Македонија
Тројно зголемена потрошувачката на лекови против згрутчување на крвта, Филипче вели има доволно количини
Потрошувачката на лекови против згрутчување на крвта и тромбофилија е тројно зголемена во однос на истиот период лани, потврдуваат од Министерството за здравство, од каде потенцираат дека добавувачите прават напори да се обезбедат бараните количини и дека во моментов нема недостиг од ваква терапија ниту во аптеките, ниту во болниците.
„И покрај тоа што годинава се трошат тројно повеќе лекови од палетата на антикоагулантна терпија во која влегуваат лекови како клексанот и ксарелтото, во моментов нема недостиг од овој тип нтерапија ниту во болниците ниту во аптеките. Зголемента потрошувачка се должи на тоа што овие лекови се вклучуваат како терапија кај болните со Ковид-19 кај кои се јавуваат одредени проблеми со крвта“, вели министерот Венко Филипче.
Тој појаснува дека добавувачите на овој тип лекови во нивните планирани набавки за 2020 година имаат предвидено увоз на многу помали количини од овие лекови, но поради зголемената потрошувачка се прават и дополнителни напори за набавки и до сега нема проблем во испораката.
„Проблемот не е само кај нас туку во целиот свет. Зголемена е побарувачката на лековите од овој тип кај прозиводителите и се прават дополнителни резрвациите од сите земји. Кај нас во ниту еден момент немаше недостиг од овие лекови. Клиничка аптека ги има во континуитет и и достапни се на сите болници и ковид-центри, а испораката оди редовно и во аптеките низ државата“, вели Филипче.
Во текот на наредната недела ќе се испорачаат и дополнителни колични на клексан во Клиничката аптека во Скопје, а доволни количини на лекот има и за аптеките и за останатите болници во земјава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

