Македонија
Условна казна за напаѓачот на Милевски
Обвинетиот за напад врз пратеникот и лидер на ЛДП, Горан Милевски, денеска ја признал вината и побарал втора шанса од судот и оштетениот.
Со одредувањето условна казна за напаѓачот, случајот е решен уште во првото рочиште. Лидерот на ЛДП за „Макфакс“ изјави дека е задоволен од пресудата.
„Секој има право на втора шанса, но треба да се знае дека насилството не е метод за решавање на проблемите“, рече Милевски. Исто така, тој посочи дека не побарал паричен надомест за нападот и додаде дека случајот е решен на обострано задоволство.
Првиот човек на ЛДП пред неколку недели беше физички нападнат на градскиот плоштад. Кога МВР објави фотографија, полицијата добила повеќе повици од граѓани што им помогнале да го идентификуваат напаѓачаот.
Виктор Јованов
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

