Македонија
Утре променливо облачно време со температура до 12 степени
Утре наутро ќе биде студено. Во текот на денот сончево со мала до умерена, а во источните делови повремено и значителна облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен по должината на Повардарието, информира УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од -7 до 1, а максималната ќе достигне од 4 до 12 степени.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 7 степени.
Во следните денови времето ќе биде стабилно, до сабота утринските температури ќе бидат зачително ниски, на повеќето места под нулата, а дневните ќе бидат во пораст, особено за време на викендот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСМ тврди: Има координирана операција за уривање на партијата од внатре
Криминалната власт ја започна последната фаза од кампањата – репресија врз СДСМ и политички прогон, велат од опозициската партија.
„По Декретот и забраната на слободата на говорот, сега сакаат да апсат. Се обидуваат да ја запрат борбата на СДСМ против криминалот и корупцијата на ВМРО и ЗНАМ, да ја замолчат опозицијата. Прва фаза, обвини ја СДСМ и нападни ја од надвор со лажни вести и од внатре. Втора фаза, забрана на говор. Трета фаза: репресија и политички прогон. Copy-paste сценарио по рецепт на СНС“, велат од СДСМ.
Според партијата, целта е јасна – заштита на криминалците во власта од кривична одговорност за скандалите со тендери кои секојдневно ги објавува СДСМ.
„Како што беа 161 тендер за една фирма вредни 5,3 милиони евра, 9 милиони евра за друга фира со двајца вработени, 1,2 милиони евра тендери од Пошта и многу други. Затоа: Власта ги заби канџите и презеде целосна контрола врз судството и обвинителството. Се води акција за медиумски напад врз СДСМ, постојано и секојдневно се бомбардира јавноста со лажни вести од кујните на ВМРО. Има координирана операција за уривање на СДСМ од внатре, преку поединци како Деспотовски и синхронизирани текстови на Героски за јавно напаѓање на партијата. И затоа се исплаќаат рати кон ЗНАМ за предавничка Резолуција преку тендери. Сега на сите им е јасно. Политичкиот прогон, репресијата и нарачаните судски пресуди се последни подготовки пред изборите наредната година и носењето мигранти. СДСМ нема запре, борбата против криминалот и корупцијата на ВМРО-ЗНАМ продолжува. Сите ќе одговарате. Работата не е завршена“, се наведува во соопштението.
Македонија
Најстудено на Шапка, утрово измерени -14 степени
Утрово најстудено е на Попова Шапка каде се измерени -14 степени, -12 во Mаврови Анови, -10 Крива Паланка, Берово, Kрушево, -6 Виница, Куманово, -5 Скопје-Петровец, Тетово, Прилеп, -4 Скопје-Зајчев Рид, Битола, Штип, Охрид, -3 Струмица, Велес, Кавадарци, Претор, -2 Демир Капија, 0 Гевгелија.
Денеска ќ биде сончево и студено со мала до умерена локална облачност. Наместа ќе има услови за провејување на снег. Ќе дува засилен до силен северен ветер.
Максималната температура ќе биде во интервал од -3 до 6 степени.
Во Скопје, сончево и студено со умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 3 степени.
фото/депозитфотос
Македонија
Празнично работно време на шалтерите на ЈП Водовод и канализација – Скопје
ЈП Водовод и канализација – Скопје ги известува граѓаните на град Скопје дека денеска (среда) шалтерите за наплата, шалтерите за рекламации, како и операторите во Дирекцијата на претпријатието ќе работат во периодот од 07:30 до 15:30 часот.
01.01.2026 година (четврток) е неработен ден.
Од 02.01.2026 година (петок), се продолжува со редовно работно време.

