Македонија
Филипче на средба со медицинските работници во Струга и Струшко: Целосна подготовка на регионот за есен

Министерот за здравство, Венко Филипче, попладнево во Струга оствари средба со докторите и медицинските сестри од Општата болница, Заводот за нефрологија, Здравствениот дом, претставници на матичните лекари од Струшкиот Регион, пред сè од селото Лабуништа, како и со здравствени работници од Здравствениот дом во Вевчани. На средбата тие разговараа за начинот на којшто се справуваат со светската здравствена криза предизвикана од Ковид-19.
– Целосно е реорганизирана болницата. Интернистите се целосно ангажирани во третманот на пациентите со коронавирус, кои се во секојдневна координација со болницата во Охрид каде се препраќаат пациенти во оној момент кога е тоа потребно. Во исто време разговаравме и за тоа како да се спремиме за есенските месеци кога се очекува нов силен бран во целиот свет. Се очекува зголемување на бројот на пациенти, заболени од коронавирусот, но и од сезонски грип, тогаш луѓето ќе бидат во затворени простории, блиските респираторни контакти ќе бидат многу почести и пофреквентни, што значајно го зголемува ризикот за трансмисија. Разговаравме за ангажирање на дополнителен број млади лекари кои сега завршуваат, медицински сестри кои исто така завршиле во средномедицинските училишта изминатиот период – надградување на капацитетите за тестирање. И во таа смисла целиот овој регион да биде спремен за соочување со нов бран, истакна министерот Филипче.
Тој се заблагодари и им честиташе на сите здравствени работници – лекари, медицински сестри кои херојски и пожртвувано работат со ковид-пациентите.
„Тие одлично ја менаџираат кризата и со тоа покажаа и докажаа дека се столбот на здравствениот систем, а здравствениот систем столб на нашата држава“, кажа министерот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Прв ден од второ полугодие со стари проблеми

Денес на првиот наставен ден од второто полугодие јасно е дека сѐ останува по старо. Учениците, професорите и родителите повторно ќе се соочуваат со истите проблеми, ќе се жалат меѓу себе, ќе си бараат помош, ќе се мачат, а времето ќе врви како и во претходното полугодие, обвини Комисијата на образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ.
„ Наставниците повторно ќе се снаоѓаат со сопствени лаптопи, со прекините на интернетот, со притисокот да пишуваат оценки, директорите со пишување нереални извештаи за текот на наставата, а и за заразените од КОВИД-19, родителите со сѐ ова и со трошење на огромен дел од своето време за напредок на сопственото дете.
Учебници нема да има ниту во второто полугодие, особено за средните стручни училишта. Националната платформа за далечинско учење воопшто не профункционира, а наставниците повторно нема да добијат навремена професионална обука. Над 10.000 ученици повторно ќе следат опциона настава, односно настава на телевизија и со печатени материјали и притоа за нивниот напредок не е можна реална контрола на постигнувањата.
Министерката Мила Царовска наместо да направи анализа на проблемите и евалуација на постигнувањата цел распуст се бави со нешто, наречено Концепција за реформа на образованието искритикувана и отфрлена од сите релевантни институции.
Додека министерката се бави и на мускули ја турка концепцијата, наставниците и децата остануваат да се снаоѓаат како умеат и знаат, а таа продолжува да се фали со 90% успешна онлајн настава.
Жално и срамно! Не ви веруваме! Кому му се потребни лаги и невистини? Потребно е децата успешно да ја завршат годината!“ се наведува во соопштението.
Македонија
НСДП: Образованието да биде национален приоритет

Во однос на реформата на основното образование кое се најавува од страна на Министерството за образование и наука, НСДП цени дека повеќе од потребни се квалитативни промени кои ќе не поместат од дното на светските рангирања за писменост. Според НСДП, потребен е инклузивен процес на дијалог и дебата, во кој ќе бидат вклучени сите чинители од кои зависи испорачувањето на квалитетни резултати во оваа сфера.
„ Освен институциите на системот, како неизоставен дел од напорите за подобрување на состојбите со образованието потребно е активно да бидат вклучени сите засегнати страни, како што се наставниците, професорите, учениците и родителите. Квалитетното образование да се постави како врвен национален приоритет, со јасно формулирани цели и методи на развивање на способностите, знаењата и вештините на учениците. Само на тој начин може да го направиме првиот исчекор кон воспоставување на модерен и динамичен образовен систем од кои ќе излегуваат оформени и слободоумни млади генерации, оспособени за предизвиците кои ги носи иднината“ наведуваат од партијата.
НСДП смета дека најнапред е потребно е да се води сметка целокупниот образовен процес да биде ослободен од стереотипите и предрасудите, од идеолошките и политичките митови, образованието да прерасне во мост на разбирање помеѓу младите генерации со различна етничка припадност и различни погледни на определени општествени процеси.
„ Унапредувањето на материјалните аспекти и реалното профункционирање на вистинско бесплатно образование, цениме дека претставуваат цели кои заслужуваат внимание во дебатата која се отвора за реформа на основното образование. Ослободувањето на родителите од трошоците кои ги имаат за своите деца за оброк, посети на музеи, училишни екскурзии, како и за различни наставни помагала кои се неопходен дел од образовниот процес, се прашања кои заслужуваат одговор од институциите на системот. Приоритет треба да добие и надминувањето на лошите материјално-технички и санитарни услови кои постојат во еден дел од училиштата во руралните средини, каде учениците немаат ниту пристојни хигиенски услови.
Состојбите со основното образование директно влијаат на високиот степен на неписменост кај млади генерации, со акумулиран потенцијал да наштети на севкупниот општествен и економски развој на државата. Ова е системски проблем кој бара ургентно надминување, но истовремено е потребно фокусот да биде проширен и на унапредување на состојбите во средното и високото образование. Затоа НСДП смета дека е потребно да се постави јасна цел во наредните 10 години како држава да дојдеме на ниво на писменост од 98%, а трошоците за образованието кои државата ги издвојува да достигнат 5% од вредноста на БДП на земјава.
Со зајакнувањето на финансиските основи на образованието ќе се унапреди материјалниот и општествен статус на наставниците и професорите, нивната професионална мотивираност за усовршување и самообразование. Преку програми за интензивна дополнителна обука, квалификација, доквалификација или преквалификација да добиеме наставници кои ќе бидат воспитувачи, а не строги судии. Издвојувањето на поголеми финансиски средства за образованието ќе значи квалитетна и компетентна настава во сите степени на образовниот процес“ порачуваат од НСДП.
Македонија
Засилени контроли и казни за спречување на кражбите на капаци на шахтите

ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје известува дека тендецијата за масовно крадење на капаците на шахтите и решетките од сливниците продолжува и денес.
Од компанијата додаваат дека заради спречување на ваквиот вандализам и санкционирање на сторителите, ќе се засилат контролите на комуналните служби во општините, но и на откупните центри за старо железо, каде што, доколку се пронајдат вакви предмети, ќе бидат изречени казни во согласност со законот.
„Во општина Карпош денес повторно е потврдена кражба на капаци на шахти на следните локации: булевар Партизански одреди, на велосипедската патека кај Поликлиниката „Букурешт“, кај ГУЦ и на булеварот 8 Септември. Ваквиот вандализам негативно се одразува и ја загрозува безбедноста на граѓаните и на учесниците во сообраќајот. И овој случај е документиран и пријавен во полициска станица, во комуналните служби на Град Скопје и во комуналните служби на Општината“, соопштија од „Водовод“.
Оттаму додаваат деќа ќе бидат поставени нови капаци на посочените локации, но апелираат до јавноста и граѓаните да не се крадат капаци и решетки од улиците бидејќи, како што велат, на тој начин не му се нанесува штета само на претпријатието туку се загрозува и безбедноста на граѓаните и на учесниците во сообраќајот.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот