Контакт

Македонија

Стоилковски: Дали постојат инкриминирачки материјали од Костадинов снимени во странство

Објавено пред

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, праша кои се мотивите на портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов, за да манипулира со информациите за случајот „Рекет“.

Опозцијата упати неколку прашања, меѓу кои дали постојат фотографии, материјали и тонски записи од Костадинов во еден од телефоните на осомничените во случајот „Рекет“.

„Зошто Костадин Костадинов е толку исплашен од неговиот довчерашен најдобар пријател Бојан Јовановски? Дали е точно дека има инкриминирачки материјали на Костадинов снимени во странство? Дали на овие материјали, освен овие двајца, се вклучени и други лица, политичари со потекло од една странска земја? Дали е точно дека Костадинов е и чест посетител на скапите развратни забави организирани од еден од осомничените во „Рекет“ пред неколку месеци во два големи града во една соседна држава? Дали Костадинов на овие луксузни забави трошел и народни пари? Ако ова е точно, тогаш нека одговори Костадинов што точно правел на тие забави со Бојан Јовановски?“, праша Стоилковски.

Македонија

(Видео) Ахмети: Очекуваме ветинг во судството

Објавено пред

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, по неговото свдочење во Кривичниот суд изјави дека очекува судските власти да го расчитат случајот „Монструм“.

„Да нема селективна правда. Токму вакви случаеви не примораа нас да размислуваме за имплементација на ветинг во судството. Ние очекуваме судските власти да го разработат случајот и да го осветлат. Ние како политичка партија плативме висока цена, сите не обвинуваа дека ние сме актери, дека ние сме поврзани со случајот и повеќе отколку нас што сакаме да се расветли овој случај нема никој друг, затоа што политичката цена ја плаќаме ние“, рече Ахмети.

Искра Манојлоска

Прикажи повеќе...

Македонија

Османи: Не правевме притисок врз судството обвинетите за „Монструм“ да се бранат на слобода

Објавено пред

Вицепремиерот Бујар Османи од ДУИ на рочиштето за „Монструм” рече дека се сретнал со семејството на Хаки Азири кој беше заштитен сведок, а сега е обвинет во постапката.

„По настанот и акцијата имаше свикано претседателство во партијата. Таму се разговараше и се донесоа одредени ставови, кои јас требаше да ги пренесам во јавноста. Во интервју на национална телевизија, требаше да го кажам ставовите. Истиот ден или наредниот, на национална телевизија додека бев во операциона сала, имаше писмо на еден од обвинетите, Хаки Азири, во кое стоеше ‘Нека каже Бујар Османи каде е мојот син?’. Ми беше важно да кажам дека не знам каде е. Преку луѓе кои се соседи, побарав да се сретнам со нив за да им ги пренесам ставовите. Имавме состанок, бев пријателски примен. Ова беше единствен контакт со семејствата на обвинетите”, рече Османи на судењето.

По рочиштето, Османи кажа дека нетранспарентноста при судењето на „Монструм” довело до тоа ДУИ да бара повторување на постапката.

„Првото судење поради чувството на нетранспарентност доведе до недоверба во целиот судски процес. Добро е да се види повторен, транспарентен судски процес каде сите зборови се следат од јавноста, каде овој процес се деполитизира, декриминализира и каде граѓаните би верувале во овој судски процес. Денес јас бев сведок, а во минатото гласноговорник на ДУИ”, рече Османи по судењето.

Според вицепремиерот и сведок во „Монструм”, ДУИ не правела притисок врз судството за да обвинетите се бранат од слобода.

„Мислам дека беше многу важно да се повтори судењето на овој случај, бидејќи граѓаните не веруваа. Ние не сме правеле притисок врз судството”, рече Османи одговарајќи дали правеле притисок како ДУИ, обвинетите во „Монструм” да се бранат од слобода.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Апостолски: Нема докази дека ексдиректорот на УБК е вмешан во настаните од 27 април

Објавено пред

Адвокатот на поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски, Јордан Апостолски, по одложувањето на денешното рочиште за обвинетите за организирање на упадот во Собранието изјави дека Обвинителството за гонење на организиран криминал нема докази дека неговиот клиент е како било вмешан во случувањата за 27 април.

„Нема никакви докази дека има било каква вмешаност. Сметаме дека обвинението е на стаклени нозе со цел само да се оцрни клиентот”, изјави Апостолски.

Според него, Обвинителството не направило напори да се дознаат вистинските сторители, но одби да каже дали одбраната има докази за тоа кои се всушност сторителите.

Тој ги негираше тврдењата на обвинителката Вилма Русковска дека бранителите предложиле по околу 300 сведоци од обвинет, посочувајќи дека за неговиот клиент се предложени десетина сведоци.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија44 минути

(Видео) Русковска: Адвокатите на обвинетите за организирање на „27 април“ предлагаат по 300 сведоци

Шефицата на Основното јавно обвинителство за организиран криминал Вилма Русковска, по денешното рочиште за судење на организаторите на „27 април“,...

Македонија1 час

Судење за „Монструм“: Ахмети имал информации дека момчињата не биле само убиени туку масакрирани

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, го започна своето денешно сведочење во случајт “Монструм” претставувајќи се како пратеник. „За овој грозоморен...

Забава2 часа

Ѓоковиќ објави екстремен „предизвик“ на Инстаграм

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ објави нов предизвик на Инстаграм, откако се искапе во ледена река.   View this post on...

Свет2 часа

Дуња Мијатовиќ е против екстрадицијата на Асанж во САД

Основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, не треба да биде екстрадиран во САД затоа што тоа би имало ужасен ефект врз...

Регион3 часа

Јамајка демантира дека го признала Косово

Министерката за надворешни работи на Јамајка, Камина Џонсон Смит, ја демантира изјавата на косовскиот претседател Хашим Тачи дека државата ја признала...

Свет3 часа

Нови 889 случаи на заразени од коронавирус во Кина

Во Кина се забележани 889 новопотврдени случаи на заразени од коронавирус и 118 починати. Од смртните случаи, 115 се во...

Свет3 часа

Во април почнуваат клиничките тестирања на вакцината против коронавирусот

Кон крајот на април ќе почнат клиничките испитувања на вакцината против коронавирусот, од кој во Кина починаа повеќе од 2.000...

Свет4 часа

(Видео) Украинци пречекани со камења дома кога беа евакуирани од Кина

Украинци евакуирани од кинескиот град Вухан биле пречекани од револтираните мештани, кои со камења мавале по автобусите што се упатиле...

Македонија14 часа

Истрага за две лица по акцијата во која беше запленет кокаин во Сарај

Заврши распитот на лицата што вчера вечерта беа приведени во акцијата во селото Крушопек, Општина Сарај, по добиени сознанија за...

Топ20 часа

Момче прободено со нож, уапсена девојка осомничена за обид за убиство

Дваесет и тригодишен државјанин на Турција синоќа бил пронајден на излез од Гостивар, на магистралниот пат кон Тетово, со повреда од...

Топ22 часа

(Видео) Кокаинот од Колумбија бил скриен во банани, приведени се четири лица

МВР соопшти детали за запленетиот килограм кокаин по потекло од Колумбија, кој беше запленет во полициска акција во селото Крушопек...

Македонија1 ден

Јовановски до Русковска: Не се дери, ти ги знаеме гласовните способности

Половина час пред судот, првообвинетиот за „Рекет“, Бојан Јовановски, образложува зошто треба да му биде заменета мерката притвор со домашен....

Македонија1 ден

Димишков: Сакаа да ме искористат како адвокат за мојата сестра судијка да биде изземена од предметот

Судењето за „Рекет“ продолжува со сослушување на сведоците на Бојан Јовановски – Боки 13. Адвокатот Васил Димишков, брат на судијката...

Македонија1 ден

ОЈО проверува дали има неправилности при поништувањето на решенијата на Наќе Чулев

Основното јавно обвинителство ќе проверува дали има неправилности при поништувањето на решенијата донесени од техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе...

Македонија1 ден

Заев и Ципрас добитници на меѓународна награда за мир за преспанскиот договор

Поранешните премиери на Северна Македонија и на Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас, се годинешни добитници на меѓународната награда за...

Регион1 ден

(Видео) Пријава за Јосипа Лисац поради лоша изведба на хрватската химна

Адвокатот Бошко Жупановиќ поднесе пријава против хрватската пејачка Јосипа Лисац за нејзината изведба на хрватската химна на инаугурацијата на новоизбраниот,...

Европа1 ден

Детали за масакрот во Германија – напаѓачот бил екстремен десничар

Германскиот весник „Билд“ објави дека напаѓачот, кој во градот Ханау во Германија синоќа со огнено оружје уби девет луѓе, е...

Свет1 ден

Трамп му понудил помилување на Асанж под еден услов

Американскиот претседател, Доналд Трамп, му понудил помилување на основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, ако каже дека Русија немала врска со...

Економија1 ден

Пад на побарувачката за нови автомобили во Европа

Измената на даночниот систем во некои земји, нешто послабата глобална економија и неизвесноста поврзана со брегзитот доведе до пад на...

Свет1 ден

Трамп го назначи амбасадорот Гренел за шеф на американското разузнавање

Американскиот претседател, Доналд Трамп, го назначи Ричард Гренел, американски амбасадор во Германија и специјален пратеник за Србија и Косово, за...

Досие