Контакт

Македонија

Филипче: Ако се влоши состојбата, имаме две резервни сценарија за учебната година

Објавено пред

Во случај на влошување на епидемиолошката состојба, МОН по проценка на Комисијата за заразни болести, за реализација на наставата има две резервни сценарија со кои ќе се заштити и зачува здравјето на учениците и наставниот кадар, напиша министерот за здравство, Венко Филипче, на „Фејсбук“.

Тој додава дека здравјето на учениците е приоритет, како физичкото така и менталното и дека земјата учебната година ја започнува со настава со физичко присуство, налик на земјите во регинот.

Филипче уверува дека наставата ќе се одвива под јасно утврдени здравствени протоколи.

„Во Србија наставниот процес ќе почне редовно, на 1 септември, часовите ќе траат по 45 минути, со полн капацитет на училниците. Учениците ќе носат маски само додека одговараат, додека вакцинираните наставници нема да бидат обврзани да носат заштитна маска, сè додека одржуваат соодветно растојание од учениците. Протоколот подготвен од бугарското Министерството за образование предвидува маските во училниците да бидат задолжителни за сите ученици во основно образование, доколку се наоѓаат во епидемиолошки ризична средина, односно област во жолта, црвена или темно црвена зона. Границата за преминување на онлајн настава ќе биде доколку 10 отсто од учениците се заразени. Во Хрватска, планот за одржување на наставата ќе се настојува да се одвива целосно во училниците. Хрватскиот завод за јавно здравство препорача вакцинација на деца постари од 12 години со хронични болести, за оние кои во семејството имаат таков член, за постарите средношколци и оние кои учат во здравствена, угостителска, туристичка насока и услужни дејности“, напиша Филипче.

Тој апелира родителите на децата што одат во училиште и градинка да се вакцинираат, за да го заштитат семејството од ширење на болеста.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Заврши големата меѓународна вежба во организација на НАТО и Центарот за управување со кризи

Објавено пред

Денеска попладне (23.4.2021) заврши големата меѓународна вежба „Северна Македонија 2021“, во организација на НАТО ЕАДРЦЦ – Евроатлантскиот центар за координација на одговор при катастрофи (EADRCC) и Центарот за управување со кризи (ЦУК) од областа на кризниот менаџмент.

Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, заедно со директорите на вежбата од страна на НАТО и од змјата домаќин, Вим Ванхеим и Урим Вејсели, одржа кратки поздравни говори и ги доделија сертификатите на земјите учеснички.

Станува збор за вежбовна активност од големи размери, настан што инволвира повеќе од 700 учесници од земјава и странство, во која, покрај Република Северна Македонија, учествуваат 27 земји (вкупно 28) и 17 невладини организации од истите земји.

Прикажи повеќе...

Македонија

Македонија лидер во зелената енергетска трансформација во Западен Балкан, изјави министерот Бектеши во Варшава

Објавено пред

Енергетскиот сектор во Република Северна Македонија е еден од најзначајните сектори за развој на економијата и е приоритет за Владата за обезбедување сигурно снабдување со енергија, економски раст и придвижување кон зелената економија. Како држава кандидат за полноправно членство во Европската Унија сме исправени пред предизвиците за ефикасното спроведување сериозни реформи во економскиот сектор, од кои особено значење има енергетиката, а како членка на Енергетската заедница ја следиме енергетската политика на ЕУ, со што целосно ги имплементиравме директивите и регулативите на ЕУ за енергетика.

Ова го истакна министерот за економија, Крешник Бектеши, на министерскиот состанок на Партнерство за трансатлантска енергија и климатска промена (P-TECC), кој во организација на Министерството за енергија на Соединетите Американски Држави и Министерството за клима и животна средина на Република Полска се одржа денеска во Варшава, Република Полска.

Министерот во своето излагање за реформите кон зелена енергетска транзиција на Северна Македонија истакна дека новиот Закон за енергетиката е целосно усогласен со ЕУ-регулативите, како и со Енергетската заедница, и овозможува реализација на новата Стратегија за развој на енергетиката до 2040 година и Националниот план за клима и енергија, кој се чека на усвојување.

„За овие наши активности, Енергетската заедница ги пофали нашите напори и посветеноста за сето она што го направивме во енергетскиот сектор кон целосна енергетска трансформација во зелена енергија како прва земја во Западен Балкан што го стори сето тоа“, рњче министерот Бектеши.

Министерот информира дека Стратегијата за развој на енергетиката до 2040 година беше донесена на крајот на 2019 година и разработува три сценарија – референтно сценарио, сценарио со умерена транзиција и зелено сценарио, кои одразуваат разна динамика на енергетска транзиција и овозможуваат флексибилност на земјата да одговори на соодветните политики за управување во ЕУ кон модерна, конкурентна и климатски неутрална економија до 2040 година.

„Интегрираните резултати од зеленото сценарио од енергетската стратегија во 2025 година покажуваат значаен напредок кон енергетската транзиција. Според ова сценарио, во 2025 година се предвидени заштеди во финалната потрошувачка на енергија од 12,7 %“, рече министерот Бектеши и додаде дека Националниот план за енергија и клима ја става Северна Македонија како прва членка на Енергетската заеница која изработи ваков документ.

Со тоа ја покажуваме сериозната заложба на земјата да биде во чекор со европските енергетски и климатски трендови, рече министерот Бектеши во своето обраќање пред министрите и високите претставници од 25 земји, што присуствуваа на министерскиот состанок.

„Вкупната вредност на инвестициите во енергетскиот сектор, предвидени со Стратегијата за развој на енергетиката 2021 – 2025, изнесува околу 4,2 милијарди евра и се однесуваат на покрупни инфраструктурни проекти, кои претставуваат дел од вкупно предвидените инвестиции во енергетскиот сектор на Северна Македонија. Од друга страна, планираните јавни инвестиции во енергетиката во периодот 2021 – 2025 година изнесуваат околу 390 милиони евра, што укажува дека јавните инвестиции во секторот енергетика се мали по обем и дека придонесот на другите извори на финансирање ќе биде клучен за реализација на Стратегијата за енергетика“, потенцира министерот Бектеши.

Министерот на крајот потенцира дека иницијативата за конкурентна и климатски неутрална економија на секоја земја почнува од нашето размислување за тоа како ќе изгледа иднината.

„Важно е какви мерки преземаат владите и дали ќе бидат доволно добри за да ги заштитат нашето здравје и благосостојбата, како ќе се оживее економијата, каква ќе биде нашата понуда, на чија поддршка можеме да сметаме, како ќе се променат потребите за мобилност и на крајот каква улога може да одигра секој од нас. Земјите од Западен Балкан имаат можност да донесат храбра одлука за движење напред кон одржлива декарбонизирана иднина и да го искористат потенцијалот на регионот за поздрава животна средина“, рече министерот Бектеши.

Во рамките на министерскиот состанок министерот Бектеши оствари билатерална средба со министерот за клима и животна средина на Република Полска, Михал Куртика. На средбата двајцата министери ги истакнаа своите силни заложби за продлабочување на соработката во делот на енергетиката помеѓу двете земји.

Министерот Бектеши ги презентира проектите во делот на обновливи извори на енергија, кои е предвидено да се реализираат во Северна Македонија во наредниот период, а кои се голема можност за инвестиции од страна на полските инвеститори.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Сопругата на Пендаровски се вклучи во одбележувањето 30 години од глобалната кампања против родово базирано насилство

Објавено пред

Елизабета Ѓоргиевска, сопругата на претседателот Стево Пендаровски, денеска во Њујорк учествуваше на настанот по повод 30-годишнината од глобалната 16-дневна кампања против родово базирано насилство, што се одржува на маргините на 76. Генерално собрание на Обединетите нации. Домаќини на настанот се Центарот за женско глобално лидерство и Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА).

На настанот се дискутираа резултатите од кампањата во изминатите три децении во однос на унапредувањето на националните и глобалните агенди за елиминирање на родово базираното насилство. Посебен фокус на настанот беше ставен и на проширувањето на кампањата со прашањето за најекстремната форма на насилство врз жените – фемициди, односно убиства на жени врз основа на род.

Ѓоргиевска истакна дека во изминатите три децении Северна Македонија постигна значителен напредок во борбата против родово базираното насилство. Направени се значителни промени во законските рамки, има значително инвестирано во зајакнувањето на институциите, како и зголемување на јавната свест за родовото базирано насилство. Со оглед на тоа дека земјата ја усвои Истанбулската конвенција, во тек се процеси за операционализација на конвенцијата преку измени во националното законодавство и негово усогласување со Конвенцијата. Со новите законски решенија за спречување и заштита на родово и семејно насилство се предвидени одредби што овозможуваат специфична заштита за жените жртви на разни форми на насилство преку воспоставување специјализирани услуги за помош и поддршка насочени кон унапредување на системот за поддршка на жртвите.

Дополнително, Ѓоргиевска истакна дека е потребно да продолжи успешната соработка со агенциите на ОН, јавните институции, граѓанскиот сектор, медиумите и активистите, соработка што носи придобивки за подигање на јавната свест и справувањето со родовото базирано насилство. Исто така, таа ја спомена и важноста на економската независност, која им овозможува на жените да бидат сигурни да ги напуштат небезбедните домови и да бараат правда, едукацијата на младите во однос на родовата еднаквост и почитувањето на човековите права. Неопходна е и емпатија бидејќи никој од нас не смее да биде нем сведок на насилство. Ѓоргиевска посочи дека сите мораме да покажеме емпатија кон жртвите на родово базирано насилство и да им помогнеме да се реинтегрираат во општеството.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 часа

Ќе се воведуваат брзи тестови во училиштата

Министерот за здравство, Венко Филипче, најави дека ќе се воведат брзи антигенски тестови во училиштата. Според него, најголем дел од...

Македонија7 часа

Трета доза вакцина за граѓаните над 60 години, здравствените работници и тие со имунокомпромитирани состојби

Министерот за здравство, Венко Филипче, најави дека во земјава ќе се воведува трета доза вакцина. Станува збро за вакцината „Фајзер“,...

Свет8 часа

СЗО: Загадувањето на воздухот е поопасно отколку што мислевме

Светската здравствена организација предупредува дека загадувањето на воздухот е уште поопасно отколку што се мислеше – бидејќи концентрацијата на опасни...

Европа8 часа

Директорот на „Модерна“ очекува крај на пандемијата за една година

Извршниот директор на компанијата „Модерна“, Стефан Бансел верува дека пандемијата на коронавирус ќе заврши за една година, бидејќи зголеменото производство...

Спорт11 час

(Видео) Хулиганите дивеат на стадионите во Франција

Нови навивачки инциденти го обележаа колото во Лига 1. Навивачи на Монпелје и Бордо се тепале пред натпреварот на двата...

Свет11 час

Шестчасовни разговори меѓу руските и американските воени челници

Највисоките американски и руски воени претставници вчера одржаа шестчасовни разговори во Хелсинки, што беше нивна прва директна средба од 2019...

Македонија12 часа

Пендаровски ќе се обрати на 76. Генерално собрание на ОН

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Њујорк ќе се обрати на Генералната дебата на 76. Сесија на Генералното собрание на Обединетите...

Свет21 час

Рендгенски снимки покажуваат како вакцината ги штити белите дробови од Ковид-19

Во целиот свет, бранот на делта варијантата доведе до зголемување на бројот на заразени со коронавирус. Истата ситуација беше забележана...

Македонија24 часа

Приведена очна лекарка од Куманово, која преку поткуп собрала 116.000 денари

Полициски службеници од Отсекот за економски криминал при СВР Куманово, утрово, во 7 часот, извршиле претрес во просториите на очното...

Македонија1 ден

Филипче: Пристигнаа 110.612 вакцини од „Фајзер“ за кои има голем интерес

Денеска, во земјата пристигнаа 110.612 вакцини од производителот „Фајзер“/„Бионтек“, објави на социјалните мрежи министерот Венко Филипче. Како што посочува тој,...

Македонија1 ден

Законот за употребата на јазиците нема да се менува во зависност од пописот, рече Заев

Пописот нема ретроградно да влијае на Законот за употреба на јазиците, туку целта е да се знае колку граѓани има...

Економија1 ден

Имот над 30 илјади евра чие потекло нема да може да се докаже ќе биде конфискуван

Ќе се конфискува имотот од над 30 илјади евра чие потекло нема да може да се докаже, предвидува драфт верзијата...

Македонија1 ден

Наставата продолжува со физичко присуство, состојбата со ковид во училиштата засега е стабилна

Состојбата со Ковид-19 во училиштата е стабилна, се следи на дневно ниво и според проценките на Главниот координативен кризен штаб,...

Македонија1 ден

Софијанова: Коронавирусот кај децата најчесто дава полесна клиничка слика, но може да предизвика сериозен синдром

Коронавирусот кај децата најчесто дава полесна клиничка слика која се третира само со симптоматска терапија. Но неопходно е секој случај...

Регион1 ден

„Еуроактив“: Вашингтон го зголемува притисокот врз Софија за евроинтеграцијата на Скопје

Вашингтон го зголемува притисокот врз Бугарија, барајќи од неа да се откаже од ветото за интеграција на Северна Македонија во...

Македонија1 ден

Македонија е најбезбедна земја на Западен Балкан

Македонија е најбезбедна земја на Западен Балкан и е на 40 место во светот, според истражувањето на Институтот за економија...

Регион1 ден

Хеликоптери на КФОР надлетуваат над премините на северот на Косово, ситуацијата мирна но напната

Покрај припадниците на „Росу“ ситуацијата на северот на Косово ја следеше КФОР, кој патролираше со хеликоптер, пишуваат регионалните медиуми. Главните...

Македонија1 ден

Попишани 1.212.339 луѓе, 378.033 домаќинства и 516.787 станови

Вкупно 1.212.339 лица, 378.033 домаќинства и 516.787 станови се попишани заклучно со 20 часот вчера, објави денеска Државниот завод за...

Македонија1 ден

Вчера се вакцинирале 12.099 граѓани, од нив 2.969 примиле прва доза

На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 776.659 граѓани. Прва доза вакцина вчера...

Свет1 ден

Талибанците бараат да се обратат на Генералното собрание на ОН

Талибанците побараа да им се обратат на светските лидери пред Обединетите нации, a за таа пригода го назначија својот портпарол...

Досие