Контакт

Македонија

Царовска во посета на средното уметничко училиште

Објавено пред

Министерката за образование и наука, Мила Царовска, денес, по повод почетокот на второто полугодие, го посети средното уметничко училиште ДСУЛУД „Лазар Личеноски“ во Скопје. Наставата во ова училиште се одвива со физичко присуство и е приспособена на практичната настава на учениците.

Царовска на состанокот со директорот на училиштето, Филип Фидановски, истакна дека МОН според препораките на Комисијата за заразни болести ги обезбеди сите услови за непречена реализација на наставата во време на пандемија.

„Веќе воспоставениот хибриден модел од првото полугодие се покажа како успешен и наставата продолжува по истиот модел. На овој начин се обезбедува континуитет на наставата во второто полугодие по веќе воспоставениот успешен модел од првото полугодие што е во интерес и на учениците и на наставниците и на јавното здравје“, рече Царовска.

Директорот Фидановски рече дека им дава целосна поддршка на реформските процеси во основното образование бидејќи, како што рече, со нив образовниот систем се приспособува на оние во најразвиените земји од светот и од Европа.

Посетата беше искористена за да се видат условите за настава во училиштето и да се поразговара за можни инвестиции.

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Никој не верува дека поради истрагата на Заев му паднала температурата на Мијалков

Објавено пред

Заев направи циркуз, никој не верува дека како резултат на истрагата на Заев му паднала температурата на Мијалков, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, преку соопштение.

Според партијата, бурната реакција на народот спречила Мијалков да избега, а министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, треба да си поднесе оставка веднаш.

„Да не беше реакцијата од јавноста Мијалков немаше да се пријави во ЈО. Спасовски два дена не можеше да го лоцира Мијалков и системот целосно потфрли. Потребна е одговорност. Тоа што Мијалков побегна пред очите на полицијата говори дека тој имал информации за нејзиното движење кои може само да ги има врвот на власта Спасовски и Заев. Јасно се гледа коалицијата Зоран – Вице – Сашо. Македонија е заробена од овие криминалци и потребни се итни оставки“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Опозицијата очекува партиите во парламентот да се одважат и да му се изгласа интерпелација на Спасовски, а подоцна и да се формира експертска влада за организирање на избори локални и парламентарни.

 

Прикажи повеќе...

Македонија

Oд утре почнува етапната исплата на пензиите

Објавено пред

Oд утре почнува етапната исплата на февруарските пензии. Министерството за труд и социјална политика информира дека пензиите ќе бидат исплатени предвреме и етапно, со цел да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот.

Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата:

-За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 25.02.2021 година (четврток);

-За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 26.02.2021 година (петок);

-За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 01.03.2021 година (понеделник); и

-За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 02.03.2021 година (вторник).

Пензионерите кои користат платежна картичка, поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, со парите можат да располагаат од 25 февруари (четврток). Тие можат да ја подигнат пензијата на банкомат, да ги користат средствата за плаќање во трговската мрежа или за електронски плаќања.

Етапното процесирање на пензиите ќе овозможи спроведување на препораките и мерките за спречување и ширење на вирусот, со оглед на тоа што пензионерите како возрасна група се најранливи.

Министерството за труд и социјална политика укажува дека пензиите се сигурни на сметките на корисниците, пензискиот систем е стабилен и функционира без проблеми.

Апелираат до пензионерите да се придржуваат до распоредот за исплати, затоа што етапната исплата е направена со цел да се намали метежот пред банките и можностите за загрозување на личното и јавното здравје.

Задолжително е носење лична заштитна опрема којашто ги покрива пределот на носот и устата како и  држење растојание при чекање ред пред и внатре во банките.

Прикажи повеќе...

Македонија

Денеска ќе пристигне втората пратка вакцини од Србија

Објавено пред

Денеска треба да пристигне втората пратка од вакцините на „Фајзер“, што ќе ја достави Србија.

Министерот за здравство, Венко Филипче, на граничниот премин Табановце ќе ја пречека делегацијата предводена од министерот за здравство на Република Србија, Златибор Лончар, кој ќе ја предаде втората пратка од осумте илјади вакцини.

Првата пратка од вакцините пристигна пред речиси десет дена. Тогаш вакцините на премиерот Зоран Заев му ги предаде српскиот претседател Александар Вучиќ. Со првите вакцини почна вакцинацијата на медицинскиот персонал во ковид-центрите во земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија7 минути

ВМРО-ДПМНЕ: Никој не верува дека поради истрагата на Заев му паднала температурата на Мијалков

Заев направи циркуз, никој не верува дека како резултат на истрагата на Заев му паднала температурата на Мијалков, велат од...

Македонија46 минути

Денеска ќе пристигне втората пратка вакцини од Србија

Денеска треба да пристигне втората пратка од вакцините на „Фајзер“, што ќе ја достави Србија. Министерот за здравство, Венко Филипче,...

Свет11 час

(Видео) Тајгер Вудс се бори за живот по тешка сообраќајна несреќа во Лос Анџелес

Најдобриот голфер Тајгер Вудс се бори за живот по тешка сообраќајна несреќа што се случи денеска во близина на Лос...

Македонија12 часа

Мијалков однесен во домашен притвор на Водно

Во полициски автомобил со затемнети стакла Сашо Мијалков беше изнесен од Обвинителството за гонење организиран криминал. Автомобилот беше во придружба...

Македонија13 часа

Русковска: Не верувам дека Мијалков бил болен

Обвинителката Вилма Русковска рече дека е среќна што ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, сам се пријавил во Обвинителството. Таа објасни...

Македонија13 часа

И без сознанија за бегство, одреден куќен притвор за Миле Јанакиески

Определен нов куќен притвор за ексминистерот Миле Јанакиески за предметот ТНТ откога обвинителите забележале дека не може да му го...

Македонија14 часа

( Видео) Заев: Мијалков избега и тоа што се појави не е олеснителна околност

Правдата е обезбедена и ќе ја има повеќе и почесто и ќе следува ваков одговор кога некој ќе сака да...

Македонија15 часа

Мијалков се појави во Обвинителството, тврди дека бил во изолација

Ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, по два дена, попладнево сам се појави во Обвинителството за организиран криминал во Скопје за...

Македонија19 часа

(Видео) „Ова е објавување војна“ – роднините на осудените во „Монструм“ најавија протест

Бедри Ајдари, братот на осудениот во „Монструм” Фејзи Азири, повика на протести поради казните изречени од кривичниот суд. Тој по...

Македонија20 часа

Мицкоски: Бегството на Мијалков беше договорено, време е за техничка влада

Дадовме 24 часа вашата истрага да даде резултат, ама договорено беше бегството на Мијалков, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски,...

Македонија21 час

(Видео) Тројца обвинети во „Монструм“ добија доживотен затвор, двајца од нив се во бегство

Тројца обвинети во случајот „Монструм“ се осудени на доживотен затвор, двајца на 9 и 15 години, а еден е ослободен....

Македонија22 часа

Радев: 100.000 граѓани во Македонија имаат бугарско државјанство, да се почитуваат нивните права

Бугарскиот претседател, Румен Радев, повикува на навремен одговор од одговорните институции во Бугарија и Македонија за проблемите со кои се...

Регион23 часа

„Организацијата е нула“ – огромни редици за вакцинирање во Загреб

Утрово голем број луѓе се собраа во Загреб, каде вакцинацијата почнува денеска, како дел од втората фаза. Иако вакцинирањето започна...

Европа23 часа

Британски студии: Вакцините драстично го намалуваат бројот на хоспитализирани лица

Две одделни британски студии покажаа дека вакцинацијата придонесува за драстично намалување на бројот на хоспитализирани лица поради Ковид-19, објави денес...

Македонија23 часа

Досега вакцинирани 1.155 здравствени работници во Македонија

Досега 1.155 здравствени работници ја примиле вакцината против Ковид-19 во Македонија, информира министерот за здравство, Венко Филипче. Тој уверува дека...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ: Спасовски веднаш да даде оставка, знаел за бегството на Мијалков

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, да даде оставка веднаш, бара ВМРО-ДПМНЕ, по бегството на Сашо Мијалков. „Оливер Спасовски да...

Спорт2 дена

Мецелдер и формално обвинет за поседување детска порнографија

Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, Борусија Дортмунд и на Шалке, Криштоф Мецелдер, и формално е обвинет за поседување и распространување...

Македонија2 дена

Претрес на автомобилот на oбезбедувањето на Мијалков, запленети „ајфони“ и документи

По повеќе од три часа на распит, полицијата направи и претрес во возилото „пасат“, кое неофицијално припаѓа на обезбедувањето на...

Македонија2 дена

Стејт департментот: Ја следиме ситуацијата со Мијалков

Одблизу ја следиме ситуацијата со Сашо Мијалков, изјави портпаролот на Стејт департментот за „Гласот на Америка“. Оттука велат дека се...

Свет2 дена

СЗО: Богатите земји да не ја уништуваат програмата „Ковакс“

Шефот на СЗО ги обвини некои од богатите земји за поткопување на програмата „Ковакс“ за дистрибуција на антивирусната вакцина наменета...

Досие