Македонија
Тошковски одбележа 43 години од формирањето на „Тигар“: Успехот на единицата нè задолжува дополнително да ги зајакнеме капацитетите
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/03/oskovski-tigar.jpg)
Специјалната антитерористичка единица „Тигар“, денеска, одбележува 43 години од нејзиното формирање. По тој повод, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски заедно со членови на неговиот кабинет во кругот на Единицата присуствуваше на ова одбележување, каде што положи цвеќе пред споменикот на загинатите припадници и се потсети на жртвата што тие ја дадоа за заштита на територијалниот интегритет и суверенитет на нашата држава.
САЕ „Тигар“ е посебна единица во рамките на Бирото за јавна безбедност, која е формирана за планирање и извршување најсложени задачи во борба против тероризмот, решавање заложнички ситуации и ситуации со забарикадирани опасни лица, апсење опасни криминални групи, решавање ситуации во случај на давање отпор со огнено оружје, обезбедување загрозени ВИП-личности и објекти, давање асистенција во борбата против организираниот криминал, како и спасувачки мисии во високопланински и други недостапни терени.
„Ваквите специфични задачи бараат високо ниво на подготвеност и поседување специјални вештини, кои со гордост можеме да кажеме дека ги поседуваат нашите колеги припадници на оваа единица, а нивниот успех во работата не задолжува како менаџмент и понатаму да продолжиме со обезбедување соодветни услови за работа и дополнително зајакнување на кадровските и технички капацитети“, потенцира министерот Тошковски на средбата со раководството на единицата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
(Видео) Полициските хеликоптери исфрлија над 120 тони вода врз пожарите кај селото Тажево и „Јасен“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-26-203439.jpg)
Денеска Одделот за воздухопловни единици при МВР учествуваше со два хеликоптери во гасење на пожарот во реонот на Јасен.
Во 62 налети исфрлени се преку 120 тони вода со што успеа да се локализираат новите реактивирани краци на пожарот и да се спречи прошорување на пожарот кон селото Брезница , селото Тажево и националниот парк Јасен.
Македонија
Пронајдено детето од Скопје кое беше пријавено дека се оддалечило од домот
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/02/policija-5.jpg)
Вечерва околу 19.20 часот полициски службеници од СВР Скопје го пронајдоа осумгодишното дете за кое денеска околу 18.40 часот неговата мајка С.Н. во ПС Карпош пријави дека околу 17 часот се оддалечило од домот.
Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје ги презеле сите неопходни мерки и активности и детето било пронајдено во добра здравствена состојба и ќе биде предадено на родителот, соопшти МВР.
Македонија
На Табановце за влез во државата се чека околу еден час
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/07/tabanovce.jpg)
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце за влез во државата се чека е околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани –Делчево.
Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.
Термините се следни:
– петок од 17:00 – 22:00 часот,
– сабота од 09:00 до 18:00 часот и
– недела од 09:00 до 22:00 часот.
На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали:
– петок од 15:00 – 22:00 часот,
– сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и
– недела од 07:00 до 22:00 часот.