Контакт

Македонија

Царовска: Оперативниот план за вработување со реализација од 98,6 проценти

Објавено пред

Вицепремиеркара задолжена за економски прашања Мила Царовска, дополнителната заменска министерка за труд и социјална политика Санела Шкријељ и директорката на Агенцијата за вработување Билјана Јовановска ги презентираа резултатите на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2019 година.

dobivaj vesti na viber

Царовска истакна дека Оперативниот план за 2019 година е со исклучително висок процент на реализација од 98,6 проценти, што е резултат од добро осмислените програми и мерки, кои се креирани во соработка со бизнис-секторот, со цел истите максимално да се апсорбираат од страна на бизнис-заедницата на локално и државно ниво.

„Имплементацијата на Оперативниот план за 2019 година, значително придонесе за намалувањето на невработеноста, која моментално е на рекордно ниска стапка од 17,1 отсто, пришто во изминатите две и пол години, регистрирани се нови 59.600 вработувања, дел од нив како резултат токму програмите и мерките од оперативните планови. Во 2019 година за реализација на ОП од буџетот се издвоени рекордни 1,3 милијарди денари, што е за 84 проценти повисок износ во споредба со 2016 година кога буџетот изнесувал 707 милиони денари. Ова се средства со кои директно се влијае кон зголемување на вработливоста на невработените лица, но и можност за формирање нови компании, кои понатаму треба да отворат нови работни места“, потенцираше Царовска.

Вицепремиерката додаде дека најголем дел од средствата се наменети токму за поттикнување на претриемништвото и креирање нови микро компании, а дека како резултат на програмите и мерките од ОП се произлезени и системски решенија. Како конкретен пример таа го посочи Законот за практиканство, како рамка младите невработени лица да добијат можност да ги стекнат потребните вештини и искуство преку практична работа во компаните и на тој начин ја зголемат можноста за сопствено вработување. Вицепремиерката упати благодарност до УНДП кои имаа голем придонес во реализацијата на мерката саомвработување.

„Преку Програмата за самовработување, во 2019 година, одобрени се 1484 грантови, а притоа се формирани 1320 микро компании. Од овие лица, 468 се млади луѓе, односно 36,8 проценти‘ од вкупниот број, додека 439 се жени (33,9%). Со оваа мерка не само што овозможуваме овие млади невработени лица да отворат сопствен бизнис, туку во целиот процес на едукација претходно, го создаваме претриемачкиот дух и ги поттикнуваме со други мерки да продолжат да отвораат дополнителни работни места“, подвлече вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска.

Директорката на Агенцијата за вработување, Билјана Јовановска, во своето излагање, нагласи дека успешната реализација на Оперативниот план е резултат на тимска работа и позитивна енергија на вработените во Агенцијата и центрите за вработување, вработените во Министерството за труд и социјална политика, како и партнерите во спроведувањето УНДП и УНОПС, работодавачите и самите невработени лица. Таа додаде дека сите активни програми и мерки беа атрактивни за работодавачите и невработените лица и постигнат е максимален опфат согласно планираното.

„Преку субвенционирањето на плати отворени се 1383 нови работни места, додека со поддршка за вработување и раст на правни субјекти се придонесе за отворање на 621 работно место. Практиканството е уште една мерка која беше атрактивна кај работодавачите и младите лица, при што со оваа мерка беа опфатени 1697 лица. Она што особено беше побарано од стопанството беа обуките, се спроведоа вкупно 55 обуки за 22 занимања на територија на цела држава, при што 3704 лица успешно завршија обука. Станува збор за најразлични обуки, детектирани за потребите на пазарот на трудот: монтери, инсталатери, оператори за веб-дизајн, изработувачи на мебел, оџачари, гастрономи, електромеханичари, автомеханичари, заварувачи, фризери, козметичари“, појасни директорката Јовановска.

Дополнителната заменска министерка за труд и социјална политика Санела Шкријељ се осврна на реализацијата на Младинската гаранција, како мерка која е насочена исклучиво кон младите лица, кои се иднина на нашата држава, како инвестиција во нивното знење, доградба и преквалификација.

Свесни за предизвиците како што се високото ниво на младинска невработеност и иселувањето, сите мерки од Оперативниот план се насочени пред сè кон поддршка и поттикнување на младите луѓе, додаде Шкријељ.

„Младинската гаранција е една од носечките европски иницијативи, а Република Северна Македонија е единствена држава која не е членка на ЕУ, а почна со реализација на овој проект. Започна со реализација во 2018 година, најпрвин како пилот-проект, за во 2019 да се прошири на територијата на цела држава. Охрабрени сме со резултатите од реализацијата на Младинската гаранција, во 2019 година 20.301 лице се опфатени со оваа мерка. Секое младо лице во рок од 4 месеци по пријавување во Агенцијата за вработување добива можност за вработување, обука, преквалификација или практиканство. Од бројката на вклучени, 52% се жени, охрабрува што мерките кои се креирани се атрактивни и одговораат токму за млади девојки и жени. Само во 2019 година бројот на вработени преку младинска гаранција се 6004 лица, а овој број ќе продолжи да расте, во април 2020 година би можеле да ја имаме конечната бројка за лицата вклучени во 2019 година. Радува што мерката има позитивен ефект кај ранливите групи на лица, како што се Ромите. Во 2019 година во младинска гаранција се вклучени 1457 Роми, од нив 212 се веќе вработени. Во последниот квартал стапката на невработеност кај младите изнесува 35,3%, за споредба во 2016 тој процент беше 48,2%, а паралелно расте стапката на вработеност. На институциите останува да продолжиме да рабтиме во овој правец и да се издвојат сè повеќе средства имплементација на вакви програми“, заклучи дополнителната заменска министерка Шкријељ.

Македонија

Сончево време со температута од 17 степени, за утре метеоролозите најавија повремени локални врнежи од дожд

Објавено пред

Времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на утринска магла по одделни котлини. Попладне облачноста ќе се зголеми и ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5, а максималната ќе достигне од 13 до 17 степени.

dobivaj vesti na viber

Во Скопје, претпладне сончево со мала до умерена облачност, а попладне променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец сончево со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 17 степени, јавува УХМР.

Во следните денови ќе преовладува сончево и релативно топло време со мала до умерена облачност, освен во четврток кога ќе има повремени локални врнежи од дожд. Утре и во четврток по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла.

Прикажи повеќе...

Македонија

Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош

Објавено пред

Од

Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.

dobivaj vesti na viber

„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.

Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека  по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.

Прикажи повеќе...

Македонија

МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби

Објавено пред

Од

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.

dobivaj vesti na viber

Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:

Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]

„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.

 

фото/Depositphotos

Прикажи повеќе...

Најново

Свет17 минути

Израелски шпиони ги хакирале речиси сите сообраќајни камери во Техеран за да го испланираат убиството на ајатолахот Али Хамнеи

Израелските шпиони со години ги хакирале речиси сите сообраќајни камери во Техеран за да ги следат движењата на ајатолахот Али...

Свет43 минути

(Видео) Патници заробени на крузери во Дубаи: додека се слушаат експлозии некои танцуваа покрај базен

Илјадници патници останале заробени на крузери на Блискиот Исток поради воената ескалација во регионот, откако САД и Израел извршија напад...

Свет59 минути

(Видео) Рубио: Нема повредени во иранскиот напад со дрон врз конзулатот во Дубаи

Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека сите вработени се безбедни по иранскиот напад со дрон врз комплексот на американскиот...

Македонија12 часа

Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош

Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда. „Основното...

Македонија13 часа

МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија...

Македонија19 часа

(Видео) Тошковски: Обезбедена е видеоснимка на која се гледа како сопругот ја удира жртвата

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски соопшти дека во рамки на истрагата за трагедијата во Карпош е обезбеден видеозапис на...

Македонија19 часа

Се разработуваат планови за враќање на македонските државјани од Израел преку Египет, се работи на безбедна евакуација од погодените подрачја, соопшти МНР

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека интензивно работи на обезбедување услови за соодветна и безбедна евакуација на...

Македонија20 часа

По пад од балкон загина 10-годишно момче во Тетово: родителите дознале од соседите

Денеска (03.03.2026) во 09:25 часот во СВР Тетово било пријавено дека во Клиничка болница Тетово било донесено починато 10-годишно момче...

Македонија20 часа

Тошковски објави нови детали за трагедијата во Карпош: Жртвата негирала насилство пред полицијата, сопругот имал криминално досие и бил апсен за дрога

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски соопшти нови детали за вчерашната трагедија во Карпош, во која загинаа мајка и дете....

Македонија20 часа

Бракоразводна постапка и пријава за насилство – вонреден надзор во Центарот за социјални работи по трагедијата во Карпош

Министерството за социјална политика, демографија и млади изрази длабоко сочувство до семејството и блиските на мајката и детето кои го...

Македонија20 часа

Државните нафтени резерви се стабилни и обезбедуваат сигурност, уверуваат надлежните

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини со посебно внимание ја следи состојбата со актуелната енергетска ситуација, особено во контекст...

Македонија21 час

МНР со владиниот авион ќе ги евакуира нашите државјани од Израел, првите се очекува да пристигнат утре

За евакуација на Македонците кои сакаат да се вратат дома од Израел, Министерството за надворешни работи (МНР) ќе го испрати...

Македонија23 часа

Сè уште не се препорачува евакуација по копнен пат за граѓаните кои се наоѓаат во Катар и Обединетите Арапски Емирати, велат од МНР

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, согласно последните податоци, од почетокот на конфликтот до денес вкупно 473...

Македонија23 часа

Едно лице задржано по трагедијата во Карпош: распити на повеќе лица, детален претрес на станот, екстракција на податоци од телефони, се обезбедуваат снимки

Основното јавно обвинителство Скопје ги издава сите потребни наредби и насоки за целосно расчистување на вчерашниот случај во Карпош, кога...

Македонија23 часа

Почувствуван земјотрес во Гостивар

Според досегашните податоци со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утрово во 5 часот и 21 минути...

Свет1 ден

(Видео) Објавено сведочењето на Клинтон за Епстин, Хилари е бесна

Нови видеа покажуваат како Хилари Клинтон речиси излегува од сведочењето зад затворени врати пред американските пратеници за Џефри Епстин откако...

Свет1 ден

Пезешкијан: Иран нема да стои настрана пред нападите врз училиштата и болниците

Претседателот на Иран, Масуд Пезешкијан, изјави дека неговата земја нема да стои настрана поради американско-израелските напади што погодија женско училиште...

Свет1 ден

Трамп: Подготвени сме да водиме војни колку што е потребно, имаме залихи што ќе траат засекогаш

Американскиот претседател Доналд Трамп преку својата платформа Truth Social извести дека САД имаат рекордни залихи на муниција од среден и...

Свет1 ден

Рубио: Израел планираше да го нападне Иран, мораше да извршиме превентивни напади

Одлуката на Израел да го нападне Иран и сигурноста дека американските сили ќе бидат цел на одмазда ја принудија администрацијата...

Свет1 ден

(Видео) Познатата Палата Голестан во Техеран е оштетена, објавени се фотографии

Делови од Палатата Голестан, единственото место на светското наследство на УНЕСКО во иранската престолнина, беа оштетени во воздушен напад извршен...