Контакт

Македонија

Царовска и Шкријељ: Соработката со граѓанските организации е исклучително важна

Објавено пред

Заменичката на претседателот на Владата задолжена за економски прашања Мила Царовска и дополнителната заменик министерка за труд и социјална политика Санела Шкријељ одржаа состанок со претставници на граѓанските организации од Охрид и регионот. На состанокот се дискутираше за спроведувањето на мерките и препораките на Владата во делот на времените мерки и испораката на услуги кон особено ранливите групи.

Сите заедно треба да овозможиме почитување на мерките и препораките на Владата во делот на заштитата на работничките права, почитувањето на протоколите за работа и користењето на државна помош. Владата, како и во целиот изминат тригодишен период, во граѓанските организации гледа партнер кој е вклучен во креирањето и спроведувањето на регулативата, партнер чија принципелна поддршка секогаш е добредојдена. Според Царовска, во специфичните услови во кои се наоѓаме, многу е важна директната соработка и координација меѓу граѓанските организации од една страна и инспекторатите и останатите владини институции од друга, во пријавувањето на случаи на прекршување на работничките и граѓанските права.

Ова е криза од која ќе излеземе како победници, само ако направиме баланс меѓу заштитата на правата на работниците и на бизнисот и ако во заедничката битка придонесат сите.

Според дополнителната заменик министерка Шкријељ, придонесот на граѓанскиот сектор особено е видлив во предизвикувачки состојби. Невладините организации се на првата линија на поддршка на најранливите категории граѓани, кои коронакризата и најмногу ги погоди. И Министерството за труд и социјална политика и невладиниот сектор ја оценуваат соработката како исклучително коректна, а граѓанските организации се вклучени во сите реформски процеси што Министерството ги спроведува.

Владата и граѓанските организации одржуваат редовни координативни состаноци во кризни услови а активностите ќе продолжат и во наредниот период, се со цел да се обезбедат двете основни функции-заштита на правата на граѓаните и целосното почитување на донесените владини одлуки.  

Македонија

Ибрахим: Уверен сум дека политката на заедништво ќе добие голема поддршка на 15 јули

Објавено пред

Претседателот на Партијата за движење на Турците (ТХП), воедно и кандидат за пратеник, Енес Ибрахим се сретна со граѓаните од Гостивар и ги изнесе клучните точки од изборната програма на ТХП.

Ибрахим во својот говор истакна дека разликите меѓу, како што кажа, режимскиот период и последните три години е очигледна.

„Од поделено општество и разнебитени граѓани создадовме општество кое нуди еднакви можности на сите, општество кое се одликува со солидарност, заедништво и слободарски дух. Во нашиот концепт нема место за раздор, бидејќи разноликоста ја перципираме како предност и богатство на оваа земја, а Гостивар е светол пример на средина каде сите заедници функционираат во кохезија“, рече претседателот на ТХП, изразувајќи уверување дека на 15 Јули граѓаните ќе потврдат дека се за континуитет на успешните политики од изминатите три години и ќе дадат огромна поддршка на кандидатските листи на коалицијата „Можеме“.

Прикажи повеќе...

Македонија

ДУИ: Три години нула данок за секој кој за првпат се вработува на возраст под 35 години

Објавено пред

Kандидатот за премиер на ДУИ, Насер Зибери, во паркот Чаир оствари средба со младите каде ги откри младинските политики и заложби за првите 100 дена како премиер.

„Јас сум тука за вас младите, а клучниот дел од мојата програма претставена за првите 100 дена е зајакнување на економијата и создавање можности за вас, и ова го испланирав преку серија мерки. Првично, ќе го намалиме на нула персоналниот данок за три години за секој кој за првпат се вработува под 35-годишна возраст“, истакна Зибери.

Додаде дека Владата, исто така, ќе субвенционира 50 отсто од социјалните придонеси во наредните три години за секое ново работно место, што ќе ја подобри нејзината правична и соодветна застапеност на сите етнички заедници во приватни претпријатија.

„На овој начин, албанската младина ќе има повеќе можности за работа во земјата, повеќе можности за попросперитетна иднина, како и можности да се чувствуваат професионално реализирани овде, во земјата“, рече Зибери.

Инвестирајте во вашите студии, вели тој, затоа што со започнувањето на преговорите со ЕУ, ќе имате многу можности да придонесете во многу различни области, а во блиска иднина, како земја членка на Европската Унија, ќе имате пристап до позиции на кои се носат одлуки. Не само во нашата земја, туку и во круговите каде се носат одлуки на Европската комисија.

„Она што нашата генерација мораше да го постигне преку војна, вие можете едноставно да го постигнете преку вашиот глас на 15 јули “, истакна Зибери.

Меѓу заложбите кои се преземаат за младите луѓе, Зибери ја истакна важноста за отворање стручни училишта во секоја општина и создавање Фонд за унапредување на знаењето, поддршка за иновации и деловни вештини кај младите.

Прикажи повеќе...

Македонија

Шахпаска: Јанушев се заканува дека ќе тепа жени од својата партија

Објавено пред

Денеска уште една бомба одекна во јавноста во која граѓаните можат да го слушнат генералниот секретар Игор Јанушев во разговор со Миле Јанакиевски како се заканува дека цитирам „ќе ѝ удрел бокс во фаца“ на жена од општинскиот комитет, изјави на прес-конференција Јагода Шахпаска, носителка во ИЕ 3.

„Огромно лицемерие стои и зад нивниот слоган ‘Исправи се’ затоа што секојдневно потврдуваат дека зад маската што  ја носат стои понижувачки, недоличен, неодговорен однос кон граѓаните, а со последната бомба и демонстрирање на родово насилство. И не само тоа, дури и во своите партиски редови ВМРО-ДПМНЕ не почитува родова еднаквост, а со тоа не ги почитува жените, како еднакви и рамноправни на мажите. И наспроти ова лице на ВМРО-ДПМНЕ стои СДСМ и коалицијата која работи, дејствува и се бори против сите форми на насилство врз жените. Парламентарното мнозинство на СДСМ и коалицијата донесе нов Закон за спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство коишто за првпат е целосно усогласен со елементите на Истанбулската конвенција“, изјави Шахпаска.

Таа додаде дека СДСМ ветил и остварил родова еднаквост во партијата, 50-50 застапеност на жените во политиката, а тоа го потврдуваат и двојните носители на листи за претстојните избори.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет22 минути

(Видео) Најмалку 41 повреден во експлозија во фабрика за огномети во Турција

Најмалку 41 лице е повредено по експлозијата во фабрика за огномети во северозападната турска провинција Сакарија, пренесува „Хуриет дејли њуз“....

Македонија43 минути

Засега нема затворање на границите со Србија и Косово

Границите со Србија и Косово остануваат отворени, откако Комисијата за заразни болести не даде препорака тие да бидат затворени поради...

Македонија2 часа

Во функција тестовите за брза дијагностика на Ковид-19 за родилки и пациенти пред интервенција

Министерството за здравство информира дека тестови за брза дијагностика на присуство на вирусот Sars-Cov-2 се распределени и истите почнуваат да...

Свет2 часа

Научниците докажаа: Нова верзија на коронавирус се шири низ целиот свет, до 6 пати позаразна

Мутирана верзија на новиот коронавирус што предизвикува Kовид-19, која е распространета денес во светот, во лабораторија се покажа дека е...

Македонија2 часа

Принуден карантин за поранешната манекенка Накова, која место во самоизолација била на базен

Поранешната манекенка Александра Накова-Гајдаџиев вчера попладне била уапсена на базен во Гевгелија бидејќи не го почитувала решението за самоизолација, потврдија...

Македонија2 часа

Директорката на кумановската болница е позитивна на коронавирус

Директорката на Општа болница Куманово, Снежана Захариева, утрово на социјалните мрежи објави дека е позитивна на Ковид-19. „Како за добро...

Регион3 часа

Прогласена вонредна состојба во Белград

Во Белград денеска е прогласена вонредна состојба како резултат на влошената епидемиолошка состојба. Ваквата одлука е донесена на седницата на...

Европа3 часа

Падна француската влада, премиерот поднесе оставка

Францускиот премиер, Едуард Филип, денеска поднесе оставка пред реконструкцијата на владата што ќе ја спроведе претседателот Емануел Макрон за зајакнување...

Свет3 часа

СЗО: Во моментов на луѓе се тестираат 17 потенцијални вакцини против коронавирус

Седумнаесет можни вакцини против коронавирусот во моментов се тестираат на луѓе, соопшти Светската здравствена организација (СЗО). Од нив најмногу напредува...

Македонија4 часа

Хоспитализирани над 400 пациенти поради коронавирус во земјава, меѓу нив 6 се деца

Во Македонија засега хоспитализитани се 407 пациенти заболени со Ковид-19. Според последните податоци, на Инфективната клиника вкупно се примени 90...

Свет4 часа

Бројките вртоглаво растат – 10,53 милиони заболени во светот и 176 илјади новозаразени со коронавирус за еден ден

Во светот се регистрирани повеќе од 176.000 нови случаи на коронавирус, а вкупниот број заразени надмина 10,53 милиони. Според Светската...

Македонија5 часа

Епидемиолозите ќе одлучуваат дали ќе се затворат границите со Србија и Косово

Со оглед на развојот на ситуацијата со коронавирусот во соседството, Комисијата за заразни болести  се очекува денеска да разговара за...

Регион5 часа

(Видео) По протестите во Белград, надлежните тврдат дека студентите ќе останат во домовите

По синоќешните протести во Белград, надлежните тврдат дека студентите нема да бидат иселени од домовите поради експанзијата на заболени од...

Македонија16 часа

Затвореникот од „Идризово“ се заразил на викенд, 18 затвореници се во самоизолација

Осумнаесет затвореници од затворот „Идризово“ се во самоизолација поради контакт со осуденик што се заразил со коронавирус. Директорот Боби Мојсовски...

Свет19 часа

СЗО: Ризикот за смртност од коронавирус е поголем кај пушачите

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека пушењето цигари може да предизвика потежок облик на болеста Ковид-19 и поголема смртност кај...

Спорт19 часа

„Ролан Гарос“ ќе се игра пред 60 отсто полни трибини

„Ролан Гарос“ ќе дозволи трибините да бидат полни со навивачи до 60 отсто и покрај пандемијата на коронавирусот, односно максимално...

Македонија20 часа

Новинарите ќе добијат бесплатни тестови на коронавирус

Министерството за здравство на барање на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) во наредните денови ќе организира бесплатен скрининг за...

Македонија21 час

Милошоски со втор негативен тест на Ковид-19

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, објави на социјалните мрежи дека и вториот тест на Ковид-19 му е негативен. „Почитувани пријатели,...

Македонија22 часа

Градоначалникот на Охрид бара поддршка за уривање на дивоградбите на охридското крајбрежје

„Процесот на рушење на дивоградби во Охрид ќе трае и можеби ќе треба да го продолжи некој друг градоначалник по...

Македонија22 часа

15 починати и 173 нови случаи на Ковид-19 во земјава

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.653 тестирања, а регистрирани се 173 нови случаи на...

Досие