Македонија
(Фото) Шукова: Независноста е обврска за иднината, потребни ни се функционални институции и храбри реформи
По повод Денот на независноста, потпретседателката на СДСМ и кандидатка за градоначалничка на Град Скопје, Каја Шукова, денеска положи свежо цвеќе на гробовите на претседателите Киро Глигоров и Борис Трајковски, како и на првиот премиер Никола Кљусев.

Во својата изјава, Шукова потсети на храброста на граѓаните кои пред 34 години избраа самостојна и слободна Македонија:
„На Денот на независноста се потсетуваме на храброста со која граѓаните избраа држава што ќе значи правда, достоинство и еднакви можности за сите. Но реалноста не секогаш ја следеше таа визија. Затоа денес, повеќе од кога било, ни треба енергија на граѓанска одговорност, солидарност и отпор кон рамнодушност. Потребни ни се функционални институции и храбри реформи што ќе донесат еднаквост за сите граѓани“,

Шукова истакна дека европската перспектива не е далечна идеја, туку секојдневна борба за подобро образование, чист воздух, сигурни институции и општество по мерка на граѓаните.
„Верувам дека Скопје може да стане симбол на таа нова надеж – град каде што секој ќе се чувствува вреден, заштитен и слушнат“, додаде таа.

Шукова упати честитки до сите граѓани:
„Нека ни е среќен 8 Септември – Денот на независноста на Република Северна Македонија!“
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
МВР потврди: Уапсен Артан Груби
На граничниот премин „Блаце“, припадници на Министерство за внатрешни работи го уапсија поранешниот прв вицепремиер Артан Груби.
„Денеска (23.02.2026) во 06:10 часот на Граничниот премин Блаце, на влез во државата, од слобода е лишен Артан Груби (48), кој беше баран со меѓународна потерница за истрага за сторено кривично дело по чл.354 ст.5 в.в. ст.3 в.в ст.1 в.в со чл.22. од КЗ“, велат од МВР.
Груби се товари за злоупотреба на службената положба во случај поврзан со Државна лотарија. Во предметот осомничен е и Перпарим Бајрами, а истрагата се однесува на наводна проневера од околу осум милиони евра преку набавка на ВЛТ апарати.
Според Обвинителството, предметот опфаќа одлуки и договори за кои постои сомнеж дека ѝ нанеле значителна финансиска штета на институцијата, проценета на околу 500 милиони денари, односно над осум милиони евра.
Македонија
Без струја денеска делови од Бутел, Карпош и Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 10.00 часот, корисниците од улицата Марко Крале лоцирани околу објектот бр. 51, општина Бутел;
– во периодот од 08.30 до 10.00 часот, корисниците од улицата Козле лоцирани позади фабриката Реплек, општина Карпош;
– во периодот од 08.35 до 11.00 часот, корисниците од улицата Радишанска, општина Бутел;
– во периодот од 12.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улицата 1439 во населба Пинтија, општина Кисела Вода.
Македонија
Без вода денеска дел од Кисела Вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување водоводен приклучок од ф – 100 мм – во близина на Макпетрол, без вода ќе останат корисниците од улицата Христо Татарчев лоцирани на потегот од улицата Народни Херои до улицата Франк Харкорд-Манинг, општина Кисела Вода.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата

