Македонија
Утре во Скопје посебен сообраќаен режим

Министерството за внатрешни работи информира дека утре, в недела, со почеток во 08.00 часот поради одржување на атлетска трка ќе биде спроведен посебен сообраќаен режим на подрачјето на град Скопје.
Трката ќе се одвива со следната траса на движење: стартно/целна позиција на ул.„Беласица“ пред трговскиот центар “Ист гејт мол“ , десно по бул.„Гоце Делчев“(десна коловозна лента),потоа повторно по бул.„Илинден“ (десна коловозна лента) се до крстосница со ул.„МАНАПО“ и назад по истата коловозна лента.
Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по околните сообраќајници.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
СДСМ објави 11 нови кандидати за градоначалници

Претседателот на Социјалдемократскот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на денешната прес-конференција, ја соопшти одлуката на Извршниот одбор на партијата која се однесува на давање согласност за кандидатури на градоначалници за претстојните локални избори.
Одлуката се однесува на кандидати за градоначалници за 1о општини, додека пред две недели беа објавени 19 кандидидати за градоначалници.
Во општина Пехчево кандидат за градоначалник ќе биде Златко Николовски, член на Централниот одбор. Во општина Босилово, Мариче Кармазичева. Понатаму за Куманово организацискиот секретар на СДСМ, Мартин Костовски. Во Карбинци Љупка Соколовска, во Василево, Ванчо Новоселски. Во Сопиште претседателот на општинската организација, Звонко Васев. Кандидат за градоначалник во Јегуновце ќе биде Дарко Блажевски, градоначалник во претходниот мандатот од 2017 до 2021 година. Во Охрид кандидат за градоначалник ќе биде претседателот на општинската организација,Асен Шајн. Во Демир Хисар, Златко Кузмановски, претседателот на општинската организација. Во Струмица, кандидат за градоначалник ќе биде претседателот на општинската организација, Марјан Даскаловски и во Дебарца исто така претседателот на општинската организација, Љупчо Паункоски.
Филипче изјави дека процесот на селекција, исто како и претходниот, ги следел истите критериуми, анализа на резултатите од анкетите, разговори со членови на општинските организации.
Македонија
Македонија на листата на држави со највкусна храна во светот

Популарниот гастрономски водич Taste Atlas објави листа од 100 држави со најдобра храна во светот, а Македонија е во првите 50.
Државата се наоѓа на 47 место на листата со просечна оценка од 4,16.
Целта на водичот е да препорача кои држави и градови треба да ги посетат љубителите на храна од врвен квалитет.
View this post on Instagram
На самиот врв се Грција, Италија, Мексико, Шпанија, Португалија и Турција.
Од земјите од регионот на 15 место е Србија, 17 е Хрватска, а на 33 место е Бугарија.
Македонија
„Пулс“ ќе се суди во Основниот кривичен суд Скопје, предметот е доставен

Основниот суд во Кочани денеска го достави предметот за пожарот во „Пулс“ во Основниот кривичен суд Скопје, согласно одлуката на Врховниот суд.
Врховниот суд го утврди Основниот кривичен суд Скопје како надлежен суд за постапка по обвинителниот акт за пожарот, во кој загинаа 62 лица, а повеќе од 200 беа повредени. Одлуката е донесена поради недостаток на доволен број судии од кривична област без законски пречки во основните судови во Штип и Струмица.
Основниот кривичен суд Скопје ќе распредели обвинителниот акт преку системот АКМИС. По приемот, обвинението ќе биде доставено до обвинетите, по што ќе почне да тече рокот од осум дена за приговор.
Јавното обвинителство на 13 јуни поднесе обвинение против 34 физички и три правни лица за кривично дело тешки дела против општата сигурност, со исклучок на еден обвинет за примање мито поврзано со издавање лажни лиценци за работа на објектот. Дел од истражните постапки за некои лица се прекинати поради недостаток на докази.
Републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски истакна дека постапката е прекината и за 11 лица, вклучително и двајца поранешни министри.