни закани и други прашања од заеднички интерес.

На маргините на состанокот, Димитров ќе оствари повеќе билатерални средби со министрите за надворешни работи од земјите членки на НАТО, како и со високи претставници на алијансата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија14 минути

Гастро го демантира адвокатот на Боки 13: За во понеделникот му беше закажан преглед, но тој не беше донесен

ЈЗУ Универзитетска клиника за гастроенетрохепатологија ги демантира тврдењата на адвокатот на Бојан Јовановски изнесени во некои медиуми дека не сакале...

Наука1 час

Таинствена компанија ослободи досега невиден потенцијал на сончевата енергија

Таинствена стартап-компанија, која е поддржна од Бил Гејтс, направи неверојатен пробив во областа на сончевата енергија што може да помогне...

Економија1 час

Ангеловска за ММФ: Оваа институција е претпазлива со заклучоците, но нема негативни коментари

Државата има максимална флексибилност, секогаш можеме да направиме ребаланс, да интервенираме со средства, ликвидноста на државата е голема. Народната банка...

Економија2 часа

Заев: Инвестираме во човечкиот капитал преку мерки во образованието

Во однос на мерките преку кои државата ќе инвестира во човечкиот капитал, на што е посветен предлог-буџетот за идната година,...

Европа2 часа

Пронајдени 25 слепи патници на брод во Холандија

Во контејнер замрзнувач на брод кој од Холандија тргнал кон Велика Британија пронајдени се 25 слепи патници, соопшти холандската организација...

Свет2 часа

НАТО проширува операции и во вселената

НАТО ги проширува своите операции во вселената, петта оперативна зона, по копното, морето, воздухот и неодамна и сајбер-просторот, велат извори...

Македонија3 часа

Димитров во Брисел на состанок со сојузниците од НАТО

На покана на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, министерот за надворешни работи, Никола Димитров, денеска во Брисел ќе учествува...

Регион14 часа

Мигрант силувал две студентки во Љубљана

Триесет и осумгодишен државјанин на Мароко е уапсен под сомнение дека силувал две студентки во Љубљана. Како што пренесуваат локалните...

Македонија15 часа

Хрватска го поддржува писмото за Северна Македонија, но нема да го потпише

Хрватска го поддржува писмото кое во врска со Северна Македонија и Албанија на Европската комисија ѝ го испратија министрите за...

Европа16 часа

Членките на ЕУ поделени за предлогот на Франција

Земјите членки на Европската Унија се поделени за предлогот на Франција, некои од нив изразиле поддршка, а други се воздржани...

Македонија17 часа

(Видео) Катица Јанева спроведена во домашен притвор

Поранешната специјална обвинителка, Катица Јанева, од затворот во Шуто Оризари беше спроведена во домашен притвор во стан во Скопје кога...

Македонија19 часа

(Видео) Мицкоски: Најавеното покачување на пензиите е лажно ветување на Заев

Владата на СДСМ и Зоран Заев не ги зголемија пензиите 700 денари, туку, напротив, ги намалија 400 денари, изјави на...

Свет20 часа

Шведска ја прекина истрагата за силување против Асанж

Шведското обвинителство ја отфрли истрагата поради обвинение за силување против основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, покренато уште во 2010 година....

Македонија20 часа

Екоактивистите ќе протестираат итно да се одземе концесијата од „Еуромакс ресурсис“

Се ближи датумот кога оваа влада нема да може да донесува и спроведува одлуки, а Министерството за економија сè уште...

Македонија22 часа

(Видео) Дуковски: На Боки 13 не му работи бубрегот и мокри крв

Адвокатот на обвинетиот Бојан Јовановски, Сашко Дуковски, на наменска прес-конференција за јавноста рече дека е загрижен поради здравствената состојба на...

Топ22 часа

(Видео) Во камион пронајдени над 100 килограми марихуана, приведен маж од Валандовско

Граничната полиција на преминот Табановце ноќеска во камион со приколка со бугарски регистарски ознаки пронајде 100 килограми марихуана. Приведен е...

Македонија23 часа

Тупураинен: ЕУ нема да му го сврти грбот на Балканот

Претседавачката со Советот на ЕУ, финската министерка за европски прашања, Тити Тупураинен, порача дека министрите на ЕУ од денешниот состанок...

Македонија1 ден

Дисциплинска за адвокатот Даути зашто бараше да бидат преведени сите списи на албански во ТНТ

Адвокатската комора со допис го известила судот дека повела дисциплинска постапка пред дисциплински обвинител за адвокатот на обвинетата во ТНТ...

Топ1 ден

Дрога и муниција пронајдени во куќа на 25-годишник во Ѓорче Петров

Полицијата уапси двајца скопјани на возраст од 25 и 32 години при извршен претрес во дом во населбата Ѓорче Петров....

Интервју/Дебата1 ден

(Интервју) Италијанскиот амбасадор Ромео: Ќе сториме сè за да ја поправиме историската грешка за вашата држава

На денешниот редовен Совет за општи работи во Брисел, на кој по иницијатива на Италија ќе се расправа за прашањата...

Досие