Контакт

Македонија

Царинската управа заплени 139 килограми марихуана на граничниот премин Дојран

Објавено пред

Мобилните тимови од Секторот за контрола и истраги при Царинската управа спречија обид за криумчарење на 139 килограми марихуана.

Дрогата била затекната при контрола на товарно возило на Граничниот премин Дојран.

Дрогата е запленета, а по собирање на доказите и утврдување на сите околности за настанот, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава против осомничениот по член 215 од Кривичниот закон.

Македонија

Руската амбасада изненадена од изјавите на министерката за одбрана, Славјанка Петровска

Објавено пред

Од руската амбасада во земјата велат дека со изненадување ги следат изјавите што последниве денови ги дава министерката за одбрана, Славјанка Петровска, во однос на ситуацијата со Украина.

За руското дипломатско претставништво спорни се две изјави на министерката од 23 и 24 јануари, при што првиот пат посочила дека „поставувањето на вооружените сили од страна на Руската Федерација е провокативно и има дестабилизирачко дејствување“, а со втората изјава најавила „изготвување анализи за можностите за потенцијално учество“ на македонската Армија во случај на руска инвазија на Украина.

„Русија никогаш никаде не му се заканувала на украинскиот народ и нема намера да презема никакви агресивни дејства. Со други зборови, нема да извршиме напад, инвазија или да ја погодиме Украина. Во однос на руските трупи – тие се движат на сопствената територија и имаат целосно право на тоа.

Што се однесува до Украина, Киев продолжува тврдоглаво да ги избегнува своите обврски од договорите од Минск, кои вклучуваат, особено воспоставување директен дијалог со Донецк и Луганск, и внесување во Уставот посебен статус на Донбас. Доследно и целосно спроведување на пакет-мерките од Минск од 2015 година како безалтернативна основа за разрешување е неопходен услов за решавање на внатреукраинската криза“, посочуваат од руската амбасада во земјата.

Во соопштението се објаснува дека Русија гледа ризик во тоа дека Украина ќе стане поинтегрирана во НАТО, дури и без да добие формален статус на членка на алијансата.

„Тоа е она што директно влијае на безбедносните интереси на Русија. Постигнувањето пресврт во оваа ситуација е во фокусот на нашето внимание. Ова е основата на нашите предлози за обезбедување цврсти, правно обврзувачки гаранции за безбедност од страна на САД и НАТО“, посочуваат од руската амасада, од каде што изразуваат надеж дека министерката Петровска ќе ја земе предвид реалната состојба при поставувањето на приоритетите на Министерството со кое раководи.

Прикажи повеќе...

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид: Кривичните пријави се политички монтирани

Објавено пред

Од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид соопштија дека ја осудуваат хајката што се води против градоначалникот Пецаков, а властите молчат за премиерот Ковачевски.

Од таму велат дека се работи за политички монтирани случаи за градоначалникот Кирил Пецаков и секретарот Александар Китески.

„Сагата продолжува со избрзани и неосновани кривични пријави од страна на СВР Охрид. По партиска директива, не дочекаа ниту да им заврши изолацијата и покрај добиените негативни тестови, па да ги повикаат на информативен разговор. Прашањето е како успеаја да ги соберат информациите и податоците, без изјави, особено од засегнатите страни, за така да ја состават кривичната пријава и да ја достават до надлежниот јавен обвинител?

Кривичните пријави не се ништо ново, туку продолжување на серијата за партиското дејствување на МВР. Доказ за тоа е дека Ковачевски и Зечевиќ ги изложија на ризик граѓаните, а за таквите чекори властите молчат. Зошто за МВР во овие случаи нема постоење основи на сомнение за сторено кривично дело непостапување според здравствените прописи за време на епидемија?“, изјави Перчо Божиновски, шеф на центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.

Тој додава дека и Ковачевски, наместо во изолација при тестирање за патување во Бугарија, бил пред камери, давал изјави и се фотографирал на настани.

Институциите, наместо да бидат во служба на СДСМ, треба веднаш да поднесат кривични пријави за Ковачевски и Зечевиќ, порача Божиновски.

Прикажи повеќе...

Македонија

Ковачевски – Борисов: Да се развива довербата и да продолжи поддршката од Бугарија за членство на Македонија во ЕУ

Објавено пред

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, покрај програмата за неговата официјална посета на Република Бугарија, одржа уште неколку активности, меѓу кои и средбата со Бојко Борисов и раководството на партијата ГЕРБ.

Ковачевски на средбата нагласи дека македонската Влада е подготвена за видливи и мерливи резултати од реалниот интерес на граѓаните, кои се фокусираат на враќање на довербата меѓу двата народа за да се реафирмираат пријателските односи и да се поттикне политичкиот дијалог за решавање на чувствителните прашања што се отворија меѓу двете земји.

За таа цел, на денешната заедничка седница, рече премиерот Ковачевски на средбата со Борисов, се формирани работните групи за повеќе одделни области, кои утврдија акциски планови за најважните приоритети, како, на пример, Коридорот 8.

Претседателот на Владата, Ковачевски, на средбата со претседателот на ГЕРБ, Бојко Борисов, истакна дека очекува оваа партија, иако сега во опозиција, да продолжи со политиките за поддршка на Северна Македонија во нејзините аспирации за членство во ЕУ.

Претседателот на ГЕРБ, Борисов, од своја страна, потенцира дека треба да се искористи иницираниот процес за надминување на разликите за да се врати довербата како придонес кон европските интеграции на Северна Македонија.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион1 час

Возачот е виновен за автобуската несреќа на „Струма“, заклучи бугарското Обвинителство

Бугарското Обвинителство ја заврши истрагата за автобуската несреќа на автопатот „Струма“, во која загинаа 45 македонски државјани. Заменик-главниот обвинител Борислав...

Регион2 часа

Милановиќ: Хрватски војници нема да одат во Украина

Претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ, денеска изјави дека ако дојде до ескалација, Хрватска ќе ги повлече сите свои војници од...

Македонија4 часа

Рекордни бројки: 2.341 новозаразен од коронавирус, починале 26

Министерството за здравство информира, во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа направени се...

Свет4 часа

(Видео) Насилни протести во Киев – демонстранти се обидоа да влезат во парламентот

По протестот во Киев, избувна тепачка меѓу насобраните и полицијата. Неофицијално, има и загинати. Претприемачите, кои бараа даночни олеснувања, се...

Македонија5 часа

Ковачевски – Радев: Преку дијалог да дојдеме до решенија што ги почитуваат европските вредности и достоинството на двата народи

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, придружуван од Артан Груби – прв заменик на претседателот на Владата и министер за политички...

Европа7 часа

Oд 1 февруари нови правила за патување во рамки на ЕУ

Советот на ЕУ усвои ревидирана препорака за мерките кои влијаат на слободното движење за време на пандемијата Ковид-19, според која...

Македонија8 часа

Кривични за градоначалникот Пецаков и секретарот Китески, место да се изолираат отишле на прославата на Водици

Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава за градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, кој по тестирањето за Ковид-19 не се...

Македонија8 часа

(Видео) Ковачевски и Петков задоволни од меѓувладината седница и плановите на петте работни групи

Премиерите Димитар Ковачевски и Кирил Петков на прес-конференцијата од крајот на заедничката седница на Владите на Северна Македонија и Бугарија...

Македонија9 часа

Почина маестро Александар Џамбазов

Денеска во Скопје на 85-годишна возраст почина диригентот и композитор Александар Џамбазов, објави Сојузот на композитори на Македонија (СОКОМ). „Сојузот...

Македонија10 часа

Милошоски: Османи во Собранието да ги презентира македонските одговори на бугарските барања

Со писмо упатено до министерот за надворешни работи бараме да дојде пред Комисијата за надворешна политика во Собранието и да...

Македонија11 час

Рашковски тврди дека го местат и побара Наќе Чулев да сведочи за софтверот

Ексгенералниот секретар Драги Рашковски тврди дека обвинителката Ивана Трајчева на компјутерски програм си пишувала пораки што ги прикажала како негова...

Македонија12 часа

(Видео) Ковачевски – Петков: Напредок во пријателството наместо национализам и говор на омраза

Премиерот Димитар Ковачевски, придружуван од министрите кои се дел од делегацијата на Владата на Република Северна Македонија, утринава пристигнаа во...

Македонија13 часа

Минатата недела регистрирани 11.610 нови случаи на Ковид-19

Регистрирани сe 11.610 нови позитивни случаи од 35 градови во државата, со зголемување од 4,5% во однос на минатата недела...

Македонија13 часа

Препорака за кратење на периодот на изолација од 10 на 7 дена

Главниот координативен кризен штаб синоќа ја одржа својата втора седница, на која министерот за здравство Беким Сали ја презентираше актуелната...

Свет13 часа

Украинскиот министер призна: Немаме информации дека Русија подготвува офанзива

Вооружените сили на Русија досега не формирале ниту една ударна група, што би укажало дека се подготвува напад на Украина,...

Свет14 часа

Џозеф Бајден фатен како пцуе новинар на Фокс откако го праша за инфлација

Американскиот претседател Џо Бајден беше фатен во понеделникот како пцуе новинар на „Фокс њуз“ на настан во Белата куќа, откако...

Свет24 часа

Контингент од 8.500 војници во САД е во состојба на готовност поради ситуацијата во Украина

Американската војска денеска соопшти дека контингент од 8.500 војници е во целосна готвоност и е подготвен да биде распореден во...

Свет1 ден

СЗО: Условите се идеални за појава на нови варијанти на вирусот

Генералниот директор на Светската здравствена организација, Тедрос Гебрејсус, денеска изјави дека би било опасно да се мисли дека екстремно заразниот...

Македонија1 ден

Вкупно 22 починати и 718 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 3.044 теста, а регистрирани се 718 нови случаи на...

Македонија1 ден

(Видео) Премиерот Ковачевски во Софија пречекан со највисоки почести

Со највисоки државнички почести и церемонија што се одржа попладнево на плоштадот Александар Невски во Софија, бугарскиот премиер Кирил Петков...

Досие