Контакт

Македонија

Тошковски објави нови детали за трагедијата во Карпош: Жртвата негирала насилство пред полицијата, сопругот имал криминално досие и бил апсен за дрога

Објавено пред

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски соопшти нови детали за вчерашната трагедија во Карпош, во која загинаа мајка и дете.

Како што рече, вчера, на 2 март 2026 година околу 14 часот, случаен минувач пријавил дека мајка и девојче скокнале од зграда, по што полицијата веднаш излегла на терен. Министерот посочи дека на настанот претходела пријава. Во 12:05 часот имало пријава и бил извршен разговор со Ивана. Таа, според министерот, изјавила дека станува збор за недоразбирање и дека не бара полициска интервенција, наведувајќи дека брачните односи ги решава во бракоразводна постапка. За разговорот била составена службена белешка, која, како што рече Тошковски, починатата ја потпишала.

„Сите овие околности детално се документираат и ќе бидат предмет на понатамошна анализа“, изјави министерот, додавајќи дека МВР ќе ги утврди фактите, вклучително и дали изјавата дадена тој ден била под присила. Потоа жената се упатила кон станот на улицата Теодосиј Гологанов во скопски Карпош кадешто се случила трагедијата. Со ќерката биле сами и заклучени одвнатре пред трагичниот настан

Тошковски соопшти дека лицето Стојанче Јовановски е лишено од слобода и дека ќе биде поднесена соодветна кривична пријава. Осомничен е за Наведување на самоубиство, нанесување на тешки телесни повреди и за загрозување на сигурноста.

Во однос на неговото минато, министерот изнесе детали дека во изминатите години СВР Скопје поднело 10 кривични пријави за дела поврзани со насилен криминал, имотни деликти и недозволена трговија со дрога. Според податоците што ги соопшти, кај него во еден од случаите биле пронајдени 20 паковки наркотична супстанција, по што бил уапсен и против него била поднесена кривична пријава, а по барање на јавен обвинител му биле изречени мерки на претпазливост.

Тошковски рече дека најголем број од предметите поврзани со семејно насилство се затвораат затоа што жртвата се повлекува.

„Треба максимум да сториме да ги охрабриме жртвите да пријават и случаите да бидат процесуирани до крај“, рече Тошковски.

Тој најави дека Министерството ќе се фокусира максимално на секој ваков кривично-правен настан, особено кога се констатираат видливи физички повреди, при што, како што посочи, треба да се разгледа можноста жртвата да не може да се повлече од пријавата доколку се утврдат такви повреди.

„Ако жртвата повторно се повлече, полицијата ќе има проблем за докажување. Но ако се ангажираат центрите и се охрабрат граѓаните да зборуваат гласно и јавно, нема да има вакви ситуации“, изјави Тошковски, додавајќи дека не тврди оти полицијата постапила совршено, и дека истрагата ќе се спроведе максимално во детали за да се утврди што точно се случило.

Додаде и дека отсега секој што ќе биде посочен дека е сторирел на семејно насилство, ќе биде повикан на информативен разговор во полициска станица.

Најново

konfekcija, minimalna plata, mtsp, drzavna pomos konfekcija, minimalna plata, mtsp, drzavna pomos
Македонија8 секунди

Исмаил: СДС не предлага 600 евра минимална плата, туку субвенционирање на газдите со народни пари

Пратеникот и потпретседателот на Левица, Реџеп Исмаил – Хактан, реагира на обидите на СДС да ја претстават Левица како против...

Македонија11 минути

Општина Ародром: Нов асфалт на улицата „Гаврил Константиновиќ“ во Лисиче

Градоначалникот на Општина Аеродром Дејан Митески денеска изврши увид во градежните активности на улицата „Гаврил Константиновиќ“ во населбата Лисиче, каде...

Европа12 минути

(Видео) Убиена лекарката на британското кралско семејство

Докторката Хана Кејн, која наводно лекувала членови на британското кралско семејство, е пронајдена мртва во нејзиниот дом во Дерсингем, во...

Свет18 минути

(Видео) Две лица загинаа при уривањето на зградата, потрагата продолжува: трагични вести од Истанбул

Бројот на жртви во уривањето на седумкатница во истанбулскиот кварт Малтепе се искачи на две, додека спасувачките екипи продолжуваат да...

Забава25 минути

Огромна сума пари до 20 октомври пристигнува за три хороскопски знаци

Првата половина на октомври може да донесе нешто што одредени хороскопски знаци со нетрпение го очекуваат – опиплива финансиска промена....

Македонија35 минути

Влен: 335 илјади евра за маката на Груби, додека над 350 илјади Албанци ја напуштија земјата

„Маката на Артан Груби е пасошот. За него се понудени над 335 илјади евра гаранција, само за да биде на...

Македонија36 минути

ДУИ: Уставниот суд донесе одлука со која се создава исклучително опасен преседан за албанскиот јазик и за правната сигурност во земјата

Вчера Уставниот суд донесе одлука со која се создава исклучително опасен преседан за албанскиот јазик и за правната сигурност во...

Забава38 минути

Прецизен список на намирници што помагаат во согорувањето на маснотиите: Ќе слабеете полесно

Ако под „храна што согорува масти“ подразбираме намирници што согоруваат калории без никаков напор од наша страна, тогаш мора да...

Спорт39 минути

Ливерпул нуди 50 милиони долари за вундеркиндот од Клуб Тихуана

Ливерпул би можел да го доведе еден од најталентираните млади играчи во светот во зимскиот преоден рок. Англискиот гигант го...