Контакт

Македонија

Турската полумесечина донира заштитна опрема за Црвениот крст

Објавено пред

Во координација и поддршка од страна на Црвената турска полумесечина пристигна донација од заштитна опрема наменета за Црвениот крст на Република Северна Македонија. Опремата е наменета за потребите на тимовите на Црвениот крст на РСМ, како и другите институции и здравствени работници вклучени во справување со последиците од епидемијата на Ковид-19, а воедно и за граѓаните.

Хуманитарната помош (заштитна опрема) се состои од: 52.800 заштитни маски за еднократка употреба, 1.800 заштитни маски FFP2, 10.000 заштитни ракавици, 2.000 заштитни костими (скафандри) и 2.000 заштитни очила.

Амбасадорот на Турција во Скопје, Хасан Мехмет Секизќок, му ја предаде медицинската помош испратена од страна на  Црвената турска полумесечина на генералниот секретар на Црвениот крст на Северна Македонија, Саит Саити.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Аеродром, Гази Баба и Центар за две години ќе бидат поврзани со новиот мост, во тек е изградбата

Објавено пред

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов и вицепремиерката за економски прашања, Мила Царовска направија увид во градежните активности за проширување на булеварот АСНОМ и за изградба на нов мост на реката Вардар. Според интензитетот на градба, општините Аеродром, Гази Баба и Центар за помалку од две години ќе бидат поврзани со нов мост и модерно булеварско решение што ќе го релаксира сообраќајот во овој дел од Скопје.

 

Новиот мост на Вардар ќе ги поврзува улицата Васко Карангелевски во Аеродром со улицата Индустриска во населбата Ќерамидница, во Гази Баба. Вкупната должина на трасата изнесува 400 метри. Самиот мост ќе биде долг 150 метри, со 6 коловозни ленти, како и велосипедски и пешачки патеки од двете страни. Вредноста на договорот за изведба на оваа фаза изнесува 365,6 милиони денари со вклучен ДДВ.

– Денеска вршиме увид на интензивните градежни активности за изградбата на новиот мост на булеварот АСНОМ, односно втората фаза од пробивањето на булеварот. Веќе се поставени темелите, а мостот ќе биде со габарит како мостот Гоце Делчев и ќе овозможиме нов сообраќаен коридор од општина Аеродорм кон општина Гази Баба. Работите се одвиваат според предвиденото темпо и очекувам кон средината на идната година да го завршиме овој капитален проект, имајќи предвид дека вистински мостови во Скопје не се градени повеќе од 20 години – изјави Градоначалникот Шилегов.

По изградбата на новиот мост и пробивањето на новиот коридор, граѓаните од Ново Лисиче до Судската палата со автомобил ќе се стигнуваат за 5 минути, со автобус за 10 минути, со велосипед за 18 минути, а со пешачење за 35 минути. По овој мост ќе сообраќаат и нови автобуски линии кои дополнително ќе го намалат сообраќајниот метеж.

Од Град Скопје велат дека изградбата на ваков мост на реката Вардар во планската документација на Скопје постоела уште од 1965 година, но за жал, заради отсуство на визија за развој на градот и немање чувство за вистинските приоритети неговата изградба била одложувана за некои подобри времиња.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Николов: Здравство без хартија и модернизација на Клиничкиот центар во Скопје

Објавено пред

Здравство без хартија, модернизација на Клиничкиот центар во Скопје, и реконструкција на здравствените центри низ државата, вети Игор Николов, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Наместо да го задржат, продолжија да ги бркаат медицинарите и медицинскиот персонал. Наместо нов Клинички центар, никна паркинг за 200 возила во рамки на кампусот клиники „Мајка Тереза“. Наместо подобрување на лекувањето во јавното здравство, најдоходовните процедури ги изнесоа од системот, а устите им се полни со Европска унија“, кажа тој.

Токму затоа, додаде Николов, ВМРО-ДПМНЕ нуди програма, конкретни проекти и мерки.

„Фокусот во здравството ВМРО-ДПМНЕ го става подеднакво, како на пациентите, така и на медицинскиот персонал. Целта е навремена и соодветна здравствена услуга, задоволни пациенти, задоволен медицински персонал, медицински персонал кој ќе остане тука, а не да работи по здравствените установи во светот, а граѓаните во Македонија да нема кој да ги лекува“, рече Николов.

Некои од клучните аспекти на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова на Македонија“, истакна тој, се: воспоставување на целосно функционален концепт на здравство без хартија, кој подразбира целосна дигитализација на здравствениот и фармацевтскиот систем, формирање на национално координативно тело за здравство, кое ќе придонесе за оптимизација на здравствениот третман на пациентите и модернизација и функционална интеграција на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, Универзитетска градска болница „8-ми Септември“, модерна универзитетска Клиничка болница во Штип и реконструкција на здравствените центри во целата држава.

Прикажи повеќе...

Македонија

Спасовски на патот Раштак – Бутел: Досега инвестиравме речиси една милијарда во патната инфраструктура

Објавено пред

Претседателот на Владата, Оливер Спасовски денеска оствари работна посета на општините Бутел и Гази Баба и направи увид во работите за изградба и проширување на патниот правец Раштак – Бутел.

Во изјавата за медиумите, Спасовски истакна дека ни ова лето не запираат интензивните градежни активности, дури и во вонредни околности, во услови на пандемија не запираат работите на започнатите проекти и се започнуваат нови.

„Се гради низ целата држава, низ сите региони. Капиталните проекти продолжуваат со забрзана динамика. Градиме инфраструктура за сите, во околности во кои максимално водиме грижа за работниците на терен почитувајќи ги мерките за заштита. Тоа е нашата нова реалност, и на овој начин и помагаме на економијата во многу важен период. Досега инвестиравме речиси една милијарда евра во изградба и реконструкција на патната инфраструктура, а во план е да инвестираме дополнителни 2 милијарди во следните неколку години. Инвестициите во инфраструктурата се важни не само за брз и безбеден сообраќај, важни се затоа што отвораат нови работни места, влијаат на движењето на економијата и го подобруваат животот на сите граѓани“, ја истакна посветеноста на Владата во изградба на инфраструктура за сите премиерот Спасовски.

Тој образложи дека овој пат што ги поврзува општините Гази Баба и Бутел преку Раштак беше целосно оштетена и небезбедна сообраќајница.

„Граѓаните во овој регион најдобро знаат колку години се мачеа да патуваат по еден таков небезбеден пат.
Владата преку Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, даде поддршка за изградба и проширување на патниот правец Раштак – Бутел во должина од 5 километри во висина од 16,7 милиони денари. Патот ќе биде проширен со поставена нова асфалтна подлога, а ќе биде изграден и потпорен ѕид“, образложи премиерот Спасовски.

Тој објасни дека Владата на Северна Македонија на Општина Гази Баба и додели 40 милиони денари за изградба на уште два локални патишта со кои Општината аплицираше.

„За изградба на локален пат од Страчинци кон Виниче во должина од 2 километри и за изградба на локален пат од основното училиште во Булачани кон викенд населбата во должина од 1.100 метри. Овие три проекти ја потврдуваат грижата на Владата за секој човек, за секое населено место. Не правиме никакви разлики и вложуваме еднакво за сите граѓани. Ги развиваме руралните места и вложуваме во изградба на неопходната инфраструктура обезбедувајќи достојни услови за живот. Покрај овие патни правци извршивме целосна реконструкција на локалниот пат Јурумлери – Долно Лисиче – Драчево, каде од локален пат полн дупки кои при најмал дожд возилата не можеа да се движат по него, сега е целосно реконструиран со нова асфалтна подлога и целосно безбеден за учесниците во сообраќајот“, акцентираше премиерот Спасовски.

Тој на крај истакна дека денес, инвестициите во инфраструктурата, во патиштата, се инвестиции во подобрата поврзаност, инвестиции во развојот и за нова развојна македонска економија.

„Градиме за да ни се развиваат сите населени места подеднакво и за подобра поврзаност со останатите со што се обезбедуваат услови за силен локален економски развој“, потенцираше на крајот на своето обраќање премиерот Спасовски.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија20 минути

(Видео) Јанушев: Очекуваме победа и ќе коалицираме со оние што ќе ја прифатат нашата програма

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ, очекува победнички изборен резултат и мандат за формирање Влада, изјави генералниот секретар на партијата Игор Јанушев во интервју...

Топ1 час

Пронајдени 26 украдени велосипеди, приведени крадци во Скопје

Три лица се приведени под сомнение дека краделе велосипеди од подруми и станови во Скопје. Е.М.(24) и А.И.(22), двајцата од...

Топ2 часа

Сопственик на продавница им ветувал на купувачите дека ќе им ги прости долговите ако гласаат за СДСМ

Сопственик на продавница во Штип ветувал дека ќе им избрише долг на неколку лица ако на изборите гласаат за СДСМ,...

Регион2 часа

(Видео) Протестите во Белград поминаа мирно, се играше и оро

Во Србија се одржаа нови протести против мерките воведени поради епидемијата на коронавирус и против владата на Александар Вучиќ. По...

Македонија3 часа

Гласот за ДУИ е глас за ВМРО-ДПМНЕ, порача Оливер Спасовски од Тетовско

Граѓаните се сигурни со концептот едно општество за сите, гласот за ДУИ е глас за ВМРО-ДПМНЕ и тие се опасност,...

Свет4 часа

СЗО: Итно е потребно понатамошно истражување за пренoс на коронавирусот преку воздухот

Светската здравствена организација (СЗО) објави нови насоки за коронавирусот, кои признаваат некои извештаи за пренесување на вирусот преку воздухот, но...

Македонија5 часа

Италија забрани влез за граѓани од Македонија и уште 12 земји

Италија ги затвори своите граници за 13 земји, вклучително и за Македонија, сметајќи ги за најризични места за ширење на...

Македонија5 часа

Хоспитализирани се 412 заразени лица во земјата

Во моментов низ болниците во земјава, хоспитализирани се 412 лица кои се позитивни на ковид-19. На Инфективната клиника вкупно се...

Македонија5 часа

Мицкоски: Се обврзуваме на минимална плата од 18.000 денари која ќе расте со просечната

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски синоќа посочи дека до крајот на мандатот на владата на ВМРО-ДПМНЕ минималната плата ќе стигне...

Македонија16 часа

(Интервју) Најчевска: Уставниот суд носи скандалозни одлуки

За скандалозните одлуки на Уставниот суд, довербата во институциите, за максималното почитување на човековите права, заложбите за истополови бракови, декриминализација...

Македонија17 часа

Заев најави укинување на министрите без ресор и отворање агенции и директорати

Ќе градиме уште поотчетна и потранспарентна влада која ќе работи за народот, за унапредување на правата на сите граѓани, порача...

Македонија19 часа

Бојан Јовановски пријави 40 функционери и бизнисмени: „Ќе ме спречат само ако посегнат по мојот живот“

Осудениот во случајот „Рекет“ Бојан Јовановски преку писмо соопшти дека кривично ќе гони 40-ина функционери и бизнисмени порди злоупотреба на...

Македонија19 часа

Косово бара да се преиспита одлуката за влез во земјава со негативен тест

Косовскиот министер за здравство, Арменд Земај, побара од Македонија да ја преиспита одлуката за задолжителни тестови за влез на косовските...

Македонија20 часа

Турски државјани врзале чаршав и преку прозорец избегале од државен карантин во Скопје

Двајца државјани на Турција синоќа избегале од државен карантин во Скопје, со чаршав кој бил врзан како импровизирано јаже. Од...

Топ21 час

Скопјанец ја нападнал со секира својата сопруга додека спиела, а потоа бил пронајден мртов

Шеесет и едногодишен маж од Скопско утрово со секира ја нападнал својата сопруга додека таа спиела во семејниот дом во...

Македонија22 часа

168 новозаразени и тројца починати од Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.470 тестирања, а регистрирани се 168 нови случаи на...

Свет23 часа

Директорот на СЗО предупредува: Се забрзува ширењето на вирусот

Пандемијата на коронавирусот сè уште забрзува, а повеќето земји и натаму не успеваат да ја стават под контрола, предупреди директорот...

Регион23 часа

Србија воведува нови рестрикции поради коронавирусот, најстрого ќе биде во Белград

Во Србија, која веќе два дена е потресена од големи немири, донесени се нови мерки за превенција од коронавирусот. Како...

Регион1 ден

Без гушкање и бакнување, дозволен е само бакнеж на младенците – Хрватска воведува нови правила за свадби

Директорот на хрватскиот Институт за јавно здравје, Крунослав Чапак, истакна дека свадбите нема да бидат забранети и откри кои ќе...

Свет1 ден

(Видео) „Победата дојде“ – во болницата во Бергамо нема пациенти со Ковид-19 во одделот за интензивна нега

Во болницата „Папата Јован“ во Бергамо, Италија, нема повеќе пациенти со коронавирус на одделот за интензивна нега, и тоа 137...

Досие