Контакт

Македонија

Судење за „Монструм“: Ахмети имал информации дека момчињата не биле само убиени, туку масакрирани

Објавено пред

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, го почна своето денешно сведочење во случајот „Монструм“ претставувајќи се како пратеник.

„За овој грозоморен настан дознав следниот ден од медиумите. Беше многу трагичен настан. Сигурно дека сум разговарал со многу луѓе, ако вреди за судот и за јавноста, сите мои разговори нека се прикажат јавно. Нормално е дека не можам да се сетам на сите детали, но сум зборувал за да ја видиме вистината за настанот бидејќи бевме вознемирени. Јас и како претседател на партија и пратеник имав грижа, тоа не беше лесна ситуација, сите на некој начин бевме исплашени од овој настан и да не дојде до некој судир. Сите разговори беа во тој поглед со моите соработници. На одредени детали може да ме потсетите. Тоа беше многу лоша ситуција за сите и за мене, и како човек и како партија сум се обидувал да дадам придонес да се расчисти ситуацијата. Сум разговарал со меѓународната заедница, сум барал помош од госпоѓа Нуланд како помошник-државен секретар на САД, како и од високи претставници на ЕУ. Одговорот на Нуланд беше дека тие не може да помогнат во овој настан. И одговорот на ЕУ и САД беше дека тие веруваат на ОБСЕ“, рече Ахмети.

Обвинителкатта Фатиме Фетаи го прша дали се сеќава на разговорот со Сафет Незири.

„Не само со Сафет, сум разговарал и со многу други луѓе за евентуално да не бидат без вина обвинети. Не негирам дека сум разговарал со него. Добро би било судот и сите да знаат што сум зборувал со него“, одговори Ахмети.

На 12.5.2012 година Ахмети од Сафет побарал да се формира паралелна комисија за расчистување на случајот. Фетаи праша што предизвикало сомнеж кај него за тој да побара паралелна комисија.

„Имавме потврдени и непотврдени информации дека може да има протести за овој настан и работите да излезат од контрола“, рече Ахмети.

„Два дена по настанот, на соговорникот му велите дека убиените биле класично стрелани. Какви ви беа сознанијата?“, праша Фетаи.

„Информациите ги имав од органите, од институциите, бидејќи тие не биле само убиени, туку масакрирани“, одговори Ахмети.

„Биолошкиот материјал не им припаѓа на луѓето во кои се сомневаат, со исклучок на луѓето што не се тука. Како знаете кои се луѓето што се осомничени во овој дел од истрагата, со оглед на тоа дека во тек била предистражна постапка?“, праша Фетаи.

„Секогаш сум се повикувал за без докази да не се обвинува никој. Тоа било прашањето што сум го разговарал со секого“, рече Ахмети.

Сведочењето на Али Ахмети е во тек. Сведокот Бујар Османи го потврди своето присуство, но најави дека ќе задоцни.

Судијата Огнен Ставрев на почетокот на денешното рочиште изуми да им дозволи на медиумите да снимат инсерти од судењето.
На минатото рочиште за петкратното убиство кај Смилковското Езеро сведочеа поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, и поранешниот директор на БЈБ, Љупчо Тодоровски – Радникот.

Искра Манојлоска

Македонија

(Видео) Стојаноска: Македонија на дното на листите според проценката за закрепнување од коронавирусот

Објавено пред

„Состојбата со коронавирусот наметнува многу прашања, но и дилеми. И, наместо соодветно и навремено справување со ситуацијата, гледаме само задоцнети мерки. А, од самиот почеток, уште кога се појави првиот случај на коронавирусот во Македонија, кон крајот на февруари, ВМРО-ДПМНЕ излезе со конкретни мерки кои требаше да се преземат. Предложените мерки се презедоа, но со многу доцнење. А, за тоа цената е висока. Има жртви, а економијата тоне“, изјави Дафина Стојаноска од ВМРО-ДПМНЕ.

Според неа, земјава се наоѓа на дното на листите, според проценката за закрепнување од коронавирусот.

„Меѓународната ФМ Глобал ја направи можеби првата проценка за тоа, како може да изгледа закрепнувањето на државите, откако вирусот ќе се повлече. Едноставно, процени кои се државите што ќе може полесно да дишат. Анализирани се и има оценки за 130 земји. На врвот на листата се Данска и Норвешка или тие најбрзо ќе закрепнат.Македонија е на дното. Таа се наоѓа на 100-тата позиција. Пред нас се сите земји во регионот, Хрватска е на 37-то место, Словенија на 42-то, Србија на 63-то и Босна и Херцеговина на 70-то место.

За појаснување, која земја како ќе закрепнува, се земаат предвид фактори како: политичка стабилност, корпоративно управување, ризик на животната средина, логистика на синџирот на снабдување и транспарентност.Стигна првата потврда за она што го говори ВМРО-ДПМНЕ: дека ако не се преземат соодветни мерки и навремено, последиците ќе се големи. Сите во регионот економски ќе закрепуваат побрзо од нас. Свестете се, кај нас тешкото допрва претстои. Деновиве сме сведоци и на несоодветен одговор и за медицинските теми.

И додека министерот за здравство, Венко Филипче вели дека дел од пациентите треба и може да се лекуваат во домашни услови, има случаи кога тие починуваат на пат до болница. Филипче вели дека има доволно тестирања и резултати навреме, но има случаи кога пациенти умираат чекајќи резултати.На забелешките пак дека прашањата од епидемиолошката анкета веќе се несоодветни, затоа што вирусот сега се пренесува локално, Филипче вели соодветни се.И да, додека медицинските работници молат за помош, молат за соодветна и доволно опрема, министерот Филипче на средбата во Куманово секако, со соодветна маска. За останатите доволна е онаа хируршката маска која не штити доволно или е ефикасна кратко време, само час до два најмногу“, додава таа.

Според Стојаноска, медицинскиот кадар е десеткуван. Главниот удар допрва се очекува. Сега е време да се заштитат медицинските работници.

„Сега е време да се преземат соодветни мерки за економијата. Македонија се наоѓа на дното на листите според проценката за закрепнување од коронавирусот. Нема време за чекање!Доста доцневте со мерките! Ако треба помош, ВМРО-ДПМНЕ е тука“, вели таа.

Прикажи повеќе...

Македонија

Активистите кои донираат заштитни маски со визири апелираат дека имаат потреба од материјали

Објавено пред

Досега се произведени и дистрибуирани 6.500 заштитни маски со визири финансиски поддржани со средства донирани од граѓани и фирми.

Процесот за снабдување на приватните здравствени установи сè уште e во тек, а само на 7 април биле опслужени 100 установи во еден ден, паралелно со доставата на визири на:
Здравствен дом – Скопјe, Градска општа болница „8 Септември”, УГАК, Психијатриска болница Скопје, Здравствен дом – Железара.

Навивачката група „Комити“ донираше 600 хируршки маски и 40 заштитни скафандери, кои беа поделени на УГАК и Градска општа болница „8 Септември”.

Поради зголемената употреба на вералит (провиднот дел на визирот) и потешкотиите за негов увоз во државата, поради здравствената ситуација, со цел да се задоволат сите медицински работници, групата на активисти од „3Д принт медицинска опрема“ апелира до сите оние кои можат да ги снабдат со вералит (проѕирен дел од визирот) да им се обратат.

„Доколку не успееме да набавиме вералит, акцијата за донација на визири ќе мора значително да го намали темпото на опслужување на работниците, бидејќи ги трошиме последните залихи“, велат активистите.

Иницијативата на фејсбук-групата:
https://www.facebook.com/groups/930629214035361/?ref=share

Прикажи повеќе...

Македонија

Обновена тревната површина на Националната арена „Тодор Проески“

Објавено пред

Во период на стопирани спортски активности во државата, АД за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката – Скопје изврши генерално реконструирање на тревната површина на Националната aрена „Тодор Проески’’.

Во рамки на генералното реконтруирање извадени се чепови за подобра дренажа на теренот, извршено е површно гребење за отстранување на троскотот на тревата, пресеан е комплетниот терен со висококвалитетни семиња кои ќе обезбедат тревна подлога по сите светски стандарди, а површината е порамнета и со екстра фин песок и тресет за квалитетна основна подлога.

„Оваа комплетна реконструкција ќе донесе долгорочен позитивен ефект за формата, издржливоста и квалитетот на тревната површина и ќе значи коплетна подготвеност на стадионот за претстојниот период кога треба да се одигра домашното фудбалско првенство, како и останатите меѓународните натпревари предвидени за периодот кој следува“, велат од АДСДП.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа57 минути

Данска идната недела ги отвора училиштата и градинките

Данската премиерка, Мете Фредриксен, најави дека државата ќе ги отвори градинките и основните училишта за првите пет одделенија од следната...

Македонија3 часа

Донирани околу еден милион евра на сметката на Министерството за здравство

На наменската сметка на Министерството за здравство за донации за борбата со коронавирусот до сега се пристигнати  средства во висина...

Свет3 часа

Кина презема нови мерки поради страв од нов бран на вирусот како резултат на асимптоматски случаи

Кина, во која помина епидемијата на коронавирусот, презеде нови мерки за да ги спречи асимптоматските носители на вируси да предизвикаат...

Економија4 часа

Русија подготвена да го намали производството на нафта за 1,6 милиони барели дневно

Според договорот што го постигна со земјите на ОПЕК, Русија соопшти дека е подготвена да го намали производството на нафта...

Свет4 часа

САД пред Шпанија по бројот на починати од коронавирус – втор ден по ред има повеќе од 2.000 жртви

Соединетите Американски Држави регистрираа речиси 2.000 смртни случаи на коронавирус втор ден по ред. Според податоците на Универзитетот „Џон Хопкинс“,...

Регион4 часа

Брнабиќ потврди: Србија 60 часа во карантин за викендов

Српските граѓани ќе поминат 60 часа во карантин овој викенд, потврди премиерката Ана Брнабиќ, објаснувајќи ги новите рестриктивни мерки за...

Свет5 часа

Рекорден број на заразени со коронавирус во Јапонија

Во Јапонија за прв пат денеска се регистрирани повеќе од 500 нови случаи на коронавирус во еден ден.Министерството за здравство...

Европа7 часа

Андреа Бочели ќе пее во празна катедрала на Велигден

Еден од најпознатите светски тенори, италијанскиот оперски пејач Андреа Бочели, ќе пее на Велигден во празната катедрала „Дуомо“ во Милано,...

Македонија16 часа

(Видео) Граѓаните што имаат потреба од лекар за време на полицискиот час не мора да се јават на 192

Владата денеска ја почна серијата информативни видеосесии со наслов „Ковид-19, прашања и одговори“, во чии рамки се одговараат актуелните прашања...

Европа18 часа

Рекорден број починати за еден ден во Велика Британија

Во Велика Британија во последните 24 часа од коронавирус починаа 938 луѓе, што е рекорден број на смртни случаи во...

Европа18 часа

Вo последните 24 часа во Италија починале 542 лица

Во последните 24 часа во Италија од коронавирус починале 542 лица, со што бројот на смртни случаи се искачи над...

Македонија18 часа

Излекувани уште двајца пациенти од Штип

По информациите добиени од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека денеска попладнево се регистрирани уште две лица...

Македонија19 часа

Медицинска помош од Турција пристигна во земјата

На Меѓународниот аеродром „Скопје“ пристигна помошта од Турција, која се состои од 50.000 заштитни медицински маски, 1.000 заштитни скафандери и...

Македонија21 час

Почина родилката од Куманово заразена со коронавирус

Министерството за здравство ја информира јавноста дека денеска починала 27-годишната родилка од Куманово позитивна на Ковид-19. Таа на 30 март...

Свет21 час

Животот на Асанж во сериозна опасност, во „Белмарш“ е потврден првиот случај со Ковид-19

Условите во затворот во Белмарш, во кој е сместен Џулијан Асанж, може да се полоши отколку што Лондон е подготвен...

Македонија22 часа

Странски државјанин кој починал во стан во Кавадарци посмртно позитивен на вирусот

Министерството за здравство информира дека на Клиниката за инфективни болести во Скопје во изминативе 24-часа починалo едно лице од Куманово...

Свет22 часа

Стапката на смртност од коронавирус е шест пати помала во земјите коишто ја користат БСЖ-вакцината

Земјите кои имаат широко распространета програма за вакцинирање со БСЖ имаат стапка на смртност од коронавирус речиси шест пати пониска...

Економија22 часа

Од 10 до 12 часот приоритет во банките ќе имаат лицата над 67 години

Народна банка заради заштита на јавното здравје апелира филијалите и експозитурите на банките да се посетуваат само кога тоа е...

Свет1 ден

Сопственикот на „Твитер“ издвои една милијарда долари за борба против коронавирусот

Основачот и сопственик на „Твитер“, Џек Дорси, ќе даде 1 милијарда американски долари за борба против пандемијата на коронавирус. Во...

Свет1 ден

ЕУ: Лажните вести за коронавирусот доаѓаат од Русија

Потпретседателката на Европската комисија, Вера Јурова, вели дека Европската Унија идентификувала лажни информации за пандемија на коронавирус коишто доаѓаат од...

Досие