Македонија
Стоилковски: Власта мора сериозно да пристапи кон аферата „Богоевски“
Аферата „Павле Богоевски“ и неговото тргување на црниот наркопазар е многу посериозна отколку што неговите сопартијци сакаат да го прикажат, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски. Тој порача дека власта мора сериозно да пристапи кон оваа афера, а сè што e спротивно на тоа води кон сериозно намерно рушење на безбедносниот систем во Република Македонија.
„Павле Богоевски е во центарот на вниманието по аудиоматеријалот објавен на интернет, по што постои јавно силно сомневање дека е корисник на наркотици, односно психотропни супстанци. Павле Богоевски признава дека бил во контакт со криминалното подземје – имајќи предвид дека најмалку тргувал на црниот пазар за наркотици, којшто е воден пред сè од криминални организации за кои постои можност да се силен безбедносен ризик. Сето ова го доведува во прашање неговиот кредибилитет како пратеник во македонското Собрание. Но, тука не станува збор дали Павле Богоевски има само морална одговорност, туку работата е многу посериозна“, рече Стоилковски.
„Павле Богоевски како пратеник е член на повеќе собраниски комисии каде има допир и увид во високо класифицирани државни и безбедносни тајни. Тој е дел од Комисијата за надзор над работата на Управата за безбедност и контраразузнавање и на Агенцијата за разузнавање. Павле Богоевски поседува безбедносен сертификат и е во допир со класифицирани документи кои се однесуваат:
На методите и средствата што ги користат Управата за безбедност и контраразузнавање, но и Агенцијата за разузнавање.
Материјалната, кадровската и техничката опременост на Управата за безбедност и контраразузнавање и Агенцијата за разузнавање.
Значи Павле Богоевски има комплетен увид во функционирањето, опременоста, кадровската поставеност, методите за работа на безбедносните служби на Република Македонија.
Оттука, постои силен сомнеж дека Павле Богоевски е лесна цел – што и се докажа со аудиоматеријалот објавен на интернет – да биде уценуван, поттикнат или присилен сознанијата од класифицираните документи да завршат на црниот пазар! Тоа е сериозен безбедносен ризик за државата. Тоа Павле Богоевски, како човек со диплома од Факултетот за безбедност, асистент и ментор во Полициската академија, добро го знае, и сè уште изненадува, но и остава огромен простор за сомнеж зошто Павле Богоевски сè уште инсистира да не се повлече од функцијата пратеник, член на Комисијата за надзор на УБК и на Агенцијата за разузнавање, но и во Комисијата за одбрана и безбедност.
Патем, за да се членува во Комисијата за надзор на УБК и Агенцијата за разузнавање, Павле Богоевски мора да поседува безбедносен сертификат, за кој то има пополнето безбедносен прашалник, Образец А, кој дава најголеми овластувања, а во којшто има прашање кое гласи: Дали користите или сте користеле наркотици или психотропни супстанции. За точноста на одговорите во тој прашалник се гарантира со целосна морална, материјална и кривична одговорност“, нагласи портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Осмомартовски марш во Скопје со порака „Нема да нè снема“
По повод 8 Март – Меѓународниот ден на жената, Платформата за родова еднаквост повика на традиционален марш за женски права што ќе се одржи во Скопје.
Според соопштението, маршот ќе започне во 12:00 часот во паркот „Жена Борец“, а ќе заврши пред украдената биста на Вера Јоциќ, како симболичен чин на протест против, како што се наведува, „фактичкото и фигуративното бришење на жените во општеството“.
Организаторите посочуваат дека слоганот „Нема да нè снема“ ја изразува борбата на жените за опстанок и безбедност во систем кој, според нив, често не ги штити од насилство и ги остава на маргините на општеството. Се наведува дека женската работа често е невидлива, помалку платена и недоволно заштитена, а особено ранливи се жените што работат хонорарно, кои често немаат здравствено, социјално и пензиско осигурување.
Платформата за родова еднаквост посочува и на зголемен број случаи на родово базирано насилство и фемициди, нагласувајќи дека институционалните пропусти оставаат многу жени без заштита и правда.
Со маршот на 8 март, организаторите повикуваат граѓаните да се приклучат и заедно да испратат порака дека жените ќе продолжат да се борат за еднаквост, безбедност и достоинство.
Македонија
СДСМ да не користи трагедии како во минатото за добивање на политички поени, реагира ВМРО-ДПМНЕ
Срамно и безобразно е соопштението од страна на СДСМ во однос на трагедијата која се случи во скопски Карпош, оценува ВМРО-ДПМНЕ.
„Истата партија СДС, да потсетиме дека обично кога се во опозиција, трагедиите ги користи стрикно за собирање на политички поени, а не за да покаже емпатија. Случајот со Нешковски, малата Тамара, Диво Насеље, Смилковско езеро и многу други, се случаи кои СДС пред да дојде на власт со Заев и Филипче, ветуваше правда и велеше дека ќе обелодени некаква вистина која била криена по повод овие трагедии. СДС со Заев и Филипче, кога дојдоа на власт, заборавија на се како да имаат амнезија.
Затоа, за оваа тема, која ја потресе цела јавност, ги замолуваме СДС да не ја користат за политички поени. За разлика од порано, разликата е во тоа што сега работите се кажуваат гласно и транспарентно, а виновниците имаат имиња и презимиња.
ВМРО-ДПМНЕ упатува сочувство до семејствата на жртвите и посакува да не се случуваат вакви трагедии во иднина“, се вели во реакцијата.
Македонија
Од Пинтија до Драчево ќе се гради современ булевар со четири ленти
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски најави дека почнува реализацијата на изградбата на булеварот Борис Трајковски.
Објавена е јавната набавка, а по завршување на законската постапка, градежните работи се очекува да почнат за околу 40 дена. Рокот за изведба е до крајот на календарската година.
Проектот опфаќа изградба на современ булевар во должина од 850 метри, со четири коловозни ленти и безбедна пешачко-велосипедска патека, на потегот од трафостаницата во Пинтија до кружниот тек во Драчево. Со ова трајно ќе се реши долгогодишниот сообраќаен проблем со кој секојдневно се соочуваат над 100.000 граѓани.

Надлежните апелираат за трпение за време на градежните активности, нагласувајќи дека привремените отежнувања ќе донесат долгорочно, квалитетно и безбедно сообраќајно решение за сите граѓани.

