Македонија
Утре пристигнува првата пратка вакцини од Србија
Првата пратка вакцини од Србија за Македонија ќе пристигне утре на граничниот премин Табановце, соопшти Владата.
„Утре, 11 февруари, во 14 часот на граничниот премин Табановце премиерот Зоран Заев ќе ја пречека делегацијата предводена од претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, со која ќе пристигне и првата пратка на вакцини“, соопшти Владата.
Според претходни најави, Македонија ќе добие 8.000 дози од вакцината на „Фајзер/Бионтек“. Премиерот Зоран Заев кажа дека станува збор за сериозен чин на пријателство и најави дека вакцините ќе бидат платени по набавна цена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Битиќи: ВМРО-ДПМНЕ одби амандман за набавка на еколошки автобуси
Амандманот на државниот буџет за 2025 предложен од пратеници од СДСМ, со кој треба да се обезбедат 50 милиони денари за набавка на еколошки автобуси, кои треба да се поделат на општини со организиран јавен превоз, беше одбиен од заменик министерот за финансии и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ на собраниската комисија за финансирање и буџет.
Пратеникот на СДСМ Фатмир Битиќи во расправата по амандманот истакна дека во буџетот не се предвидени средства за набавка на еколошки автобуси, што беше образложение на власта за одбивање на амандманот.
„Основната лекција во креирање буџет е да има приходна и расходна страна, ако на приходната страна нема пари, не може да има трошок на расходната страна. Велите гледаме да купиме 120 автобуси, а ги нема ви буџетот, како 35 милиони за Мајка Тереза универзитетот, што ги најдовте, а во буџетот се предвидени одвај 100.000 евра“, рече Битиќи.
Тој истакна дека денеска тие шест еколошки автобуси, не изникнаа, тоа пред 5 години е влезено во програмирање, така се води држава, една партија почнува, друга ќе продолжи, тоа е нормален начин.
„Вашата градоначалничка во Скопје, требаше да купи 250 еколошки автобуси, па БРТ, за да денеска нема ни БРТ, ни еколошки автобуси, гледаме дали Белград ќе ни даде. Не само да кажуваме дека планираме, три години видовме во Скопје како се планира, и како не се купуваат 250 автобуси, порача пратеникот на СДСМ Фатмир Битиќи, на собраниската комисија за финансирање и буџет.
Македонија
Поради сообраќајна незгода, во прекин сообраќајот на патот Велес-Градско
Од 18:40 сообраќајот на регионалниот пат Велес-Градско е во прекин поради случена сообраќајна незгода, соопшти АМСМ.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
(Видео) Лукаревска: ВМРО-ДПМНЕ одби амандман на СДСМ за прочистување на Дојранското езеро
ВМРО-ДПМНЕ одби уште еден амандман на СДСМ, со кој беше предложено да се обезбедат средства за изградба на колекторскиот систем во општина Дојран. Овој проект е од суштинско значење и за санитарните и за еколошките услови во општината, особено за заштитата на водата во Дојранското езеро, рече пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, на комисијата за финансирање на буџет.
– Со овој колекторски систем ќе се овозможи собирање и прочистување на отпадните води, пред нивното испуштање со што ќе се спречи загадувањето на езерото и ќе се подобри квалитетот на водите, придонесувајќи за заштита на природната средина, рече Лукаревска.
Таа објасни дека со реализација на овој проект општина Дојран ќе го зајакне својот туристички потенцијал, ќе има позитивни економски ефекти, а ќе се зголеми и квалитетот на живот на локално население.