Македонија
Филков се сретна со министерката за правда на Косово: разговарано за случајот „Монструм“ и за „Диво насеље“
Денес министерот за правда, Игор Филков оствари работна средба со министерката за правда на Република Косово, Албулена Хаџиу, во Приштина
На средбата се разговараше на повеќе теми кои се од интерес на двете држави. Беа разменети искуствата и добрите практики во реформските процеси, кои се движат во ист правец. На средбата беше дискутирано и за две отворени прашања од интерес на двете земји.
Разговарано беше за случајот „Монструм“, за кој што од косовска страна беше презентирано дека барањата за екстрадиција се процесуирани од страната на Јавното обвинителство и дека веднаш откако ќе биде донесено решение или ќе имаат конкретни информации за истото ќе го информираат Министерството за правда на Република Северна Македонија.
Во однос на нивните барања за случајот „Диво насеље“, министерот Филков посочи дека сите предмети се земени во работа и дека се постапува со нив согласно националното законодавство и сите меѓународни стандарди.
Двајцата министри ја искажаа својата определба да продолжи соработката помеѓу двете институции во насока на остварување на заедничките заложби.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Земјотресот во Грција е почувствуван и во Македонија
На територијата на државава се почувствувани два од регистрираните серија земјотреси со епицентри во Грција, соопшти вечерва Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје
„Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот од 18 часот и 3 минути со Рихтерова локална магнитуда ML5.1 е почувствуван од населението во Гевгелија и Струмица со интензитет од III – IV степени според Европската макросеизмичка скала, и во Велес и Скопје со интензитет од III степени според истата скала, а земјотресот од 18 часот и 6 минути со Рихтерова локална магнитуда ML3.8 е почувствуван од населението на Гевгелија, Струмица, Битола и Кавадарци со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала“, стои во информацијата.
Македонија
Неколку општини во Скопје утре пет часа ќе немаат струја
Поради планирани прекини во електродистрибутивната мрежа на ЕВН Македонија утре од 9 до 14 часот без струја ќе бидат корисниците од општина Зелениково во Таор, Ново Село, Градовци, Гумалево, Орешани, Смесница, Тисовица, Дејковци, Добрино и Пакошево.
Како што најави Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје, утре ќе има прекини во снабдувањето со струја во периодот од 9 до 13 часот за корисниците од ул. „Исаија Мажовски“ во општина Ѓорче Петров, од 9 до 14 часот на улиците „Копенхагенска“ и „Бриселска“ и дел од улиците „Женевска“ и „Софиска“, како и кај Управата за контраразузнавање, ул „Тодор Александров“ и ул. „Славејко Арсов“ во општините Аеродром и Центар
Македонија
Советот на јавни обвинители, исто како и Судскиот совет, изврши класичен упад во Академијата за судии и јавни обвинители, вели Лефков
Советот на јавни обвинители, исто како и Судскиот совет, изврши класичен упад во Академијата за судии и јавни обвинители, вели Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Советот на јавни обвинители, наместо за член на УО на Академијата да назначи јавен обвинител, тој назначил свој член, директно кршејќи го чл. 44 од Законот за спречување на корупцијата и судир на интереси со кој се забранува избрано или именувано лице да биде во орган на управување во државен орган или лице кое располага со државен капитал. Советот на јавни обвинители за член на УО на Академијата ја назначил Душица Димитриеска, која е претседател на Советот на јавни обвинители.
Советот на јавни обвинители, не смеел да ја назначи својата претседателка за член на УО на Академијата за судии и обвинители.
Душица Димитриеска, покрај тоа што е претседател на Советот на обвинители е и во тесна врска со СДС. Имено нејзината ќерка Ема Нешкоска е член на Советот на општина Гостивар од редови на СДС, а беше и кандидат за пратеник од редовите на истата на последните парламентарни избори.
Советот на јавни обвинители исто како и Судскиот совет продолжуваат да работат на уривање на правосудството и имиџот, односно угледот на истото кај граѓаните.
Го повикуваме Советот на јавни обвинители да го отповика својот предлог за УО на Академијата. Во спротивно колективно го крши законот, за што треба да има одговорност“, изјави Лефков.