Македонија
Утре ќе дежураат три билетарници на ЈСП

Утре, среда, 15 јули, дежурни ќе бидат три билетарници на ЈСП.
Од 7 до 19:30 часот ќе работат билетарниците на Транспортен центар и Зелено пазарче, а од 7 до 13 часот, отворена ќе биде билетарницата во Ѓорче Петров.
Владата го прогласи утрешниот ден за неработен поради одржување на предвремените парламентарни избори.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Димитров и Османи во работна посета на Брисел

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров и министерот за надворешни работи Бујар Османи, од денеска ќе престојуваат во работна посета на Брисел, каде ќе имаат средба со Аугусто Сантош Силва, министер за надворешни работи на Португалија, земјата претседавач со Советот на ЕУ.
Во рамки на посетата предвидени се средби и со претставници на институциите на ЕУ, а на маргините на Советот за надворешни работи на ЕУ, кој се одржува истиот ден, планирани се и билатерални средби со повеќе министри за надворешни работи на земји членки на ЕУ.
Македонија
Училиштето во Стајковци ќе добие нова спортска сала

Со спортските сали во училиштата во Стајковци, Страчинци и Булачани, сите основни училишта во Општина Гази Баба добиваат услови за одржување на наставата по физичко како грижа на централната власт и на општината за младите, изјави премиерот, Зоран Заев, кој заедно со градоначалникот на Општина Гази Баба, Борис Георгиевски и директорката на основното училиште „Кирил и Методиј” во село Стајковци, Анита Ангеловска, направија увид на училиштето каде ќе започне изградба на нова спортска сала.
„Се радуваме на стартот на изградба на спортска сала во основното училиште „Кирил и Методиј“. Кога ќе биде завршена само во сеќавање ќе останат деновите кога учениците од ова основно училиште наставата по физичко ја одржуваа во пренаменета училница или надвор, во дворот на училиштето. Со овој капитален проект конечно се решава овој проблем и учениците добиваат спортска сала според сите стандарди“, рече Заев.
Проектот за салата го подготви општината и во својот буџет обезбеди средства за почеток и изградба. Вкупната вредност на инвестицијата за изградба на салата во Стајковци е 17 милиони денари.
Салата е проектирана на површина од 430 метри квадратни со висина од 6,7 метри и во неа ќе може да се игра кошарка, ракомет, мал фудбал, одбојка, пинг-понг, гимнастички спортови. Салата располага со две соблекувални и помошен простор.
Покрај спортската сала се предвидува и изградба на дополнителна просторија за физичко и во подрачното училиште „Кирил и Методиј“ во Страчинци.
Македонија
Казнети 48 возачи во Липково

Полицијата за еден ден казнила 48 возачи во Липково.
Полициски службеници денеска спроведоа засилена акциска контрола за санкционирање на возачите што не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи на територија на општина Липково.
Санкционирани се 48 возачи, од кои 35 за возење со брзина над дозволената, а пет за возење без возачка дозвола.
„Министерството за внатрешни работи продолжува со засилените акциски контроли во сообраќајот. Апелираме до учесниците во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за поголема безбедност на патиштата“, се наведува во соопштението.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија2 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија1 месец
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот