Контакт

Македонија

Хрватска го ратификува протоколот за членство на Македонија во НАТО

Објавено пред

Хрватското собрание со 116 гласа „за“ и два „против“ го ратификува протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО, објави ХРТ.

dobivaj vesti na viber

Претседателот на Собранието, Гордон Јандроковиќ, најави дека Хрватска ќе продолжи да ѝ дава поддршка на Северна Македонија на патот до членството во Европската Унија.

„Ѝ честитам на Република Северна Македонија за членството во НАТО“, додаде тој.

Македонија

МНР ги поздрави препораките на историската комисија

Објавено пред

Министерството за надворешни работи соопшти дека во целост ја поддржува работата на Комисијата за историски и образовни прашања со Република Бугарија, и ја поздравува вечерашната објава на препораките кои се дел од Протоколот потпишан меѓу двете земји во 2019 година.

dobivaj vesti na viber

Оттука велат дека работата на Комисијата, содржината на која што таа работа, е целосно автономна, суштински експертска и професионална, заштитена од било какви политички влијанија. Овој предуслов е содржан и во принципите на Протоколот потпишан меѓу двете министерства за надворешни работи, и преставува еден од клучните принципи кој обезбедува стручност и автентична експертиза во работата на Комисијата.

Понатаму, како што велат од МНР, претставените резултати од работата на Комисијата го задржуваат принципот на реципроцитет за двете земји, што претставува еден од суштинските елементи за градење на меѓусебната доверба и меѓусебна почит, принцип кој исто така е нотиран во содржината на Протоколот потпишан меѓу двете земји.

Трето, со објавените резултати Комисијата покажа дека со храбар но стручен и искрен пристап, историчарите можат да се изнајдат пристојни и автентични решенија, базирани на историските вистини кои почиваат на факти, а кои нудат можност за заедничко чествување на одредени историски настани, надминување на разликите, и создавање основа за изградба на стабилна заедничка иднина меѓу двете земји, смета МНР.

Министерството додава дека Комисијата за историски и образовни прашања со Бугарија и натаму ќе ја има нивната целосна поддршка, особено во насока на поддршка за автономијата во нивната работа.

„Сакаме и да ја охрабриме Комисијата да продолжи и понатаму со својата работа, ослободени од политичките притисоци кои се создаваат во јавноста, потпирајќи се на својата стручност, совесност и експертиза“, се додава во соопштението на МНР.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мицкоски позитивен на коронавирус

Објавено пред

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, развил симптоми на коронавирус, по што добил позитивен резултат на брз антигенски тест, соопштија од партијата.

dobivaj vesti na viber

Во текот на денот Мицкоски ќе биде тестиран со ПЦР-тест за вирусот Ковид-19.

Настанот во Марвово-Ростуше каде денес требаше да се обрати Мицкоски е откажан.

 

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Николова: Нема ништо спорно во препораките на историската комисија, и постои реципроцитет

Објавено пред

Во препораките на историската комисија нема ништо спорно и затскриено, тие се на принцип на реципроцитет, изјави на прес-конференција пратеничката од СДСМ, Даниела Николова.

dobivaj vesti na viber

Како што рече, со тоа пропаднале сите лаги на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски за менување и бришење на историјата, за историја по бугарски терк.

„Со месеци ВМРО-ДПМНЕ лажно обвинуваа, клеветеа, ширеа вознемиреност меѓу граѓаните, за на крајот нивните лаги да пукнат како меур од сапуница. Со усвоените и јавно објавени Препораки на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања, стана јасно дека во препораките нема ништо спорно и затскриено. Станува збор за две групи препораки – за заедничко чествување на пет личности и пет препораки за учебниците по историја за петти клас во Бугарија и за шесто одделение во Северна Македонија.
Усвоените препораки за учебниците во основното образование се на база на реципроцитет и ќе бидат доставени и до македонската и до бугарската влада“, рече Николова.

Посочи дека препораките се усвоени од стручна и независна комисија, без какви било политички влијанија и тие воопшто не ги допираат идентитетските прашања. На овој начин, рече Николова, се затвора уште едно отворено прашање, а при тоа македонскиот идентитет, македонската посебност за целосно заштитени.

ѓ

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Обвинителството ќе го испитува регистрирањето на бугарските здруженија во Македонија

Основното јавно обвинителство Охрид денеска по допрен глас оформи предмет за да ги испита наводите за евентуални пропусти при регистрацијата...

Македонија2 часа

ВМРО-НП: Тие што гласно се чудат да се прашаат зошто некој манипулирал и ги учел со лажни податоци

ВМРО-Народна партија го поздравува напредокот на двете историски комисии како чин на позитивниот пат на Северна Македонија кон Евро-атланската интеграција....

Економија2 часа

Од септември мерки за штедење на струја, државните институции ќе мора да ги намалат сметките за 15 отсто

Државните институции од септември ќе мора да ги намалат сметките за електрична енергија за 15 отсто во однос на истиот...

Регион2 часа

Курти за 1 септември: Обичен ден, а можеби и не

Косовскиот премиер Албин Курти тврди дека 1 септември ќе биде нормален ден. Тој вели дека не е загрижен оти 1...

Македонија2 часа

Регистрирани 590 нови случаи на коронавирус, починаа 2 лица

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.593 тестови,...

Македонија4 часа

Бугарските историчари прогласија победа: „Ќе продолжиме да ги браниме позициите и за јазикот, браќата Миладиновци и Гоце Делчев“

Двегодишната битка за одбрана на позицијата на Бугарија во историските спорови со Северна Македонија ја достигна првата победа. Ова се...

Регион6 часа

Ќе требаат нови операции за децата повредени во автобуската несреќа во Бугарија

Двете повредени деца, кои вчера од Стара Загора беа пренесени во болницата „Пирогов“ во Софија, сè уште се во тешка...

Македонија6 часа

Демократски сојуз: Грешки со историски димензии

Демократскиот сојуз предупредува на процес на сечење на македонските корени преку заедничката комисија за историски и образовни прашања, со што...

Македонија7 часа

СДСМ: Потонаа сите лаги на ВМРО-ДПМНЕ за наводно менување на историјата

„Паднаа во вода сите лаги на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски со кои со месеци ги вознемируваа граѓаните и се обидуваа...

Европа7 часа

Киевскиот градоначалник Виталиј Кличко се разведува по 25 години брак

Градоначалникот на Киев и поранешен светски шампион во бокс Виталиј Кличко (51) се разведува од сопругата Наталија, по 25 години...

Македонија7 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски да одговори, или уставни измени веднаш во Собрание или оставка и избори

„Секојдневните предавства од криминалната власт на СДСМ и ДУИ треба да престанат. Константните притисоци од власта на Ковачевски кон пратениците...

Европа7 часа

Путин: Тоа што го прави Западот е глупаво

Владимир Путин ги нарече „залудни“ обидите да се поништи руската култура и самата Русија. „Тоа е едноставно глупаво. А оние...

Европа7 часа

Зеленски ги разреши шефовите на безбедносните служби

Зеленски ги разреши шефовите на безбедносните служби на четири регионални одделенија. Според декретите објавени на претседателската веб-страница, Серхи Зајац беше...

Македонија1 ден

Цар Самоил, Кирил и Методиј и Климент и Наум твореле во бугарската голема средновековна држава, се вели во препораката за заедничко чествување

Тоа што живееле и твореле на денешната територија на Македонија, во бугарската голема средновековна држава им е единственото заедничко на...

Македонија1 ден

(Видео) Комисијата препорача заедничко чествување на цар Самоил, Кирил и Методиј и Климент и Наум, ќе има и измени на антиката во учебниците

Комисијата за историски прашања даде препораки за заеднички чествувања на цар Самоил, светите Кирил и Методиј и светите Климент и...

Македонија1 ден

Петровска: Одлуките за донација на воена помош за Украина се одлуки на суверена и самостојна држава

Одлуките за донација на воена помош и вооружување за Украина се одлуки на суверена и самостојна држава, без оглед на...

Македонија1 ден

Бугарска фондација стави бугарско знаме пред споменикот на Гоце Делчев во Скопје и се пофали дека го исчистила

Бугарската фондација „Македонија“ на социјалната мрежа Фејсбук објави дека го исчистила споменикот на Гоце Делчев во Скопје, ставајќи до него...

Регион1 ден

Лончар: Едно дете е оперирано, а на еден патник му беше ампутирана ногата

Министерот за здравство на Србија, Златибор Лончар по посетата на повредените во несреќата во Бугарија изјави дека нема загинати. „Ги...

Македонија1 ден

Власта да се извини за исвиркувањето на македонскиот јазик на прославата на ДУИ, порача опозицијата

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ побара од Владата на СДСМ и ДУИ, да се извини за исвиркувањето на прославата за Рамковниот договор, што...

Македонија1 ден

Македонскиот ПЕН-центар со осуда за нападот врз светски познатиот автор Салман Ружди

Македонскиот ПЕН-центар со длабока индигнација и згрозеност го осудува бруталниот напад врз светски познатиот автор Салман Ружди, кој целото свое...