Македонија
Фондот апелира на рационална употреба на антибиотици
Фондот за здравствено осигурување активно ја поддржува и годинава учествува во националната кампања за подигнување на јавната свест за правилно користење на антибиотиците, во рамките на одбележувањето на Светската недела за рационална употреба на антибиотиците и Европскиот ден за рационална употреба на антибиотиците со цел зачувување на нивната особена тераписка важност и вредност како лекови кои спасуваат животи.
Вкупната потрошувачка на антибиотици во државава во 2018 година, се проценува во ранг од 30 до 35 ДДД на 1.000 жители на ден што споредено со европскиот просек кој изнесува 20,1 ДДД на 1000 корисници на ден јасно покажува дека е потребна сериозна борба со антимикробната резистенција преку рационална употреба на антибиотици.
Потрошувачката на антибиотици на товар на Фондот за 2018 година во примарната здравствена заштита достигна околу 17 ДДД (дневни дефинирани дози) на 1.000 осигуреници на ден, сметано според новите АТЦ ДДД индекси за лекови определени од Светската здравствена организација – СЗО.
Фондот ги има само податоците за потрошувачката на антибиотици на рецепт кои се на позитивната листа. Но бројката на потрошувачка на антибиотици е поголема бидејќи има регистрирани антибиотици кои се продаваат комерцијално, односно не се на позитивната листа и оттаму Фондот за истите нема податоци.
Од редовните анализи на Фондот за здравствено осигурување за 2018 година може да се забележи дека биле реализирани 1,75 милиони рецепти за антибиотици, со вкупен износ од 295 милиони денари. Бројот на рецептите за антибиотици во однос на 2017 година е намален за 2 проценти, но, сепак, загрижува податокот дека за 14 отсто е зголемен бројот на рецепти за антибиотици од подгрупата Макролиди, за 2% е зголемен бројот на реализирани рецепти за Беталактамски – пеницилински антибиотици и исто за 2% има зголемување за цефалоспоринските антибиотици од втората генерација. Најкористен антибиотик во примарната здравствена заштита е Аmoxicillin+clavulanic acid, а во болничката здравствена заштита тоа е Ceftriaxon. Тоа значи дека се пропишувале антибиотици на рецепт со поширок спектар на делување, со што се зголемува ризикот од појава на резистентни соеви на бактерии.
Затоа Фондот апелира да се применува рацинално користење лекови, врз основа на медицина базирана на докази истовремено подигнувајќи ја свеста и кај осигурениците да ги почитуваат советите на лекарите и фармацевтите во однос на користењето на антибиотиците.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сончево време со температута од 17 степени, за утре метеоролозите најавија повремени локални врнежи од дожд
Времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на утринска магла по одделни котлини. Попладне облачноста ќе се зголеми и ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5, а максималната ќе достигне од 13 до 17 степени.
Во Скопје, претпладне сончево со мала до умерена облачност, а попладне променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец сончево со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 17 степени, јавува УХМР.
Во следните денови ќе преовладува сончево и релативно топло време со мала до умерена облачност, освен во четврток кога ќе има повремени локални врнежи од дожд. Утре и во четврток по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos

