Македонија
Филипче за одлуката за хронично болните: И натаму најризичните категории остануваат заштитени
Министерот за здравство, Венко Филипче, одговарајќи на новинарско прашање ја појасни препораката на Комисијата за заразни болести хронично болните да се вратат на работа, која нема да важи за лицата кои имаат извештај од специјалист за влошување на болеста.
„Разгледувавме повеќе аспекти кога го дискутиравме ова прашање. Не е ад хок одлука, туку е резултат на дискусија којашто ја водиме на повеќе состаноци веќе изминатите повеќе од три недели. Суштината е дека практично за сите економски оператори, за сите компании и сите организации има протоколи по коишто се работи. Премногу е широка листата во наши услови на хронични болести, луѓе коишто имаат практично сосема нормални животни активности и никако не се доведуваат во ризик доколку ги почитуваат протоколите на своите работни места. Во таа смисла е донесена одлуката да се даде препорака пациентите коишто имаат дијагноза хронична болест и оние коишто имаат малигни болести, практично се вратат на своите работни места. Не одат на работа само тие кај коишто лекарот специјалист ќе укаже дека има состојба која што се вика егзацербација, односно влошување во рамките на хроничната болест и истата бара некаков акутен третман. Притоа и е дополнителен ризик по здравјето на пациентот. Тоа е препораката, оставаме на стручноста, експертизата на лекарите специјалисти да направат соодветна проценка“, објасни Филипче и додаде дека и натаму најризичните категории остануваат заштитени.
Во однос на препораката трудниците да бидат ослободени од работа, Филипче посочи дека трудниците се категорија за која се уште нема доволно стручни сознанија како и дали вирусот можеби влијае на развојот на плодот и од претпазливост за нив се продолжува оваа мерка.
„Сметаме дека кај родилките е доволен ризик фактор пуштањето на останатите возрасни групи во градинките и за оваа категорија може да се почека, може да се обезбедат и средства преку МТСП коишто ќе се трансферираат во ФЗО за исплата. Ова е категорија којашто и понатаму ќе ја мониторираме до нова година, па ќе видиме како ќе биде состојбата“, изјави Филипче и додаде дека дополнително ќе се дискутира во наредните денови и ќе се донесе одлука за родителите на децата до 10 години коишто сега се ослободени од работа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.
Македонија
(Видео) Филипче: Врските на Стоиљковиќ со Москва и кинеските кредити се сериозен сигнал
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, по обраќањето на генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, оцени дека пораките упатени од највисоката адреса на Алијансата се јасни и недвосмислени и директно се однесуваат на актуелната влада. Филипче вели дека врските на вицепремиерот Иван Стоиљковиќ со структури блиски до Москва како и кинеските кредити претставуваат сериозен сигнал за загриженост.
„Фактот дека вториот човек во Владата има отворени контакти со лица и организации кои се во директна комуникација со Кремљ, во време кога Русија води агресија врз Украина, е нешто што не може да се игнорира“, нагласи Филипче.
Тој посочи и на финансиските аранжмани на Владата, потенцирајќи дека заемот од една милијарда евра преку Унгарија, за кој европските институции во свој извештај нотирале дека станува збор за средства со кинеско потекло, отвора сериозни прашања.
„Кога на тоа ќе се додадат и кинеските пари кои пристигнаа преку заемот од Унгарија, станува јасно дека станува збор за политики кои испраќаат погрешни сигнали во рамки на Алијансата. Нашиот одбранбен чадор знае точно какви политики води оваа влада и јасно укажува на нив“, истакна Филипче.
Македонија
Утре променливо облачно време со температура до 17 степени
Утре претпладне времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на утринска магла по одделни котлини. Попладне облачноста ќе се зголеми и ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди, информира УХМР.
Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5, а максималната ќе достигне од 13 до 17 степени.
Во Скопје, претпладне сончево со мала до умерена облачност, а попладне променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец сончево со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 17 степени.
Во следните денови ќе преовладува сончево и релативно топло време со мала до умерена облачност, освен во четврток кога ќе има повремени локални врнежи од дожд. Утре и во четврток по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла.

