Македонија
Царовска: Најважно е сите да соработуваме за да имаме успешна училишна година
Министерката за образование и наука, Мила Царовска, го посети општинското основно училиште „Кирил и Методиј“ во Тетово, каде што наставата ќе се одвива со физичко присуство од прво до трето одделение, а во погорните одделенија со настава од далечина.
„Ако заедно се соочуваме со предизвиците, тие полесно се надминуваат. Ова се покажува и во училиштето ’Кирил и Методиј’, каде што соработката на локалната самоуправа и училиштето, како и целосното вложување на наставниците, резултираат со подготвеност за почеток на училишната година на двата начина. Видовме дека се почитуваат мерките и протоколите за безбедно одвивање на наставата, направено е обележување на патеките, набавени се топломери, а клупите се поставени на пропишаното растојание. Наставниците се вклучени во тестирањето на онлајн-платформата“, изјави министерката Царовска.
Градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, истакна дека соработката на сите нивоа ќе биде клучна за одвивањето на наставата во услови на пандемија.
„Сите сме свесни дека ова е чувствителен период, школска година што не личи на други. Сите мора да бидеме солидарни и со разбирање во целиот овој процес“, рече Арифи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска дел од Карпош
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09:00 до 15:00 часот, дел од корисниците на ул. Струшка бр.7А (општина Карпош)
Македонија
До сабота ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд пообилни во источните делови. На повисоките планини врнежите ќе преминуваат во снег, а на некои од повисоките места од дожд и снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 6 до 11 степени.
Во Скопје, претежно облачно, со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.
Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
До сабота ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд. Пообилни врнежи се очекуваат денес (над 25 l/m² за 24 часа). Денеска на планините врнежите ќе преминуваат во снег, а во некои од повисоките места ќе бидат од дожд и снег. Од денеска ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска:
· поради промена на вентил во шахта од Ф-6/4 (во објект на Министерство за Одбрана) на ул.1732 бр.32 во општина Центар, со прекинато водоснабдување ќе бидат, Собрание на град Скопје, општина Центар, Ноќен клуб Маракана и Сити Хотел од 09:00 часот до завршување со активностите. (oпштина Центар)
· поради промена на вентил во шахта од Ф-2“на ул.Македонија бб (кај Хотел Буши) во општина Центар, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците на дел од ул. Македонија (односно потегот од ул. Даме Груев до Рекорд), од 10:30 часот до завршување со активностите. (општина Центар)

