Контакт

Македонија

Фронт 21/42 : Каква игра игра власта со новиот Закон за управување со Охридскиот регион?

Објавено пред

Како се приближува рокот за исполнување на препораките од УНЕСКО, така манипулациите и игрите на актуелната власт со нашето најголемо природно и културно богатство стануваат сè поочигледни, а нивните одговори сè  поапсурдни и очигледно невистинити, се вели во реакцијата на Фронт 21/42.

dobivaj vesti na viber

„Во ова ‘размислување на глас’ се фокусираме на темата ‘зошто го релативизираат и одолговлекуваат донесувањето на новиот Закон за управување со Охридскиот Регион’?
Според неодамна објавениот Акцискиот план за спроведување на Планот за управување со Охридскиот Регион,  донесувањето на Законот за управување се планира до крајот на 2020 година.  Истиот закон за кој актуелната власт во јули 2019 доби пофалба од УНЕСКО дека го усвоила!  Минатата недела, на брифинг за новинарите на кој Владата го презентира ‘напредокот во исполнувањето на препораките од УНЕСКО’ на новинарско прашање зошто е повлечен Законот за Охридскиот Регион, министерот Адеми (одговорен за УНЕСКО и предводник на делегацијатаво Баку) даде одговор кој нема никаква логика – законот го повлекле ‘затоа што во меѓувреме општините донеле одлуки за мораториуми’ .

Одговорот на Адеми не само што нема никаква логика (значењето на законот не е само да воспостави мораториум, дополнително што истиот е многу поинаку регулиран во Законот отколку во општинските одлуки ), туку е уште една во низата флагрантни и многу очигледни невистини на оваа Влада – одлуките за т.н. мораториум општините не ги донесоа ‘во меѓувреме, по што Владата решила да го повлече Законот’, туку половина месец откако
Законот веќе беше повлечен од страна на Владата. Инаку, истиот министер пред цела меѓународна јавност во Баку ги презентираше ‘сериозните заложби на оваа Влада за зачувување на УНЕСКО-подрачјето’, меѓу останатите и „изработениот нацрт-план за управување и консултациите со јавноста за Извештајот за стратешка оцена кои се
во тек“ (на 3.7.2019) – овие консултации сега, кои всушност почнаа три месеци подоцна, на 2.10.2019″, се вели во реакцијата.

Според Фронт 21/42,  стариот закон нема одредби кои упатуваат на прекршоци од областа на градењето и урбанизмот, така што сè додека е на сила стариот Закон нема правен механизам да се спречат и/или казнат прекршувањата на одлуките за мораториум, и/или на пример градење во строго заштитената зона.

„Во стариот нема ниту надлежен орган кој има законска ингеренција да врши инспекциски надзор на спроведувањето на мораториумот – во новиот Закон ова е јасно дефинирано. Не веруваме дека е случајно што во одлуките за ‘мораториум’ на двете општини е избегнат токму овој елемент – што ако не се спроведува и кој врши надзор (и
казнување) за неспроведувањето.

Во новиот Закон за Охридскиот Регион членот кој го уредува мораториумот навистина ја спроведува препораката на УНЕСКО – се однесува на сите урбани и крајбрежни трансформации, вклучувајќи ги и оние за кои се издадени решенија за градби и усвоени планови. Во одлуките на општините т.н. мораториум не се однесува на ваквите проекти и планови, како ни на серија други зафати (катни гаражи, паркиралишта, споменици, плоштади, итн.). „Мораториумот“ на општините не споменува ни можни трансформации „на мала врата“ и без учество на јавноста, како оние усвоени со
општ акт (урбанизација на Елшани)”, наведуваат од здружението.

Според нив, новиот Закон за Охридскиот Регион не само што ја дефинира содржината на Планот за управување, туку и начинот на неговото донесување, како и Совет кој ќе се грижи дека планот се почитува, односно ќе управува со регионот. Според новиот Закон, треба прво да се формира Советот, а потоа да се пристапи кон изработка на Планот. Во изработката и донесувањето на Планот, според новиот Закон, Советот (под претпоставка дека ќе биде составен од стручни лица) има клучна улога, исто и во неговото спроведување и мониторинг; јасно се дефинирани одредбите за транспарентност и отчетност во работењето на нејзините членови, како и губењето на статусот и исклучување на член на Советот. Новиот закон дефинира изготвување на годишен извештај за спроведување на Планот со учество на јавноста.

„Во отсуство на претходно формиран Совет, јасно дефиниран во закон, Планот за управување не е ништо повеќе од ‘листа на желби’ без никаква употребна вредност – кој ќе го спроведува, по кои правила, за што и како ќе одговара ако не се спроведува (итн.)?
Со други зборови, власта си дава една година вакум во кој (ко за пред УНЕСКО и сите гледачи на вести по дома) ќе има План за управување, одлуки за мораториум, регистар на дивоградби, итн. а во реалноста ќе се продолжи со реализација на сè што е испланирано, договорено, ветено… Ем волкот сит, ем овците на број.

Само што природата, автентичноста на пределот и културното наследство, вистинските исклучителни универзални вредности кои ги нема ниту едно друго место на планетава не се апстрактни концепти чија состојба ќе се подобри благодарение на кулата од карти што ја гради актуелната власт. Без разлика колку успешно ќе успеат да ја прикажат како цврста градба. Да не дозволиме да ни го уништат и нам и на нашите деца и внуци највредното!, се вели во реакцијата.

Фронт 21/42 бара  Владата итно да пристапи кон финализирање на Законот за управување со Охридскиот Регион (да ги исклучи спорните одредби) и да го испрати на усвојување до Собранието, односно доследно да го почитува законски регулираниот начин на носење правни прописи. Дури по усвојување на Законот да ја започне постапката за носење на Планот.

„Пред сето ова, општина Охрид и Струга да ги ревидираат своите одлуки за т.н. мораториум и вистински да воведат мораториум на сите урбани и крајбрежни трансформации, а општина Дебарца конечно да донесе ваква одлука. Апелираме до сите граѓани кои сакаат да го зачуваат единственото УНЕСКО-подрачје во земјава. Додека го пишувавме овој текст се појави нова верзија на ‘мораториумот’ во општина Охрид – сега не важи ни за ‘отпочнатите постапки за отуѓување на градежно земјиште’. Одлуката е донесена на 26.09.2019, а Службениот гласник со истата е објавен на интернет на 7.10.2019.
Отуѓување на градежно земјиште значи дека општината дава нејзино градежно земјиште на некој (инвеститор) да гради наместо неа за одреден финансиски надомест, со други зборови еден чекор кон ново градење.Во истиот Службен гласник може да видите и дека општината одобрила нови градби и поголема катност – ова е јасно прекршување на препораката за мораториум од УНЕСКО, но сосема во согласност со одлуката за ‘мораториум’ на Општина Охрид”, се вели во соопштението.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Осмомартовски марш во Скопје со порака „Нема да нè снема“

Објавено пред

По повод 8 Март – Меѓународниот ден на жената, Платформата за родова еднаквост повика на традиционален марш за женски права што ќе се одржи во Скопје.

dobivaj vesti na viber

Според соопштението, маршот ќе започне во 12:00 часот во паркот „Жена Борец“, а ќе заврши пред украдената биста на Вера Јоциќ, како симболичен чин на протест против, како што се наведува, „фактичкото и фигуративното бришење на жените во општеството“.

Организаторите посочуваат дека слоганот „Нема да нè снема“ ја изразува борбата на жените за опстанок и безбедност во систем кој, според нив, често не ги штити од насилство и ги остава на маргините на општеството. Се наведува дека женската работа често е невидлива, помалку платена и недоволно заштитена, а особено ранливи се жените што работат хонорарно, кои често немаат здравствено, социјално и пензиско осигурување.

Платформата за родова еднаквост посочува и на зголемен број случаи на родово базирано насилство и фемициди, нагласувајќи дека институционалните пропусти оставаат многу жени без заштита и правда.

Со маршот на 8 март, организаторите повикуваат граѓаните да се приклучат и заедно да испратат порака дека жените ќе продолжат да се борат за еднаквост, безбедност и достоинство.

Прикажи повеќе...

Македонија

СДСМ да не користи трагедии како во минатото за добивање на политички поени, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Објавено пред

Срамно и безобразно е соопштението од страна на СДСМ во однос на трагедијата која се случи во скопски Карпош, оценува ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„Истата партија СДС, да потсетиме дека обично кога се во опозиција, трагедиите ги користи стрикно за собирање на политички поени, а не за да покаже емпатија. Случајот со Нешковски, малата Тамара, Диво Насеље, Смилковско езеро и многу други, се случаи кои СДС пред да дојде на власт со Заев и Филипче, ветуваше правда и велеше дека ќе обелодени некаква вистина која била криена по повод овие трагедии. СДС со Заев и Филипче, кога дојдоа на власт, заборавија на се како да имаат амнезија.

Затоа, за оваа тема, која ја потресе цела јавност, ги замолуваме СДС да не ја користат за политички поени. За разлика од порано, разликата е во тоа што сега работите се кажуваат гласно и транспарентно, а виновниците имаат имиња и презимиња.

ВМРО-ДПМНЕ упатува сочувство до семејствата на жртвите и посакува да не се случуваат вакви трагедии во иднина“, се вели во реакцијата.

Прикажи повеќе...

Македонија

Од Пинтија до Драчево ќе се гради современ булевар со четири ленти

Објавено пред

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски најави дека почнува реализацијата на изградбата на булеварот Борис Трајковски.

dobivaj vesti na viber

Објавена е јавната набавка, а по завршување на законската постапка, градежните работи се очекува да почнат за околу 40 дена. Рокот за изведба е до крајот на календарската година.

Проектот опфаќа изградба на современ булевар во должина од 850 метри, со четири коловозни ленти и безбедна пешачко-велосипедска патека, на потегот од трафостаницата во Пинтија до кружниот тек во Драчево. Со ова трајно ќе се реши долгогодишниот сообраќаен проблем со кој секојдневно се соочуваат над 100.000 граѓани.

Надлежните апелираат за трпение за време на градежните активности, нагласувајќи дека привремените отежнувања ќе донесат долгорочно, квалитетно и безбедно сообраќајно решение за сите граѓани.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет2 часа

Европски стравувања: Фокусот на САД кон Иран може да ја намали помошта за Украина, објави „Политико“

Европските официјални лица стравуваат дека американскиот фокус на конфликтот со Иран може да го намали вниманието и воената поддршка за...

Свет2 часа

(Видео) Трамп: Луѓето што ги гледавме како идни лидери на Иран се мртви

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека постои голема неизвесност околу иднината на Иран по ескалацијата на војната на Блискиот Исток....

Македонија2 часа

Од Пинтија до Драчево ќе се гради современ булевар со четири ленти

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски најави дека почнува реализацијата на изградбата на булеварот Борис Трајковски. Објавена е јавната набавка,...

Економија2 часа

Николоски: Градежништвото повторно со двоцифрен раст

Вицепремиерот Александар Николоски соопшти дека градежниот сектор бележи раст од 14,6 проценти во четвртиот квартал од 2025 година, истакнувајќи дека...

Свет3 часа

Израелски шпиони ги хакирале речиси сите сообраќајни камери во Техеран за да го испланираат убиството на ајатолахот Али Хамнеи

Израелските шпиони со години ги хакирале речиси сите сообраќајни камери во Техеран за да ги следат движењата на ајатолахот Али...

Свет3 часа

(Видео) Патници заробени на крузери во Дубаи: додека се слушаат експлозии некои танцуваа покрај базен

Илјадници патници останале заробени на крузери на Блискиот Исток поради воената ескалација во регионот, откако САД и Израел извршија напад...

Свет4 часа

(Видео) Рубио: Нема повредени во иранскиот напад со дрон врз конзулатот во Дубаи

Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека сите вработени се безбедни по иранскиот напад со дрон врз комплексот на американскиот...

Македонија15 часа

Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош

Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда. „Основното...

Македонија15 часа

МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија...

Македонија21 час

(Видео) Тошковски: Обезбедена е видеоснимка на која се гледа како сопругот ја удира жртвата

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски соопшти дека во рамки на истрагата за трагедијата во Карпош е обезбеден видеозапис на...

Македонија22 часа

Се разработуваат планови за враќање на македонските државјани од Израел преку Египет, се работи на безбедна евакуација од погодените подрачја, соопшти МНР

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека интензивно работи на обезбедување услови за соодветна и безбедна евакуација на...

Македонија22 часа

По пад од балкон загина 10-годишно момче во Тетово: родителите дознале од соседите

Денеска (03.03.2026) во 09:25 часот во СВР Тетово било пријавено дека во Клиничка болница Тетово било донесено починато 10-годишно момче...

Македонија22 часа

Тошковски објави нови детали за трагедијата во Карпош: Жртвата негирала насилство пред полицијата, сопругот имал криминално досие и бил апсен за дрога

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски соопшти нови детали за вчерашната трагедија во Карпош, во која загинаа мајка и дете....

Македонија23 часа

Бракоразводна постапка и пријава за насилство – вонреден надзор во Центарот за социјални работи по трагедијата во Карпош

Министерството за социјална политика, демографија и млади изрази длабоко сочувство до семејството и блиските на мајката и детето кои го...

Македонија23 часа

Државните нафтени резерви се стабилни и обезбедуваат сигурност, уверуваат надлежните

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини со посебно внимание ја следи состојбата со актуелната енергетска ситуација, особено во контекст...

Македонија23 часа

МНР со владиниот авион ќе ги евакуира нашите државјани од Израел, првите се очекува да пристигнат утре

За евакуација на Македонците кои сакаат да се вратат дома од Израел, Министерството за надворешни работи (МНР) ќе го испрати...

Македонија1 ден

Сè уште не се препорачува евакуација по копнен пат за граѓаните кои се наоѓаат во Катар и Обединетите Арапски Емирати, велат од МНР

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, согласно последните податоци, од почетокот на конфликтот до денес вкупно 473...

Македонија1 ден

Едно лице задржано по трагедијата во Карпош: распити на повеќе лица, детален претрес на станот, екстракција на податоци од телефони, се обезбедуваат снимки

Основното јавно обвинителство Скопје ги издава сите потребни наредби и насоки за целосно расчистување на вчерашниот случај во Карпош, кога...

Македонија1 ден

Почувствуван земјотрес во Гостивар

Според досегашните податоци со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утрово во 5 часот и 21 минути...

Свет1 ден

(Видео) Објавено сведочењето на Клинтон за Епстин, Хилари е бесна

Нови видеа покажуваат како Хилари Клинтон речиси излегува од сведочењето зад затворени врати пред американските пратеници за Џефри Епстин откако...