Контакт

Македонија

Филипче: САД потврдија дека се најсериозен стратешки партнер и во здравствениот сектор

Објавено пред

Министерот за здравство, Венко Филипче, и амбасадорката на САД во Република Северна Македонија, Кејт Мари Брнз, вчера беа во посета на Институтот за јавно здравје. Поводот за посетата е донацијата во тестови, центрифуга и кабинет за биосигурност, во вредност од 12.000 американски долари која оваа институција неодамна ја доби од Амбасадата на САД.

dobivaj vesti na viber

Во присуство на директорот на установата, Шабан Мемети, тие направија обиколка низ Лабораторијата за вирусологија и молекуларна дијагностика, како и низ претходно донираната лабораторија за вирусологија со трет степен на биосигурност од страна на американската амбасада во вредност од 500 илјади американски долари. Оваа недела, американската амбасада и Институтот за јавно здравје се согласија за модификација на проектот со кој ќе се зголемат капацитетите за тестирање на институтот за 10-15%.

Министерот Филипче упати благодарност до амбасадорката Кејт Maри Брнз за несебичното залагање уште од почетокот на кризата, кога добивме огромна помош, прво во заштитна опрема, материјали, а понатаму и во медицинска опрема за Инфективната клиника и заштитна опрема специфично за Клиниката за гинекологија и акушерство.

„Соединетите Американски Држави потврдија дека се нашиот најсериозен стратешки партнер не само во другите сектори, туку и во секторот здравство. Ова е продолжение на една соработка којашто трае веќе подолго време. Во изминатиот период целосно е реновирана Клиниката за неврологија, целосно нов блок во Психијатриската болница во Демир Хисар. Сега се во тек градежните активности на Клиниката за максилофацијална хирургија. Во следниот период ќе започнат градежните работи за реконструкција на Клиниката за хематологија. САД сериозно придонесуваат во зајакнување на нашиот здравствен систем. Она што денеска е завршено, финализирано е реновирањето на дел од лабораторијата во рамки на Институтот за јавно здравје. Лабораторијата што почна со првите тестови за детекција на коронавирусот, кајшто беше најголемиот притисок од сите пациенти ширум нашата држава. Започнаа со 20 тестови на ден, а сега се прават и до 1.200.  Овој капацитет е сериозно зајакнат. Благодарение на целосното реновирање помогнато од амбасадата, за првпат во нашата земја ќе имаме кабинет со биосигурност ниво 3. Ова ќе биде уште едно зајакнување, уште еден чекор напред во квалитетот на здравствената услуга што се дава и во технологијата на работа. Во оваа лабораторија, од почетокот на пандемијата немаше ниту еден инфициран вработен здравствен работник, строго се придржуваат до сите стриктни протоколи за да се направи една ваква реконструкција и да се постигне трето ниво биосигурност во делот на микробиологијата. Им честитам на сите вработени, на директорот Шабан Мемети, на раководителот на лабораторијата Голубинка Бошевска за пожртвуваната, практично 24 часа работа на ден од почетокот на кризата. Благодарност до амбасадорката Брнз се надевам дека оваа соработка ќе продолжи и понатаму“, потенцираше министерот Филипче.

Амбасадорката на САД, Кејт Мари Брнз, истакна дека голема е честа што ја има шансата да ги посети реновираните микробиолошки лаборатории и констатираше дека работата што ја имаат сработено експертите, професионалците и техничките работници во овие простории е круцијална и многу важна, помагајќи ѝ на Владата да одговори на пандемијата.

„Она што го видовме денеска е исклучително импресивно и чест ми е да кажам дека дополнителните капацитети кои резултираа од ова реновирање доаѓаат од соработката на американската амбасада, канцеларијата за одбранбена соработка, Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје. Работевме заедно чекор по чекор за да ги утврдиме временските одлуки за круцијалните проекти кои ќе помогнат да се подобрат капацитетите за тестирањата во државата” – рече амбасадорката Брнз.

„Во 2018 година, почна реновирањето на вирусолошките лаборатории на Институтот за јавно здравје финансирано од Командата на Соединетите Американски Држави. Упатувам огромна благодарност за севкупната поддршка. Во овие моменти со справувањето со ковид-кризата, лабораториите се навистина зајакнати и на пациентите им ја даваме потребната здравствена заштита“- истакна при посетата директорот на ИЈЗ, д-р Шабан Мемети.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Бугарски државјанин протеран од земјава, кај него се пронајдени боксирач и транспарент со навредлива содржина

Објавено пред

Од

Полицијата уапси бугарски државјанин на Граничен премин Деве Баир, кај него се пронајдени боксирач и транспарент со навредлива содржина.

dobivaj vesti na viber

Според информациите на МВР, вчера во 13:30 часот на Граничен премин Деве Баир, на влез во државата, полициски службеници го приведоа Н.И.Л.(47) од Република Бугарија затоа што при гранични проверки и извршен преглед во содејство со царински службеници на патничко возило „хонда џез“ со бугарски национални ознаки, со кое допатувал, биле пронајдени и одземени метален боксирач и транспарент со навредлива содржина.

Од Основен суд Крива Паланка му била изречена парична глоба и санкција „протерување на странец од земјата“ во траење од една година.

На 13.01.2026 во 02:10 часот Н.И.Л. е спроведен во Граничниот премин Деве Баир и е предаден на бугарските погранични полициски служби.

Прикажи повеќе...

Македонија

МНР апелира македонските државјани да го напуштат Иран во прва можна прилика

Објавено пред

Од

Министерството за надворешни работи апелира сите македонски државјани што се наоѓаат во Иран да ја напуштат земјата поради влошената состојба.

dobivaj vesti na viber

„Поради влошената безбедносна состојба во Исламска Република Иран, Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија апелира до македонските граѓани кои се наоѓаат на територијата на оваа држава, истата да ја напуштат во прва можна и безбедна прилика. Истовремено, се апелира да се одложат сите патувања кон Иран кои не се неопходни“, велат од МНР.

Министерството за надворешни работи ги има ставено на располагање сите свои капацитети за асистенција на државјаните на Република Северна Македонија, преку 24-часовниот СОС дежурен телефон +389 75 268 736, електронската адреса [email protected], како и преку дежурниот телефонски број на Дипломатско-конзуларното претставништво на Република Северна Македонија во Анкара: +90 539 456 97 10.

 

фото/епа

Прикажи повеќе...

Македонија

Обвинителството бара притвор за лицето што ја искрши влезната врата на бугарската Амбасада

Објавено пред

Од

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 55-годишник осомничен за кривично дело – Оштетување туѓи предмети од член 243 став 2 од Кривичен законик.

dobivaj vesti na viber

На 11 јануари, осомничениот од омраза ја оштетил влезната врата на Амбасадата на Република Бугарија, така што со камен го скршил стаклото на вратата и веднаш се одалечил во непознат правец.

Јавниот обвинител предложи судијата на претходна постапка да определи мерка притвор спрема осомничениот бидејќи постојат околности што укажуваат на опасност од бегство и околности го оправдуваат стравувањето дека осомничениот ќе го повтори кривичното дело.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија7 минути

Бугарски државјанин протеран од земјава, кај него се пронајдени боксирач и транспарент со навредлива содржина

Полицијата уапси бугарски државјанин на Граничен премин Деве Баир, кај него се пронајдени боксирач и транспарент со навредлива содржина. Според...

Македонија11 минути

МНР апелира македонските државјани да го напуштат Иран во прва можна прилика

Министерството за надворешни работи апелира сите македонски државјани што се наоѓаат во Иран да ја напуштат земјата поради влошената состојба....

Македонија17 минути

Обвинителството бара притвор за лицето што ја искрши влезната врата на бугарската Амбасада

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 55-годишник осомничен за кривично дело – Оштетување туѓи предмети од член 243 став...

Македонија1 час

Техничката влада мора да остане, велат од СДСМ

Техничката влада мора да остане. Таа е единствена шанса, единствен обид за некакви минимални услови за фер избори, велат од...

Македонија5 часа

Со паричка во погача, голем број семејства вечерва ќе ја дочекаат Старата Нова година

Според Јулијанскиот календар, по кој се водат православните христијани, вечер се дочекува православната нова година, кај народот позната уште како...

Топ6 часа

Во Кавадарци се води истрага за два случаи на сексуално насилство врз деца

Кавадаречкото Обвинителство  споведува истрага за два одвоени случаи во кои има сомненија за силување на дете кое не наполнило 15...

Свет6 часа

Словачките лидери едногласни: Крај на воената помош за Украина

Највисоките словачки функционери – претседателот Петер Пелегрини, премиерот Роберт Фицо и претседателот на парламентот Рихард Раши – потврдија единство околу...

Свет6 часа

Претседателката на Молдавија: На референдум би гласала за обединување со Романија

Претседателката на Молдавија, Маја Санду, изјави дека би гласала за обединување со Романија доколку тоа прашање некогаш се најде на...

Свет6 часа

Германија предупредува: Плановите на Трамп за Гренланд може да го загрозат НАТО

Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул изјави дека сојузниците во НАТО мора да соработуваат кога станува збор за безбедноста...

Свет6 часа

Конгресмен предлага закон за анексија на Гренланд

Републиканскиот конгресмен Ренди Фајн предложи закон до американскиот Конгрес со кој на САД би им се овозможила анексија на Гренланд...

Македонија17 часа

18-годишникот кој усмрти жена во Капиштец избега од државата, МВР распиша потерница

Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по 18-годишникот кој прегази жена во Скопје и избега од местото на настанот....

Топ21 час

Уапсен жител на Богданци за убиство на сопствената мајка

Полицијата уапси 39-годишен жител на Богданци, осомничен за убиство на сопствената мајка. Според информациите од МВР,  денеска во Полициската канцеларија...

Македонија23 часа

Уапсено лицето што го оштети стаклото на влезната врата на бугарската амбасада во Скопје

Полициски службеници од МВР денеска (12 јануари 2026 година) во 12:40 часот на улицата Кирил и Методиј во Скопје го...

Македонија24 часа

Како членка на НАТО, не ни прилегаат технички влади, а предвремените избори носат нестабилност, рече Гаши

Претседателот на Собранието Африм Гаши изјави дека е поборник на идејата за одржување редовни избори, оценувајќи дека честите предвремени избори...

Култура1 ден

„Една битка по друга“, „Хамнет“ и „Адолесценција“ доминираа на Златните глобуси

Во неделата беа доделени престижните награди Златен глобус. Филмот „Една битка по друга“ (One Battle After Another) беше прогласен за...

Македонија1 ден

Непознати глутници се појавија преку ноќ – пронајдени улични кучиња од Албанија во Скопје, се бара истрага и проверка на безбедносните камери

Здружението за заштита на животните Анима Мунди алармира и јавно бара итна, темелна и независна истрага поради сериозни индиции за...

Македонија1 ден

Водата се повлекува во повеќе региони, дел од патиштата затворени поради поплави, одрони и снег

Центарот за управување со кризи информира дека по обилните врнежи, состојбата на терен е стабилизирана во дел од регионите, а...

Македонија1 ден

Алиу: Предлог-законот за заштита од пушење објавен на ЕНЕР, отвораме јавна расправа пред неговото усвојување

Министерството за здравство информира дека предлог-законот за заштита од пушење е објавен на електронскиот национален регистар на прописи (ЕНЕР), каде...

Македонија1 ден

Минусни температури низ целата земја, на Попова Шапка измерени -16 степени

Утрово најстудено било на Попова Шапка кадешто се измерени -16 степени целзиусови, -14 било во Mаврови Анови, -13 во Kрушево,...

Свет1 ден

Трамп: Иран нè контактираше за преговори

Американскиот претседател Доналд Трамп во неделата изјави дека Иран побарал да започне разговори со САД, додека земјата се справува со...