Македонија
Утре облачно време со дожд и температура до 11 степени

Времето утре ќе биде претежно облачно, на југ со сончеви периоди, а со повремен дожд претежно во северните делови од земјата. На планините врнежите ќе бидат од снег, а повремен снег ќе има понекаде и на повисоките места.
Во северните делови ќе дува слаб до умерен северен ветер, а слаб јужен во јужните делови од земјата. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 5, а максималната од 6 до 11 степени.
Во Скопје претежно облачно со повремен дожд, особено попладне. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Утре и в среда ќе преовладува променливо облачно време и особено на северозападот со повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места со повремен снег. Преку ноќта кон среда и в среда во северните делови на планините ќе се формира дополнителна снежна покривка, а мала снежна покривка ќе се формира и понекаде на повисоките места.
Од овој влажен бран врнежите ќе бидат пообилни на западот (над 25 л/24 ч), особено во ноќта кон среда и в среда претпладне кога во републиката ќе почне да дува и повремено силен северозападен ветер (над 65 км/час). Потоа следува период на стабилно и сѐ потопло време.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нормализиран сообраќајот на автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца, соопшти МВР

Министерството за внатрешни работи известува дека е пуштен за сообраќај автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Истиот поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025) беше затворен за сообраќај.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци

Во 21.25 часот сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци е нормализиран, соопшти АМСМ.
Сообраќајот во спротивниот правец ќе биде пуштен штом се создадат услови.
Македонија
МВР: Поради пожар, затворен за сообраќај автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025), затворен за сообраќај е автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Возилата се пренасочуваат кон Петровец.
МВР со апел до граѓаните, да не се упатуваат кон овој дел од автопатот се додека не се создадат услови за повторно пуштање на сообраќајот.