Контакт

Македонија

Управниот суд одби тужби поднесени од Алијанса и Интегра

Објавено пред

Четириесет тужби поднесени од Алијанса за Албанците и Алтернатива се одбиени попаднево од страна на Управниот суд, а досега, според информации од судот, одбиена е и една тужба од политичката партија Интегра.

Алијанса за Албанците и Алтернатива поднеле 75 тужби по одбивањето на приговорите од страна на ДИК. Од судот преку соопштенија денеска информираа дека тужба поднела и Социјалдемократската унија, а 101 тужба на адреса на судот пристигнале од партијата Левица.

Рокот за поднесување тужби до Управниот суд е 24 часа откако политичките партии ќе ги добијат решенијата од Државната изборна комисија по приговорите за парламентарните избори.

Македонија

Собранието го избра Насер Зибери за народен правобранител

Објавено пред

Иако Насер Зибери не успеа да стане да стане првиот премиер Албанец, се избори за функцијата Народен правобранител. Го предложи ДУИ, а Собранието го изгласа со 61 глас „за“ без против и воздржани, при што беше запазен принципот на бадентерово мнозинство.Пратениците од Алијансата за Албанците и од ВМРО-ДПМНЕ не беа присутни во салата и не го поддржаа изборот Зибери да стане бранител на правата на граѓаните пред државните институции.

Зибери во јуни за време на парламентарните избори ДУИ го промовираше како кандидат за прв премиер Албанец, но подоцна во преговорите со коалицискиот партнер СДСМ, пропадна оваа идеја. Заев и Ахмети се договорија да има само Албанец вицепремиер и оваа функција ДУИ му ја довери на Артан Груби.

На денешната расправа на собраниска седница албанската опозиција остро се противеше на предлогот Зибери да стане омбудсман, бидејќи според нив зад изборот се крие политички пазар помеѓу коалициските партнери.

„Ако го земеме предвид фактот дека си имаме работа со фигура за која најмалку може да се рече дека не е политичка поради тоа што пред само 6 месеци беше кандидат за премиер на политичка партија, а денеска ни доаѓа како предлог на таа политичка партија во Собранието“, рече Сурија Рашиди, пратеник на Алијанса за Албанците.

И за опозициската ВМРО-ДПМНЕ не беше прифатлива кандидатурата на Зибери. Неговото побрзување со политиките на ДУИ, според нив фрла сомнеж дека тој ќе биде достоинствен бранител на правата на граѓаните.

„Народен правобранител е аполитична функција од Рим до денес, само кај нас се случуваат вакви преседани. Тука се бираат луѓе со знаење, со професионална кариера, а не бивши политичари, министри, пратеници. Овде се работи за меѓусебен пазар. СДСМ си помислил , да не обиде ДУИ да го реактивира прашањето за премиер, па ајде да му го дадеме местото народен правобранител“ рече пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова.

Зибери пред да стане политичар, бил новинар. Во 90-тите како кадар на ПДП влегува во политиката и во периодот од 1996 до 1998 станува министер за труд и социјална политика во Владата на Бранко Црвенковски. Бил пратеник во два собраниски состави. Повеќе од 10 години не беше активен во политиката, и работеше како нотар до минатата година , кога ДУИ го номинираше за прв премиер Албанец. За време на кампањата тој ветуваше мултиетничка химна, задолжително учење албански јазик, ветинг за сите, флексибилно работно време, консензуално одлучување со врзан потпис, 13 август денот на потпишувањето на Рамковниот договор да биде државен празник.

Заедно со Зибери, на конкурсот што го распиша Собранието се пријавија уште четворица кандидати, при што Ана Чичаковска веднаш ја повлекла кандидатурата. Така, како противкандидати на Зибери останаа Фехим Стафа, Сашко Костов и Светислав Јовановски. Тој доаѓа на предлог на ДУИ при што на Комисијата за избори именувања доби поддршка од мнозинството пратеници, а собранието на денешната седница го верификуваше неговиот избор.

Функцијата народен правобранител не е пополнет повеќе од еден месец , откако Иџет Мемети по 16 години на оваа функција, замина за член на Советот на јавни обвинители.

Според прописите, народниот правобранител се избира за време од осум години, со право на уште еден избор. Народниот правобранител, како што е пропишано со Уставот, ги штити уставните и законските права на граѓаните кога им се повредени од органите на државната управа и од други органи и организации што имаат јавни овластувања.

Прикажи повеќе...

Македонија

Царовска: Средношколците имаат право на матура, а МОН има обврска да им ја обезбеди

Објавено пред

Министерството за образование и наука има законска обврска да им обезбеди право на полагање државна матура на учениците, особено на оние што сакаат да продолжат во високо образование. Ова го нагласи министерската за образование и наука, Мила Царовска, одговарајќи на новинарско прашање за бојкотот на наставата од дел на средношколците.

„Од првиот ден откако сум во МОН, ние сме во континуирана соработка и разговори со Сојузот на средношколците. Тие имаат разни размислувања и разни барања. Последниот состанок беше пред една недела на кој утврдивме дека матурата оваа година се одвива во согласност со законот. Средното образование е задолжително во државата и токму затоа е важно да го почитуваме правото на учениците што сакаат да полагаат матура“, изјави Царовска.

На утринскиот состанок директорите на средните училишта информирале дека бојкотираат само некои од учениците.

„Важно е учениците да ги прочитаат и концепцијата за матура и законот и да одлучат на кој начин ќе полагаат матура оваа година. Министерство за образование и наука и општините што директно менаџираат со средните училишта имаат обврска да го обезбедат правото на учениците што сакаат да полагаат матура. Учениците што не сакаат да полагаат државна матура имаат можност да полагаат училишна матура. Токму таму има два предмета и проектна задача или оние што се во стручните училишта имаат можност да полагаат стручен испит, исто два дела – еден задолжителен предмет, еден изборен предмет и проектна задача. Затоа велам, државната матура е изборна, а наша обврска како Министерство е да го обезбедиме правото на полагање матура, особено на оние ученици што сакаат да го продолжат своето образование во високообразовни установи во нашата држава и надвор од неа. Минатата година бевме негативен исклучок во регионот и светот и наши ученици не успеаја да се запишат на високорангирани универзитети во светот“, рече Царовска.

Според податоците од училиштата, полагање матура имаат пријавено над 14.000 матуранти, а испитите ќе се одржат според концепцијата утврдена уште на почетокот на оваа учебна година.

Прикажи повеќе...

Македонија

Спасовски на средба со претставници на Македонскиот полициски синдикат

Објавено пред

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, имаше средба со претставници на Македонскиот полициски синдикат предводени од претседателот Марјан Кицев. На средбата се разговараше за можните предизвици и насоки во делот за подобрување на условите за работа на полициските службеници.

Спасовски потенцира дека Министерството за внатрешни работи го заврши својот дел од обврските во врска со почнувањето градба на новиот центар за странци во Стенковец, објект од особено значење со кој земјава ќе ги обезбеди стандардите на ЕУ за третманот на лицата странци до нивното формално регулирање на статусот во државата. Министерот Спасовски ги информира претставниците на Македонскиот полициски синдикат дека досега се реновирани над 50 објекти во МВР, а во моментот се работи на СВР Куманово, Ресен и на Ростуше и ова динамика ќе продолжи и понатаму сè со цел подобрување на условите за работа на вработените. На средбата, меѓу другото, министерот Спаосовски информира дека многу бргу ќе се почне со испорака на новите униформи за полициските службеници.

Од Македонскиот полициски синдикат изразија благодарност до министерот Спасовски за досегашната поддршка и посветеност во реализацијата на голем дел успешно завршени проекти, како и за заложбите на министерот за значително подобрените услови за работа на полицијата и полициските службеници.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија9 минути

Собранието го избра Насер Зибери за народен правобранител

Иако Насер Зибери не успеа да стане да стане првиот премиер Албанец, се избори за функцијата Народен правобранител. Го предложи...

Свет19 минути

Џонсон најави ублажување на рестриктивните мерки во февруари

Британскиот премиер Борис Џонсон бара начини за олеснување на некои рестриктивни мерки воведени за забавување на ширењето на Ковид-19, пред...

Топ1 час

Џудо-федерацијата лани му ја одзела лиценцата на тренерот осомничен за полови злоупотреби на ученички

Четириесет и шестгодишниот тренер по џудо од Прилеп, кој се сомничи за полови злоупотреби на малолетнички што му биле ученички,...

Македонија5 часа

Законот за лекови доби зелено светло, ВМРО-ДПМНЕ не гласаше

Измените на Законот за лекови и медицински помагала со кој се уредува набавката на вакцините од компанијата „Фајзер“ го помина...

Македонија5 часа

Шестмина починати и 63 новозаразени со Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 677 тестирања, а регистрирани се 63 нови случаи на...

Македонија6 часа

Пендаровски го потпиша указот за прогласување на Законот за попис

Претседателот Стево Пендаровски денеска го потпиша Указот за прогласување на Законот за попис на населението. Oд кабинетот на Пендаровски информираат...

Македонија6 часа

Царовска: Законска обврска е да ја организираме матурата за учениците кои се пријавија за полагање

Министерството за образование и наука има законска обврска да ја организира матурата за учениците коишто планираат да го продолжат образованието,...

Топ7 часа

Возач итно пренесен во болница откако со автомобил се забил во банкина кај „Мавровка“

Автомобил марка „пежо“ удри во банкината на крстосницата кај трговскиот центар „Мавровка“. Според очевидци, инцидентот се случил околу 11 часот...

Македонија8 часа

Новиот британски вид на коронавирусот не е детектиран според последните анализи на МАНУ

Министерството за здравство информира дека заклучно со 11 јануари 2021 година не е утврдено присуство на SARS-CoV-2 вирусот од Велика...

Топ9 часа

Казни од по 2.000 евра за скопјани затекнати на групна прослава во стан во Капиштец

Скопското основно јавно обвинителство поднесе предлог за казни од по 2.000 евра за лица кои не ги почитувале мерките против...

Свет9 часа

Во пукање во Индијанаполис петмина мртви, меѓу кои и бремена жена

Пет лица, вклучително и 19-годишна бремена жена, се убиени во пукање во северниот дел на Индијанаполис. Еден малолетник е тешко...

Топ9 часа

Притвор за тренер по џудо од Прилеп кој сексуално злоупотребувал малолетни ученички

Прилепското основно јавно обвинителство поведе постапка против маж на возраст од 46 години, за кој постои сомнение дека сторил продолжено...

Регион10 часа

Брисел денеска расправа за дистрибуција на вакцините за Западен Балкан

Министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ на денешниот состанок ќе разговараат за ажурирањето на стратегијата за дистрибуција...

Европа10 часа

Од денес заострени мерки во Австрија, задолжителна маската ФФП2

Откако дневниот број на новоинфицирани во Австрија остана на постојано високо ниво, но и поради појавата на британскиот вид коронавирус,...

Свет10 часа

Бајден ја укина одлуката на Трамп и си донесе своја – нема влез во САД

Претседателот на САД, Џо Бајден, повторно воведе рестрикции за влез во САД за повеќето луѓе кои не се Американци, а...

Свет11 час

Документарен филм од 2017 година фрла ново светло на приказната за потеклото на коронавирусот

Институтот за вирусологија во Вухан, познат по своите истражувања на вирусите кај лилјаците, веќе долго време се наведува како можен...

Спорт1 ден

Нова трагедија во Бразил – претседателот и четворица фудбалери на Палмас загинаа во авионска несреќа

Нешто повеќе од четири години од авионската несреќа и фудбалската трагедија на Шапекоенсе, од Бразил повторно доаѓаат вознемирувачки вести. „Си-Ен-Ен...

Спорт1 ден

Пораз од Белорусија за крај на катастрофалното СП за Македонија

Лошите десетина минути во второто полувреме беа доволни Македонија да ја забележи својот петти пораз во шест меча на Светското...

Македонија1 ден

Нови 183 случаи на Ковид-19 во Македонија, починале шестмина

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1466 тестирања, а регистрирани се 183 нови случаи на...

Регион1 ден

Детето од Хрватска кое почина од Ковид-19 развило многу редок синдром сличен на Кавасаки

Регионот го потресе веста дека 11-годишно момче починало во текот на ноќта на Клиниката за инфективни болести „Д-р Фран Михаљевиќ“...

Досие