Македонија
Хелсиншки комитет: Ромите се меѓу најранливите групи во состојба на пандемија
Денеска, на Меѓународниот ден на Ромите, повторно забележуваме дека Ромите и понатаму се соочуваат со континуирани тешкотии во остварувањето на правата во речиси сите области на општественото дејствување. Нема промена и подобрување ниту во имплементирање на активностите од важечката Стратегија за Ромите, затоа што државата и понатаму не успева да обезбеди целосно и ефикасно спроведување на стратегијата, која се наоѓа во последната година од својата важност, соопшти Хелсиншкиот комитет за човекови права.
„Во изминатата година кон Ромите беше регистрирана системска дискриминација, особено во непристапноста кон јавните услуги и добра, како што се на пример случаите на недозволување пристап на Ромите во пливачките базени. Ромите се соочуваат со нееднаков пристап и третман, а сè уште постои дискриминација и во однос на здравствени услуги и здравствената заштита.
Продолжува и сегрегацијата на децата Роми во образованието. Во ноември 2019 година Хелсиншкиот комитет, заедно со уште четири организации од Мрежата за заштита на права на Ромите, достави поднесок до специјалниот известувач за малцински прашања на Обединетите нации, во кој го информираше за три клучни проблеми околу употребата на ромскиот јазик во образованието. Трите точки остануваат еднакво релевантни и во овој момент, проблемот со недоволна промоција и информираност на учениците и родителите за можноста да се избере ромскиот јазик и култура како изборен предмет во основно образование, недостигот на учебници по предметот ромски јазик и култура за 6 – 9 одделение и недостигот на катедри по ромски јазик и професори по ромски јазик.
Дискриминацијата врз основа на етничка припадност, боја на кожа и маргинализирана група е длабоко вкоренета во општеството и државата не успева да преземе активни мерки за нејзино спречување. Вонредната состојба во која се наоѓаме поради пандемијата на Ковид-19 дополнително ја загрозува ромската етничка заедница, чии припадници често се соочени со екстремна сиромаштија, супстандардни услови за живот и недостиг на адекватна здравствена заштита, се додава во соопштението.
Во изјавата на комесарот за човекови права на Советот на Европа се нагласува дека Ромите се меѓу најранливите групи во состојба на пандемија во многу места низ Европа, со оглед дека многумина немаат пристап до чиста вода и санитетски материјали, што оневозможува ефективна примена на препорачаните мерки за хигиена. Исто така, еден од ефектите на карантинот и изолацијата е губењето на дневниот извор на приходи, што го отежнува остварувањето и на основните егзистенцијални потреби. Имајќи предвид дека последиците од вонредната состојба особено можат да ја погодат ромската заедница, како на социјален, така и на економски план, од институциите и Владата очекуваме специфични мерки за помош и солидарност со ромската заедница.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

