Македонија
„Твитерџиите“ распалија по новогодишната елка, Арсовска не кажува како е избран украсувачот за кој нема распишано тендер

Новогодишната елката што светна на скопскиот плоштад ги наполни со коментари социјалните мрежи.
На „Твитер“ ја споредуваат со кривата кула во Пиза, а твитерџиите се шегуваат и дека масовно пристигнуваат туристи за да се фотографираат со неа, па се бара кревет повеќе.
Голем број на туристи од цел свет почнаа да пристигаат во Скопје за да се сликаат со кривата елка. Во хотелите се бара кревет повеќе pic.twitter.com/YrkiKvRoYQ
— 100Marki (@100deutschemark) December 18, 2023
Ваква Елка нема ни на Аљи Експрес 😁#БлеснаСкупјенце ✨️ pic.twitter.com/BdnTMhUShH
— ХаНа🦋 (@HaNa_Taurus666) December 18, 2023
странските туристи почнале масовно да ги откажуваат новогодишните и божиќните аранжмани во Охрид и да ги презакажуваат хотелските резервации за Скопје, затоа што разбрале дека најпознатата светска туристичка атракција во овој момент се наоѓа на скопскиот плоштад – кривата елка
— Густав Охридски (@Nopak_od_Varosh) December 19, 2023
Знаете како викаат: каква ти е душата и домот, таква ти е и новогодишната елка.
Кметице, ова е одраз на вашата душа и вашиот дом, Град Скопје. Срамота. pic.twitter.com/P7tInZTuTz— Alexander III of Macedon (@MakFalanga) December 18, 2023
Македонија во една слика 👇🏻 pic.twitter.com/rjOrntguRV
— Maksimilijan Kazakov 🇪🇺 (@KAZAKOV_mk) December 18, 2023
Град Скопје минатата недела извести преку соопштение дека градот ќе биде украсен за сума од 30.000 евра.
Сепак, Арсовска не кажува кој го украсува Скопје. На страната на Бирото за јавни набавки нема договор за новогодишното укасување. Од друга страна, ако елката е донација не е познато кој е донатрот.
„Макфакс“ до овој момент нема одговори од Град Скопје ниту на прашањето чија е идејата градот годинава да биде накитен токму со ваква елка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) Убиецот имал четворица помагачи, сите се oд Турција и се приведени

Четворица помагачи имал убиецот кој пукаше во кафуле во Штип.
МВР соопшти дека било пукано кон Е.О.(25) од Република Турција, по што сторителот побегнал со возило. Повредениот бил пренесен во Клиничка болница Штип каде што во 22.10 часот починал.
По преземени мерки и активности, при што бил употребен и дрон, во близина на наплатна рампа Миладиновци, полициски службеници од слобода ги лишиле К.К.(21) од Република Турција зa кој постои сомнение дека е сторител на делото, како и А.Х.(22), Т.М.(22), О.М.(29) и А.О.(28), сите од Република Турција, поради сомнение дека му помогнале на К.К. да побегне од местото.
Имено, во 22.15 часот на наплатната рампа Миладиновци, во заедничка акција на СВР Штип, СВР Скопје и сообраќајната полиција, било запрено патничко возило „бмв“ со штипски регистарски ознаки, во кое биле А.Х., Т.М., О.М. и А.О., при што А.Х. се дал во бегство, а другите лица биле лишени од слобода. Набргу, по преземени мерки, тој и сторителот К.К. биле пронајдени и лишени од слобода.
Сите лица биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот во координација со јавен обвинител, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Македонија
Герасимовски: Со градинката Пролет поставивме нови стандарди за детска грижа во Центар

Градоначалникот Горан Герасимовски потенцира дека е пресреќен што во еден мандат, во рок од три години е отпочнат и завршен проектот за изградба на новата градинка во населбата Пролет, што е редок пример во државата.
„Ако разгледате и направите увид и истражување во поголем дел од општините, ќе видите дека многу споро оди делот на реализација на ваков тип на проекти. Искрено сум среќен што успеавме за три години да го реализираме проектот и да ја направиме најубавата и најмодерната градинка не во Скопје, туку и на територија на цела држава. Градинката Пролет е гордоста на родителите, со оваа изградба поставивме нов стандард за детска грижа во Центар“, вели Герасимовски.
Градинката Пролет згрижува 173 дечиња во 9 занимални, на површина од 3.276 метри квадратни. Нејзината изградба почна во 2022 година во мандатот на градоначалникот Герасимовски и истата е целосно финансирана од Општина Центар во висина околу три милиони евра, без задолжување.
Македонија
Уапсен убиецот кој вчера пукаше во Штип

Основното јавно обвинителство Штип е известено од МВР дека лицето по кое се трагаше во врска со вчерашниот оружен инцидент е уапсено, информира ЈОРМ.
Пронајдено е и оружјето. Во текот на денот ќе следи постапка.
25-годишен странски државјанин е убиен синоќа во угостителскиот објект „Вами“ на Градскиот плоштад во Штип. Во Клиничката болница во Штип тој е донесен со неколку прострелни рани, каде што во 22.10 часот починал.