Македонија
Царовска: Брвеница за првпат ќе добие градинка со капацитет за 80 деца
Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, и градоначалникот Енвер Пајазити денеска беа на увид на градежните активности на новата градинка во општина Брвеница. Со новиот објект се обезбедува простор за 80 деца, и тоа во населено места каде што досега воопшто немаше градинка.
„Со изградбата на оваа детска градинка во општина Брвеница, каде што досега немаше објект за згрижување деца, ги реализирамe стратешките цели за вклучување на децата, особено на најмладите од руралните средини во системот на детската заштита. Наша крајна цел е да го зголемиме опфатот на деца во предучилишното образование за 50%, бидејќи раниот детски развој е клучен за понатамоштниот развој на секое дете. Како Влада продолжуваме посветено да градиме по план и да инвестираме во иднината на нашата држава“, изјави Царовска.
За изградба и опремување на градинката во Брвеница МТСП издвои средства во износ од околу 26,6 милиони денари.
Министерството за труд и социјална политика продолжува да ги подобрува условите и квалитетот во детската заштитa. Oд мај 2017 до мај годинава МТСП инвестираше во изградба, реконструкција и опремување на вкупно 31 објект за детска заштита. Во тек е изградба и опремување на уште 12 објекти. Истовремено ги јакнеме професионалните компетенции на кадарот и го враќаме достоинството на професијата воспитувач со зголемувањето на платите во просек за 16% и за дополнителни 5% на септемвриската плата којашто ќе биде исплатена во октомври.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

