Македонија
Утре сончево време со засилен ветер
Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, ќе дува умерен до засилен ветер, од северен и северозападен правец, информира УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 24 до 32 степени. УВ-индексот ќе биде 9.
Во Скопје ќе биде претежно сончево и топло. Ќе дува умерен до засилен ветер претежно од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 29 степени. УВ-индексот ќе биде 9.
Од утре следува сончево време со повторен пораст на дневната температура, но
со посвежи утра. За време на викендот локално ќе има појава на зголемена облачност
со услови за краткотраен дожд.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Снегот се натрупува, движењето по улиците низ Чаир и Бутел отежнато
Движењето на возилата по булевар „Христијан Тодоровски Карпош“ во Бутел е отежнато, а снегот се натрупува. Нема трага ниту од сол на патот, ниту од служби, велат жителите.
Македонија
Забрани за камиони на планинските превои Ѓавато, Пресека, Маврово – Дебар и Струга – ГП Ќафасан
Забрани за тешки товарни возила на планинските превои Ѓавато, Пресека, Маврово – Дебар и Струга – ГП Ќафасан, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Делови од Сопиште и Илинден денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека за денеска се планирани два прекини и тоа:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците на дел од село Добри Дол. (општина Сопиште)
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците во село Кадино кон црквата Св.Илија, улица 6. (општина Илинден)

