Македонија
Хеликоптер на МВР фрли 130 тони вода врз пожарите кај Јасен, Дупјани-кичевско и Галичица
Денеска хеликоптерот Ми-171 од Одделот за воздухопловни единици, дејствуваше врз три пожари и тоа во реонот на Јасен, Дупјани-Кичевско и Галичица, извести МВР.

Во текот на денот во 52 налети се исфрлени 130 тони вода, додаваат од МВР.


©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
АМСМ: Намалена видливост на повеќе патни правци
Намалена видливост и појава на магла утрово има во околината на Смојмирово и Буково до 50 метри, Ѓавато до 80метри, Струмица до 100м., Тетово до 40м., Петровец до 150м. и Делчево до 50м.
АМСМ информира дека сите државни патишта се проодни и безбедни за сообраќај. Сообраќајот се одвива непречено, но поради врнежите од снег се препорачува внимателно возење.
„Екипите на ЈП Македонија пат се целосно екипирани, ставена е на располагање потребната механизација и работна сила и во континуитет на терен се врши расчистување на снегот. Во соработка со ЈП за државни патишта и Министерство за транспорт се вршат координирани активности со цел да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на сообраќајот“, информира АМСМ.
Покрај внимателно и совесно управување со возилата, се препорачува задолжително употреба на зимска опрема, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и прилагодена брзина согласно условите на патните правци.
Исто така се препорачува навремено информирање од страна на сите информативни центри за условите и сообраќајот на државните патишта.
Македонија
Без струја делови од Ѓорче Петров и Гази Баба
Без струја денеска ќе бидат делови од општините Ѓорче Петров и Гази Баба.
„Од ЕВН Македонија АД добивме известување дека на ден 23.01.2025 (петок) без електрична енергија ке останат:
· во период од 09.00 до 13.00 часот корисниците, од Ул.Австралиска и Ул Николај Островскиво (општина Ѓорче Петров)
· во период од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од улиците со бр. 3, 4 и 5 во Инџиково (општина Гази Баба)“, оопшти РЦУК -Скопје.
Македонија
Променливо облачно време, од утре дожд и снег
Променливо облачно време со подолги сончеви периоди. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 2, а максималната ќе достигне од 6 до 10 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне ќе има појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 7 степени.
До утре времето ќе биде променливо облачно со пораст на дневната температура. По одделни котлини ќе има појава на магла. Од сабота кон крајот на денот се очекуваат локални врнежи од дожд, а на планините од снег.
Пообилни врнежи ќе има во недела во попладневните и ноќните часови, кога на повисоките места ќе преминуваат во снег. Врнежите ќе продолжат и во понеделник.

