Македонија
Трајаноски: Народот нема да дозволи разнебитување на земјава
На протестот на ВМРО-ДПМНЕ кој се одржа пред Владата се обрати и Коце Трајановски. Тој порача дека сега е време да се побара оставка од Зоран Заев кој ги распродава националните интереси како на тезга.
„Тука денес гледам од сите националности, Македонци, Албанци, Срби, Турци, Роми, и останати. Сите ние заедно се собравме овде денеска на овие блокади, бидејќи овие блокади се за да ја спасиме Република Македонија. Да ја спасиме државата од распродавањето кое го врши Зоран Заев и Владата“, истакна Трајаноски.
Трајаноски додаде дека поради тоа ВМРО-ДПМНЕ сака да го спречи распродавањето на националните интереси побара лидерска средба, побара Декларација на која што ќе се обединат сите политички партии за да се кажат кои се црвените линии на Република Македонија. Но Зоран Заев и неговата екипа одбија.
„Црвените линии требаа да се дека Македонија има многувековна и многуилјадна историја. Дека Македонија и Македонците не потекнуваат од Бугарите. Дека македонскиот јазик не е дијалект на бугарскиот јазик, дека постојат македонски малцинства во сите соседни држави вклучително во Република Бугарија и треба да се почитуваат нивните права“, нагласи Трајаноски.
Трајаноски посочи дека ни во сон не може да се менуваат историските факти.
„Не може да го прифатиме тоа дека демек Бугарите биле администрација, а ен окупатори. Не можеме да прифатиме дека Крива Паланка, Куманово и Скопје биле наводно ослободени Бугарите. Тие градови се ослободени од народноослободителната војска на Македонија во која што имало учесници од сите националности“, рече Трајаноски.Според него, многу училишта денес ги носат имињата на паднатите борци Кочо Рацин, Корчагин, Орце Николов и многу други.
„Не треба да дозволиме понатамошно наше понижување, затоа не треба да дозволиме да не срамат пред светот. Поради тоа народот се дигна на овие блокади. Народот ќе победи во оваа битка. Владата треба да даде оставка бидејќи сето она што го прави е лошо за Република Македонија. Ова е разнебитување на Република Македонија“, порача Трајаноски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сончево време со температута од 17 степени, за утре метеоролозите најавија повремени локални врнежи од дожд
Времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на утринска магла по одделни котлини. Попладне облачноста ќе се зголеми и ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5, а максималната ќе достигне од 13 до 17 степени.
Во Скопје, претпладне сончево со мала до умерена облачност, а попладне променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец сончево со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 17 степени, јавува УХМР.
Во следните денови ќе преовладува сончево и релативно топло време со мала до умерена облачност, освен во четврток кога ќе има повремени локални врнежи од дожд. Утре и во четврток по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos

