Контакт

Македонија

Утро со температури под нулата во целата држава

Објавено пред

Најстудено утрово е во Берово и во Маврово со -13 Целзиусови сетепени.

На Попова Шапка се измерени -12, во Крива Паланка -11, Скопје и Битола -10, во Штип, Куманово, Демир Капија, Дебар и во Крушево -9, во Тетово, Прилеп и во Струмица -8, Охрид -7, Гевгелија -5 и Дојран -4.

Највисока снежна покривка има на Попова Шапка – 43 сантиметри, во Маврово е 38, а во Крушево осум, информира Управата за хидро-метеоролошки работи.

Времето денеска ќе биде сончево и студено со слаб ветер од северен правец.

Максималната температура ќе достигне од 0 до 8 Целзиусови степени.

Во Скопје сончево и студено со максимална температура до 4 степени.

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Наместо СДСМ да лаже за Пецаков, да каже зошто кријат дека Зечевиќ без заштита ширеше корона за Водици во Охрид

Објавено пред

СДСМ крие дека Зечевиќ бил позитивен и ширел зараза во Охрид, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„ СДСМ додека ја замајува и лаже јавноста за охридскиот градоначалник Кирил Пецаков, нивниот генерален секретар Миле Зечевиќ на 19 во Охрид за време на Водици, без заштита, без маска ширеше корона меѓу охриѓани.

Миле Зечевиќ и официјално е позитивен на коронавирусот од 2 јануари, што значи дека претходниот ден ширел корона меѓу охриѓани, велат од партијата.

Оттаму ја повикуваат директорката на центарот за јавно да го осуди неодговорното постапување на Миле Зечевиќ.

„Да се оттргне од партиските канџи на СДСМ и наместо како портпаролка на власта нека постапи совесно и нека побара кривична пријава за Зечевиќ. СДСМ напаѓајќи го и фингирајќи случај против градоначалникот Кирил Пецаков само докажува дека се неспособни да се справат со короната која однесе над 8 илјади животи“, нагласуваат од опозициската партија.

Прикажи повеќе...

Македонија

Укината забраната за камиони на Стража

Објавено пред

Од 8:40 часот е укината забраната за тешки моторни возила на патниот правец Кичево – Гостивар на превој Стража, соопшти АМСМ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Утре без струја делови на Аеродром, Центар и Сопиште

Објавено пред

Од ЕВН Македонија известувaaт дека утре поради закажани технички зафати во мрежата, без електрична енергија ќе останат:

во време од 9:00 – 15:00 часот Бензинска станица Окта на бул. Трета македонска бригада, неколку помали објекти на крстосницата Трета македонска бригада до бензинска Окта во правец кон Центар, неколку помали објекти на раскрсница Трета македонска бригада со ул. Коста Новаковиќ, бул. Трета македонска бригада бр. 31-Б, ул. Пандил Шишков бр. 24 и бр. 26 и ул. Коста Новаковиќ бр. 1-А (о. Аеродром);

во 9:00 – 16:00 часот дел од с. Долно Лисиче – ул 1 од пругата до Маркет ДИМ (о. Аеродром);

од 10:00 – 12:00 часот кула 22 и зграда бр. 18 од Градски ѕид на ул. Димитрија Чуповски (о. Центар) и

во време од 12:00 – 13:00 часот дел од ул. 24 во Сопиште (о. Сопиште).

Прикажи повеќе...

Најново

Свет27 минути

По САД и Британија повлекува дел од персоналот во амбасадата во Киев

Велика Британија почна да го повлекува персоналот од амбасадата во Украина поради предупредувањата за руската инвазија. Според извештајот, официјалните лица...

Свет1 час

Kазнети 3.600 долари зашто на една минута го напуштиле карантинот

Тајванските здравствени власти казнија индонезиски рибари со 3.610 долари затоа што ги напуштиле хотелските соби за време на карантин за...

Свет2 часа

СЗО најавува крај на пандемијата во Европа

Сојот омикрон на коронавирус, кој би можел да зарази 60 отсто од Европејците до март, започна нова фаза на пандемијата...

Македонија13 часа

Локализиран пожарот во „Жито Битола“

Локализиран е пожарот што избувна околу 17 часот во „Жито Битола“. Пожарникарите остануваат на терен, до целосно гасење на огнот....

Македонија14 часа

Нови 1.424 случаи на коронавирус, починаа 20 лица

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 5.604 тестови, а регистрирани се 1.424...

Свет16 часа

НАТО испраќа се’ повеќе оружје во Украина

Во последните денови, членките на НАТО испраќаат оружје и воен персонал во Украина, како и во блиските европски земји, во...

Македонија18 часа

„Преговорите ги диктира Софија, ова е пазар дипломатија“ – опозицијата со критики за начинот на кој Владата преговара со Бугарија

Остри критики за начинот на којшто се водат преговорите со Бугарија упатија говорниците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ на трибината насловена „Заштита...

Економија21 час

Ковачевски: Сите работници кои работат во недела мора да добиваат најмалку 50 отсто повисока дневница

„Денешната посета на „Дура Аутомотив Системс“ е одлична можност да се види како изгледа примената на законското решение „Недела неработен...

Топ22 часа

Прегазен малолетник на улица во Тетово, возачот избегал

Седумнаесетгодишно момче било прегазено од автомобил вчера на улицата Благоја Тоска во Тетово. Возачот кој управувал со возилото избегал од местото,...

Свет22 часа

Директорот на „Фајзер“: Годишните вакцини против ковид би биле подобри од честите бустери

Алберт Бурла, извршен директор на компанијата „Фајзер“, рече дека годишната вакцинација против короната би била подобра опција од почестите засилувачки...

Регион24 часа

Вучиќ добил список со седум лица кои му спремале атентат

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, синoќа се обрати до јавноста по обелоденувањето на веста дека бил подготвуван атенатат врз него....

Македонија1 ден

Пецаков да одговара што не се изолирал додека чекал резултати од тестот за ковид, порача владејачката партија

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков додека чекал резултати од тестот за коронавирусот наместо да се изолира, свесно присуствувал на јавен...

Македонија2 дена

Пред да почине Рахимовски се јавил кај пријател во Македонија, се договориле да го пречека на скопскиот аеродром

Аки Рахимовски утрово планирал патување во Македонија и посета на мајка си. Тој телефонски разговарал со пријателот Здравко Ситновски во...

Македонија2 дена

Нови 1.913 случаи на коронавирус во Македонија, починаа 21 лице

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 7.219 тестови, а регистрирани се 1.913...

Македонија2 дена

Млад пациент доби срце, а кај двајца се трансплантираат бубрези од починат донор

Млад пациент доби срце, а кај двајца пациенти на дијализа се трансплантираат бубрезите од лице кое почина од мозочна смрт....

Регион2 дена

Почина Аки Рахимовски од „Парни Ваљак“

Пејачот на групата Парни Ваљак, Аки Рахимовски почина на 66-годишна возраст. Веста за смртта беше објавена и на официјалната страна...

Македонија2 дена

Стоилковски извади списоци: „Паркинг не плаќале стотици функционери од Демократскиот сојуз, СДСМ и ДУИ“

Стотици автомобили на функционери од власта и членови на Демократскиот сојуз, на СДСМ, на ДУИ биле ослободени од плаќање паркинг...

Македонија2 дена

Пецаков вели дека не се изолирал и на Водици излегол оти побарал тест заради патување

Градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков вели дека не се изолирал по тестирањето за Ковид-19 и на Водици излегол да ја...

Македонија2 дена

Родители бараат укинување на задолжителното носење маски во училиштата

Иницијативата „Стоп за носењето маски во училиштата“ која обединува 12.000 родители, преку допис до медиумите тврди дека имаат поддршка од...

Свет2 дена

Првата пратка на американско оружје пристигна во Украина

Првата пратка оружје од американскиот пакет безбедносна поддршка за Украина во вредност од 200 милиони долари пристигна во Киев, соопшти...

Досие