Македонија
Умерено облачно време со температура до 23 степени

Денеска, во утринските часови сè уште локално ќе има зголемена облачност, но преку денот облачноста ќе се намалува, информира УХМР.
Во попладневните часови ќе преовладува малку до умерено облачно време со умерен ветер од југоисточен правец.
Утринската температура ќе биде во интервал од 4 до 12, а дневната од 18 до 23 степени.
Во Скопје сончево со мала до умерена локална облачност и со умерен ветер од југоисточен правец. Температурата од 8 до 23 степени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) Заев: Со поднесените амандмани, од ДУИ ни даваат сериозна причина за размислување

Неколку илјади поднесени амандмани од опозициската ВМРО-ДПМНЕ на законите за Академијата на судии и јавни обвинители, за јавнообвинителската служба и за измена на Изборниот законик, испраќаат нечесна и недржавничка порака, рече премиерот Зоран Заев во изјава за медиуми која ја даде по означувањето на стартот за проширувањето на скопскиот булевар „Никола Карев“.
Во врска со поднесените неколку илјади амандмани на измените на Изборниот законик за формирање една изборна единица, Заев истакна дека од ваквите измени најмногу ќе изгубат големите партии, како СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, но ќе добие државата.
„Ќе добијат сите партии, и со етнички предзнак и помалите партии, ќе добие демократијата. Поднесените 9.000 амандмани значат блокирање на овој процес и страв дека ќе има оформено мнозинство во Собранието да се донесе новиот изборен модел“, кажа премиерот.
За поднесените 5.000 амандмани од владиниот коалициски партнер ДУИ по однос на изборните промени, Заев рече дека тоа е сериозна причина за размислувања што ќе ги отвори СДСМ.
Прашан дали е можна нова коалиција, Заев само повтори дека ќе има сериозни размислувања.
Македонија
Алијансата за Албанците: ДУИ со 5.000 причини за нејзините неуспеси

Неконзистентноста и нестабилноста на ДУИ прави нејзините ставови да бидат определени како што дува ветерот за лични интереси, тоа е евидентно, дури и во нејзините ставови за измените на Изборниот законик, велат од Алијансата за Албанците.
Според нив, поднесените 5.000 амандмани од страна на ДУИ се 5.000 причини за блокирање на парламентарната расправа за измените на Изборниот законик.
„Од друга страна, приближувањето на ставовите и кодоставувањето на амандманите со ВМРО-ДПМНЕ е јасен показател за нивните идни соработки за блокирање на процесите, што прават разлика за целокупното добро, но секако на нивна штета! Алијансата за Албанците стои силно зад нејзиното барање за отворени листи како приоритет за изменување и дополнување на Изборниот законик, а заради потранспарентна одговорност пред гласачите, потребни ни се 8 изборни единици, што исто така значи и зајакнување на албанскиот глас! Ние како Алијанса сметаме дека измените во Изборниот законик се неопходни за предвремените парламентарни избори со цел да се зголеми бројот на пратеници што ќе го претставуваат гласот на Албанците во Собранието“, велат од Алијансата преку соопштение.
Македонија
Јанушев: Менување изборен модел четири месеци пред избори е доказ како Заев шарлатански ја води државата

Менување на изборниот модел на речиси неполни 2-3 недели пред избирање, односно составување техничка влада, која треба да ги спроведе изборите, од друга страна, на три, односно неполни четири месеци пред одржување на парламентарните избори, притоа без консензус на најголемите политички субјекти, уште еднаш само го покажува вистинското лице на Заев и на СДСМ во однос на тоа како шарлатански и хазардерски ја водат оваа држава, изјави генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.
Тој рече дека неговата партија поднела 600, а не илјада амандмани за Изборниот законик. Јанушев обвини дека власта сака да манипулира со помалите политички партии и дека од поднесените околу 6.000 амандмани од ДУИ се гледа дека, како што рече, всушност и внатре во коалицијата не се сите работи онакви какви што се претставуваат пред јавноста.
„И самите препораки од ОБСЕ, односно од сите оние што се надлежни да даваат забелешки и кои учествуваат и ги надгледуваат изборните процеси, кажуваат дека измена од ваков тип, каде што станува збор за измена на изборниот модел, не препорачуваат да се направи најмалку една година пред одржувањето на изборите. ВМРО-ДПМНЕ како и досега, а во интерес на граѓаните на Република Македонија, не ја затвора вратата, апсолутно сме отворени да седнеме со сите релевантни политички субјекти да разговараме и да најдеме начин во која насока треба да се движат овие измени по завршување на изборите на 12 април. Сега во овој момент сметаме дека е тотално надвор од сите логични норми, надвор од сите пракси што ги имаме во целиот модерен и развиен свет, да седиме и сега тоа да го правиме“, вели Јанушев.
- Забава3 месеци
Дошла на преглед поради постојан замор, а докторите ѝ рекле дека ќе умре за 72 часа
- Култура3 месеци
„Болка и слава“ на Алмодовар го отвора фестивалот „Браќа Манаки“, кинематограферот Алкаине гостин во Битола
- Книги2 месеци
Промоција на „Небо во кафез“ од Д.А. Лори
- Црна хроника2 месеци
Се урна тераса во Скопје – повредени татко и неговите три малолетни деца
- Hitech3 месеци
(Видео) Возач и совозач во „тесла“ спијат додека автомобилот вози со 100 на час
- Култура1 месец
Десет најчести прашања и одговори за програмата „Креативна Европа медиа“ на „Синедејс“
- Свет1 месец
(Видео) Полицаецот кој го уапси синот на Ел Чапо убиен со 150 куршуми
- Македонија3 дена
Јовановски до Камчева: Се сеќавате ли дека подготвувавте посебни вечери за мене