Контакт

Македонија

Хаос на Онкологија, пациентите оставени на цедило, неспособноста на власта на ДПМНЕ буквално убива, велат од СДСМ

Објавено пред

„Додека пациентите на Клиниката за онкологија се борат за својот живот, Владата на ДПМНЕ и нејзините неспособни функционери ја покажуваат својата целосна незаинтересираност за здравјето и животите на граѓаните“, велат од СДСМ.

dobivaj vesti na viber

„Цела недела Клиниката нема основни лекови за биолошка терапија, а луѓето во критична состојба се принудени сами да бараат начини за спас. Ова е вистинска хуманитарна катастрофа, која е резултат на крајно аматерскиот и неорганизиран пристап на власта.

Лековите, кои се животозависни, како Atezolizumab (Tecentriq), Bevacizumab (Avastin), Palbociclib, Ribociclib, Fulvestrant, Cetuximab, веќе се недостапни. Но, тоа не е крајот – во наредните денови се очекува да снема и други лекови, како Trastuzumab emtansine (Kadcyla), Nivolumab, Cobimetinib и Vemurafenib. Зад овие сложени имиња стојат судбините на стотици пациенти – родители, деца, браќа и сестри, кои секојдневно се борат со ракот и бараат шанса за живот.

И додека овие луѓе очајно бараат спас, министерот за здравство, Арбен Таравари, шета во Вашингтон, насмеан од уши до уши, и објавува фотографии како да нема поголем проблем од тоа да прошета низ САД.

Во меѓувреме, директорот на Фондот за здравство, Клековски, наместо итно да бара решенија, ја користи истата стара приказна – изговори. Вели, проблемот бил организациски и ќе му требале 6 месеци за да го реши. Шест месеци?! Па луѓето немаат шест дена, а камоли шест месеци!

Зошто Клековски не презел ништо досега? Зошто нема регистар на пациенти? Зошто нема соодветни набавки и план? Колку човечки животи треба да бидат загрозени за оваа неспособна власт да почне да работи?

Додека тие се губат во бирократски лавиринти, последиците ги трпат граѓаните. Ракот не чека. Пациентите не може да чекаат. Но, очигледно, Владата на ДПМНЕ нема ниту волја ниту капацитет да се справи со вакви клучни прашања.

Едно е јасно: неспособноста и незаинтересираноста на оваа власт директно загрозува човечки животи. Секој ден одложување значи изгубени животи. Време е за итна акција и одговорност – ова веќе не е само прашање на политика, туку прашање на живот и смрт“, соопшти СДСМ.

Македонија

(Видео) Алиу: Во рекордно време реализиравме над 1.250 вработувања во јавно здравство

Објавено пред

Фото: принтскрин

Министерот за здравство, Азир Алиу заедно со заменик министерот, Јовица Андовски, ги поздравија присутните на отворањето на 27. Синдикална школа на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита.

dobivaj vesti na viber

„Во рекордно време реализиравме над 1.250 вработувања во 85 јавни здравствени установи низ државата, како дел од стратешкиот процес на кадровско зајакнување на здравствениот систем. Паралелно го спроведуваме и процесот за вработување на приватните специјализанти, со кој решаваме децениски егзистенцијален проблем на оваа категорија здравствени работници. Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита е наш партнер со кој со заеднички заложби работиме на унапредување на статусот на секој здравствен работник во државата“, истакна министерот Алиу во видео-обраќањето.

Воедно, тој порача дека Владата реализираше значајно зголемување на платите на здравствените работници, и тоа во износ од 4.815 денари нето за сите здравствени работници, а за медицинските сестри ова зголемување изнесува дури 6.200 денари. Оваа мерка значи суштинско вреднување на трудот на медицинскиот персонал.

Заменик министерот Андовски, пак, кажа дека Министерството за здравство е отворено за соработка со синдикатот.

„Го почитуваме достоинството на докторите и целиот персонал кои се чувари на здравјето на граѓаните. Министерството за здравство е отворено за соработка со синдикатот и заеднички продолжуваме да ги решаваме сите отворени прашања и предизвици, со цел да излезаме во пресрет на здравствените работници и секако на пациентите“, рече во своето обраќање заменик министерот Андовски.

Прикажи повеќе...

Македонија

Времето денеска ќе биде претежно сончево со слаб до умерен северен ветер

Објавено пред

Фото: архива

Времето денеска ќе биде претежно сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

dobivaj vesti na viber

Минималната температура ќе се движи од 4 до 15, а максималната ќе достигне од 22 до 31 степен.

Во Скопје ќе биде сончево со слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе искачи до 31 степен.

Од Управата за хидрометеорошки работи информираат дека за време на викендот и во првите денови од следната седмица ќе се задржи сончево и топло време со постепен пораст на температурата на воздухот, а потоа ќе настапи зголемување на облачноста.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски на средба со помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Андрју Стоу

Објавено пред

Од

Во рамки на работната посета на Вашингтон, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари средба во Стејт департментот со помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Андрју Стоу.

dobivaj vesti na viber

„На средбата се разговараше за постигнувањата во изминатите 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Република Северна Македонија и Соединетите Американски Држави, стратешкото партнерство, политичката и секторската соработка, како и потенцијалот за нивно понатамошно продлабочување“, соопшти Министерството.

Соговорниците заеднички ги потврдиле одличните билатерални и пријателски односи, засновани на вредностите на безбедност, демократија и слобода. Министерот Муцунски упатил благодарност за континуираната поддршка од САД во трансформацијата на општеството, зајакнувањето на капацитетите и спроведувањето на неопходните реформи.

На средбата станало збор и за силното сојузништво во НАТО, активната соработка во мултилатералните организации и заедничкиот придонес кон регионалната и глобалната стабилност и безбедност.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

(Видео) Алиу: Во рекордно време реализиравме над 1.250 вработувања во јавно здравство

Министерот за здравство, Азир Алиу заедно со заменик министерот, Јовица Андовски, ги поздравија присутните на отворањето на 27. Синдикална школа...

Свет2 часа

Полска подигна борбени авиони поради руски напади врз Украина

Полските воздухопловни сили, заедно со сојузнички сили од НАТО, утрово беа ставени во состојба на највисока борбена готовност поради масовните...

Свет3 часа

Лекорни: Франција размислува за воведување на опционален воен рок

Канцеларијата на францускиот премиер, Себастијан Лекорни, наговести дека е во тек воведување на ревидиран, опционален воен рок во земјата. Доброволниот...

Свет3 часа

Кошта: На 1 октомври ЕУ ќе разговара за одговорот на руските провокации

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, изјави дека лидерите на Европската унија ќе одржат состанок во Копенхаген на 1 октомври...

Свет3 часа

Руското министерство за одбрана ги отфрла наводите за нарушување на естонскиот воздушен простор

Руското Министерство за одбрана објави, во врска со обвинувањата на Естонија дека три руски борбени авиони го нарушиле воздушниот простор...

Свет3 часа

„Може да биде голем проблем“, рече Трамп за руското нарушување на воздушниот простор на Естонија

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека наскоро ќе добие детални информации за руското нарушување на воздушниот простор на Естонија и...

Свет3 часа

Премиерот на Естонија бара консултации по член 4 од НАТО поради руските авиони

Естонија одлучи да побара консултации согласно Член 4 од НАТО поради нарушувањето на нејзиниот воздушен простор од страна на руски...

Македонија20 часа

(Видео) 13 лица приведени по масовна тепачка пред Градската општа болница во Прилеп

Полицијата попладнево морала да интервенира во кругот на прилепската болница „Борка Талески“. По масовната тепачка што се случила пред општата...

Македонија22 часа

Шест лица завршија во болница по труење со храна на семинар во Куманово, развиле температура до 41 степен, повраќање и дијареа

Шест лица завршија со симптоми на труење по семинар одржан на 11 септември во ресторан во Куманово, соопшти Центарот за...

Македонија1 ден

(Видео) Либералите бараат воведување електронска белезица за насилниците: „Трагедијата на Росица да биде последна“

Либерално-демократската партија предлага воведување електронска белезица за насилниците по двојното убиство во Велес кога Илија, поранешниот партнер на Росица, ги...

Македонија1 ден

Под истрага четири лица, меѓу кои татко и ќерка за Трубарево – непрописно ги складирале батериите и тонерите, што ги загадија почвата и воздухот

Скопското Обвинителство отвори истрага против четири лица и една фирма поради загрозување на животната средина. Се сомничи дека во фирмата...

Македонија1 ден

Поврзаноста не се мери во „допаѓања“, туку во љубов и присуство, порача Ѓорге Иванов на Конгресот на религии во Казахстан

Во периодот од 15 до 18 септември, поранешниот претседател на Република Македонија (2009 – 2019), Ѓорге Иванов, учествуваше на осмиот...

Македонија1 ден

„По Апасиев и Мециновиќ, и Мојсоска си инкасирала пари од партијата додека критикувала за патни трошоци“, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Јована Мојсоска по примерот на нејзините сопартијци, Димитар Апасиев и Амар Мециновиќ, инкасирала големи суми на пари од партијата. Додека...

Македонија1 ден

Два активни пожара во Гази Баба и во Гевгелија, под контрола пожарот на „Дрисла“

Во изминатото деноноќие биле регистрирани вкупно 31 пожар на отворен простор. Според податоците на Центарот за управување со кризи, до...

Македонија1 ден

Стразбур ќе одлучува за струшката депонија: пример за домашните судови во борбата против загадувањето

Судот во Стразбур во наредниот период треба да расправа за депонијата во Струга, која го „труе“ градот. Неговата одлука ќе...

Европа1 ден

Путин го разреши заменик-шефот на администрацијата

Рускиот претседател Владимир Путин го разреши Дмитриј Козак од функцијата заменик-шеф на руската претседателска администрација со декрет. Декретот од една...

Свет1 ден

Германскиот канцелар: Tреба да одлучам дали да ги поддржам санкциите кон Израел

Германија ќе донесе одлука дали да ги поддржи санкциите на Европската Унија против Израел пред состанокот на Европската Унија во...

Свет1 ден

(Видео) Трамп го нападна градоначалникот на Лондон: „Тој е меѓу најлошите во светот“

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не сакал градоначалникот на Лондон, Садик Кан, да присуствува на државниот банкет во Велика...

Европа1 ден

МИ6 ќе бара нови шпиони на темната мрежа

Британските шпиони ќе ја користат „темната мрежа“ за регрутирање информатори и добивање класифицирани информации од агенти во Русија и низ...

Македонија2 дена

Побаран притвор за четири лица за пожарот на отпадот во Трубарево

Основното јавно обвинителство Скопје, по анализа на сите докази прибрани во предистрагата до овој момент, денеска донесе наредба за спроведување...