Македонија
Стојаноски објави план на ВМРО-ДПМНЕ за помош на Кочани
Ние нашиот став го соопштивме. И не сакаме да влеземе во сценариото на политизација на трагедијата во која СДСМ упорно сака да не внесе. Владата од првите минути по страшната трагедија е во целосна поддршка на сите засегнати од трагедијата. Од транспорт на повредените, до ставање на сите капацитети во корист на истрагата, до поддршка и реална помош, изјави Бојан Стојаноски, пратеник од Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“.
Ваквата реакција доаѓа откако пратеникот од СДСМ, Оливер Спасовски, изјави дека СДСМ повторно го поднела законот за поддршка на настраданите во Кочани.
Стојаноски го објави планот на власта на помош на Кочани.
„Нашиот план за поддршка на засегнатите е следниот: 1. Ќе ги дуплираме средствата од Владата за помош на општина Кочани и реализација на проекти. 2. Водиме преговори со инвеститори да отворат капацитети во Кочани или во непосредната близина. Премиерот Мицкоски најави 2 нови инвестиции и проширување на една актуелна постоечка во близина на Кочани, со 1.000 нови вработувања. З. Ги покриваме трошоците и лекувањето и ќе продолжиме да го правиме истото“, рече Стојаноски.
Тој увери дека здравствениот систем ќе биде посветен и мотивиран да помогне на овие луѓе
„Самиот аргумент зошто политизираат е кога ќе видите кои ликови ја соопштија веста за овој закон. Венко Филипче и Оливер Спасовски. На Спасовски му се случија Ласкарци, Беса Транс, Модуларната клиника, Онкологија. Никој не беше уапсен. Ниту еден. Со ниту една поднесена кривична пријава“, рече Стојаноски.
Според него, Оливер Спасовски да поднесе ваков закон е исто како Зоран Заев да поднесе закон за враќање на името или како Венко Филипче да поднесе Закон за одговорност за модуларните клиники.
„Премиерот Христијан Мицкоски остави средба со најголем дел од родителите и ќе продолжи да се сретнува. Имаме организиран и системски пристап. Никој нема да биде оставен сам. Поддршка ќе има, ама и одговорност“, рече тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Сопиште денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во период од 09:00 до 12:00 часот дел од корисниците, на село Горно Соње, општина Сопиште.
Македонија
Сообраќајот низ државата во зимски услови, магла на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Намалена видливост и појава на магла на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица до 60 метри.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, максималната температура до 11 степени
Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб, а долж Повардарието умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 6 до 11 степени.
Во Скопје, променливо облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Од среда времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини со врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен, а во среда засилен ветер од југоисточен правец. Температурите ќе бидат во пораст.

