Македонија
Талески до Тошковски: Кој му ги доставил доверливите информации на обезбедувачот на премиерот?

Пратеникот на СДСМ, Миле Талески, на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања упати прашање до министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, кој му ги доставил доверливите информации на Самараков, член на обезбедувањето на премиерот, Христијан Мицкоски.
„Ангел Самараков, припадник на најтесното обезбедување на премиерот Мицкоски, беше фатен како одава доверливи информации. Со докази, со видео, со фотографии. Фатен жив. Како е можно лице со такво однесување и поврзаност да биде дел од обезбедувањето на премиерот е прашање што лебди во јавноста оти Самараков не е случајна фигура во безбедносниот тим на премиерот. Тој е долгогодишен партиски кадар на ВМРО-ДПМНЕ, неговата сопруга беше кандидат за советник од истата партија. А не е ниту изолиран случај. Ова е втор скандал за кратко време. Пред само неколку месеци јавноста дозна дека шефот на обезбедувањето на премиерот физички нападнал полицаец кој бил на должност за време на акција против трговија со дрога“, рече Талески.
Овие инциденти, додаде тој, отвораат сериозни прашања за безбедносниот апарат, но и за можната поврзаност на луѓе од власта со криминални структури.
„На неговото ниво, во структурата на МВР, тој немал пристап до таков вид информации, значи морало да има некој што има пристап за да му ги даде. Затоа Ви го поставувам следното прашање: Кој му ги доставил доверливите информации на лицето Ангел Самараков? Граѓаните имаат право да знаат дали безбедносниот систем воопшто функционира или служи на лични интереси поврзани со подземјето. Мора да има одговорност, транспарентност и итна постапка за расчистување на овие наводи. Затоа што ова е борба за каква држава ќе бидеме – правна и безбедна или заробена од мафијата“, рече Талески.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„Уште еден вознемирувачки напад врз бугарски државјанин во Северна Македонија!“, напиша Ковачев

„Сериозно сум загрижен од она што се случи денес со градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска – бугарска државјанка. Ги повикувам Министерството за надворешни работи и бугарската амбасада во Скопјe веднаш да ѝ обезбедат правна, конзуларна и морална заштита“, напиша бугарскиот европратеник Андреј Ковачев на социјалните мрежи.
„Ова е уште еден случај на насилство, малтретирање и јавно линчување врз бугарски државјани кои држат високи јавни функции и стекнале бугарско државјанство врз основа на докажано бугарско потекло – само затоа што се осмелиле да се изјаснат како Бугари.
За жал, притисокот е толку силен што нашите сонародници се принудени да го кријат или негираат својот бугарски идентитет. Сличен случај неодамна беше со министерката за енергетика Сања Божиновска, со неколку пратеници од владејачката ДПМНЕ, како и со луѓе од најблискиот семеен круг на сегашниот, минатиот и претходните премиери на земјата.
Бугарската држава има должност кон своите над 216.000 бугарски државјани во Република Северна Македонија, кои станале такви по своја слободна волја, го докажале своето бугарско потекло со документи и со свој потпис изјавиле дека сега се чувствуваат како етнички Бугари. Бугарија е должна да ги заштити нивните права, безбедност и човеково достоинство“, додаде Ковачев.
Македонија
„Ќе глумиме дека не сме виделе?! Ќе чекаме некој да биде убиен за да се освестиме?!“, праша Јакимовски

Градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски се огласи на социјалните мрежи, по нападот врз градоначалничката Данела Арсовска.
„Она што ѝ се случи денес на Данела Арсовска не е „инцидент“. Тоа е директен напад врз институцијата, врз една жена, врз јавниот поредок.
Со клоци, со пцуење, со закани за силување и убиство на нејзиното семејство.
И што? Ќе викаме „демократија“?! Ќе глумиме дека не сме виделе?! Ќе чекаме некој да биде убиен за да се освестиме?!“, праша Јакимовски.
Македонија
(Видео) Арсовска објави снимка од нападот: Јас го напаѓам него или тој мене?

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска објави снимка од денешниот напад врз неа, на социјалните мрежи.
Во објавата на социјалните мрежи, Арсовска прашува дали таа напаѓа или е нападната и се брани.