Контакт

Македонија

Утре ќе се прска против комарци во Скопје

Објавено пред

Градот Скопје ги известува граѓаните дека во текот на утрешниот ден, на подрачјето на град Скопје, ќе се врши авионска и терестрична дезинсекција против ларви од комарци.

Авионската дезинсекција (втора фаза) против ларви од комарци ќе се врши во раните утрински часови, а терестричната дезинсекција (втора фаза) ќе се реализира во текот на денот.

Доколку временските услови не го дозволуваат прскањето, авионската дезинсекција ќе се изврши првиот нареден ден кога временските услови ќе бидат поволни во истиот термин.

Македонија

(Видео) Пендаровски: Интензивирање на борбата против организираниот криминал и корупцијата и владеење на правото како врвен приоритет

Објавено пред

Претседателот Стево Пендаровски се обрати на Регионалната Универзитетска школа за безбедност на тема „Надворешните актери и нивното влијание на регионалната безбедност и евроинтегративниот процес на Западен Балкан“, која се организира шеста година по ред од страна на Фондацијата „Конрад Аденауер“ со Универзитетот „Свети Климент Охридски“, а е поддржана од Центарот за европски студии Вилфред Мартенс од Брисел.

Toj во своето обраќање зборуваше за позитивните аспекти на фразата ,,влијанието на надворешните актери врз безбедноста на регионот” за која рече дека првата асоцијација, особено во популарниот жаргон и во медиумите е негативна.

„ Северна Македонија неодамна ја одбележа првата годишнина од своето членство во НАТО и тоа за мене е без дилема, клучното стратешко и надворешно-политичко достигнување на земјата по приемот во Организацијата на Обединетите Нации“, рече претседателот Пендаровски.

Тој потсети на некои настани од изминатите 30 години од нашата независност: турбулентниот период на осамостојувањето и избегнување на лавиринтот на војните во поранешна Југославија, конфликтот во 2001, па се до нападите на столбот на демократијата – Парламентот, во два наврати, во 2012 и 2017-та.

„ Само 3,5 години по конфликтот станавме земја-кандидат за членство во ЕУ и само една година по обидот за рушење на уставниот поредок во 2017 добивме покана да станеме членка на НАТО. Ваквата брза консолидација ќе беше невозможна без подршката на нашите стратешки партнери од НАТО, Европската Унија и Соединетите Американски Држави“, потенцираше Претседателот.

Тој подвлече дека надворешната асистенција во развојот на нашата демократија беше најделотворна кога постоеше кохезија и синхронизација од двете страни на океанот, во трансатлантската заедница и кога присуството на Соединетите Американски Држави беше поизразено на Балканот. Претседателот нагласи дека и преостанатите крупни прашања и проблеми на Западниот Балкан не можат да бидат решени ако Европа и Америка не го кренат нивото на взаемна координација.

Претседателот Пендаровски рече дека европските интеграции нудат долгорочна перспектива за регионот и ќе биде трагично ако тие интеграции бидат попречени, не толку од Европската Унија, колку од самите нас, во регионот, преку анахрони историски интерпретации.

„ Неодамна реков дека додека ние балканските народи во 21 век сé уште разговараме за историјата, милиони млади луѓе ни заминаа да ја бараат својата шанса во државите каде што историјата е присутна во книгите, а не како кај нас, во политиката и на улиците“, нагласи Претседателот.

Во овој контекст, претседателот Пендаровски рече дека со посебна загриженост гледа на серијата нон-пејпери, кои заговараат ново менување на границите на Балканот и чија логика е да продуцираат повеќе регионална нестабилност, отколку она што е наводно првичниот план на креаторите на овие идеи – регионална стабилност.

„ Ако интеграциите траат со години и при тоа никој не може да даде ниту приближна оценка кога преговорите би завршиле и наместо интеграции почнуваат да циркулираат вакви предлози чија имплементација сигурно не носи во конфликт, тогаш е логично нашите граѓани да покажуваат интерес и за други опции“, рече претседателот Пендаровски.

Претседателот нагласи дека неколку истражувања на јавното мислење и кај нас и во регионот, покажуваат дека опаѓа подршката за западно ориентираните организации и земји и за прв пат после три децении, расте поддршката за некои други регионални организации и поинакви модели на управување.

Тој порача дека како држава мораме да разбереме дека најдобриот начин за одбрана од овие малигни стратегии е засилување на нашите домашни референци, а тоа значи, интензивирање на борбата против организираниот криминал и корупцијата и владеење на правото како врвен приоритет.

„ Само со јакнење на демократските стандарди, транспарентноста на институциите и развојот на поинаква политичка култура на толеранција и градење на консензус ќе создадеме амбиент во кој позитивното влијание на бенигните надворешни актери ќе се чувствува повеќе“, порача претседателот Пендаровски во обраќањето.

Прикажи повеќе...

Македонија

Дипломат од руската амбасада во Македонија прогласен за непожелна личност

Објавено пред

Министерството за надворешни работи одлучи да прогласи еден дипломат од руската амбасада за непожелна личност и тој треба да ја напушти земјата во рок од седум дена.

Како што соопшти македонското МНР, на 14 мај бил повикан амбасадорот на Руската федерација, при што била врачена нота со која се наложува на посочениот дипломат да ја напушти земјата.

Министерството нагласува дека одлуката е донесена во согласност со членот 9 од виенската конвенција за дипломатски односи.

Прикажи повеќе...

Македонија

Зоолошката градина во Скопје побогата за шест пингвини од Русија

Објавено пред

Во Зоолошката градина во Скопје пристигнаа шест нови пингвини од Русија, од кои три мажјаци и три женки.

Пингвините пристигнаа вчера, и, како што беше соопштено од Зоолошката градина, тие се прилагодуваат на новите услови.

По пристигнувањето во Скопје, ставени се во краток карантин.

„Пингвините се добро и супер се адаптираат. По пристигнувањето на скопскиот аеродром, веднаш се препуштија на уживање во внатрешниот базен, а по краткиот карантин, ќе го отвориме и надворешното живеалиште“, велат од скопската Зоолошка градина.

Најавено е дека дополнително ќе бидат објавени повеќе информации за возраста, имињата и карактеристиките на животните.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија13 минути

Дипломат од руската амбасада во Македонија прогласен за непожелна личност

Министерството за надворешни работи одлучи да прогласи еден дипломат од руската амбасада за непожелна личност и тој треба да ја...

Македонија1 час

Џамбаски го критикува хрватскиот претседател поради Македонија: „Тој зазема страна во спорот, ова е антибугарска кампања“

Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски остро го критикуваше хрватскиот претседател Зоран Милановиќ, кој, како што рече, ја обвини Софија за мешање...

Топ2 часа

Тешка сообраќајна несреќа синоќа во Скопје, неколку лица завршија во болница

Синоќа во 23:50 часот, десетина минути пред почетокот на полицискиот час, во Скопје се случила тешка сообраќајна несреќа на  крстосницата кај...

Македонија4 часа

Пристигна нова пратка од 9.360 дози вакцини на „Фајзер“

Министерството за здравство соопшти дека вчера во нашата земја стигнаа 9.360 дози вакцини од производителот „Фајзер“. „Од нив 4.680 се...

Свет4 часа

(Видео) Израел го гранатираше Либан, поради одмазда истрела 22 гранати

Израелската армија ја гранатираше територијата на Либан како одмазда за истрелувањето на неколку ракети од нејзината територија кон Израел. Шест...

Македонија4 часа

Пендаровски и бугарскиот претседател заедно ќе заминат во Рим на чествувањето на Кирил и Методиј

Претседателот Стево Пендаровски и бугарскиот претседател Румен Радев заеднички ќе оддадат почит на делото на светите браќа Кирил и Методиј...

Свет5 часа

Денеска во Брисел вонреден состанок на ЕУ за конфликтот во Газа

Министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ денеска во Брисел ќе одржат вонреден состанок на кој ќе биде...

Свет5 часа

Во налет на циклонот во Индија загинаа најмалку 21 човек, исчезнати се 96 луѓе

Најмалку 21 човек загинаа, а 96 се водат за исчезнати во голем удар на циклон во западна Индија, носејќи им...

Свет5 часа

Израел ја уништи единствената лабораторија за испитување коронавирус во Газа

Со денови се интензивираат судирите меѓу Израел и Палестина, а во еден од нападите на Појасот Газа израелските сили ја...

Свет5 часа

Испалени над 90 ракети од Појасот Газа кон Израел

Во текот на ноќта од Појасот Газа беа истрелани околу 90 ракети кон Израел, објави израелската армија. Се наведува дека...

Регион18 часа

Лидерите на Западен Балкан со заедничка декларација: Итен почеток на преговорите со Скопје и Тирана

Декларацијата усвоена од лидерите на Процесот „Брдо – Бриони“ на самитот укажува на важноста од брзото проширување на ЕУ за...

Македонија19 часа

Хрватскиот претседател: Членка на ЕУ навлегува во интимниот простор на Северна Македонија

Претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ, најави дека ќе се спротивстави на условите што ги поставува Бугарија за почеток на преговорите...

Македонија19 часа

Заев: Следните парламентарни избори ќе се одржат во 2024 година, нема да има предвремени

Премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев, изјави дека предвремени парламентарни избори нема да има и дека следните ќе се...

Европа19 часа

ЕМА: Вакцината на „Фајзер“ може да се чува во обичен ладилник до еден месец

Европската агенција за лекови (ЕМА) препорача да се продолжи времето на чување на вакцините на „Фајзер/Бионтек“ на стандардни температури во...

Македонија22 часа

Денеска се регистрирани 27 нови случаи на Ковид-19, починати се 19 лица

Министерството за здравство информира дек во последните 24 часа се направени 1.314 тестирања, а регистрирани се 27 нови случаи на...

Економија1 ден

Oд полноќ се намалува цената на еуросупер БС-95 и на мазутот

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати...

Свет1 ден

Индија почна со дистрибуција на свој лек против коронавирус

Индија почна со дистрибуција на нов, домашен лек за лекување на симптомите од Ковид-19. Властите го одобрија лекот 2-ДГ, кој...

Македонија1 ден

Захариева: Властите во Македонија ќе направат сѐ што можат Бугарите таму да се сѐ помалку

И Европа и ние ќе го следиме пописот во РСМ и очекуваме да се спроведе според сите европски стандарди и...

Свет1 ден

(Видео) Тврдат дека Израел фрлил забранета бомба врз Газа, од која се топи човечко месо

На социјалните мрежи се шири видео со ракетирање на Појасот Газа, за кое се тврди дека е доказ дека Израел...

Свет1 ден

СЗО: Животниот век на работниците загрозен по пандемијата на коронавирусот

Премногу долгото работно време е смртоносно за стотици илјади луѓе во светот и ова е тренд што може да се...

Досие