Македонија
Топол бран од вторник со температури до 40 степени
Од вторник под влијание на многу топла воздушна маса од југ, времето ќе биде стабилно и многу топло со натпросечни температури за овој период од годината, информира УХМР.
Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, информира УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19 а максималната од 27 до 36 степени.
Вредноста на УВ-индексот ќе биде 8.
Во Скопје, претпладне сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Минималната температура ќе биде околу 16, а максималната ќе достигне до 33 степени.
Во следните денови, под влијание на многу топла воздушна маса од југ, времето ќе биде стабилно и многу топло со натпросечни температури за овој период од годината. Во вторник насекаде ќе бидат над 30, а во следните денови во повеќе места над 35, додека во најтоплите делови од земјата ќе достигнат околу 40 степени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

