Македонија
Царовска: Со стипендии ќе ги поддржиме стручните профили што ги бара пазарот на труд
Профилите кои ќе се изучуваат во средното стручно образование ги прилагодуваме на потребите на реалниот сектор, со што го осовременуваме образованието, а со политиките за стипендирање на учениците од техничките струки ќе го поттикнеме изборот токму на оние кои ќе им овозможат поголема вработливост на младите.
Ова го рече министерката за образование и наука Мила Царовска во Кавадарци, каде што продолжија консултациите за потребата од отворање нови профили и паралелки во средните стручни училишта низ државата, од идната учебна година. На средбата присуствуваа градоначалниците на Кавадaраци и Неготино, Митко Јанчев и Тони Делков, претставници на средните училишта, на локалните компании и на стопанските комори.
„Овие средби се организираат под мотото ‘Учи паметно, работи стручно’ и со поддршка на швајцарската амбасада. Идејата е заеднички, преку социјален дијалог, да утврдиме кои се профилите коишто ќе се отворат за запишување ученици во средните стручни училишта во училишната 2021/2022 година. Досега одржавме три средби, ова е четврта и тие покажаа дека компаниите имаат потреба да дискутираат и со Министерството и со општините и со средните училишта и дека со модуларното поставување на средното стручно образование може да се направат комбинации за да можат профилите да служат на повеќе компании“, изјави министерката Царовска.
Со овој начин само го спуштаме дијалогот на локално ниво, за да ги утврдиме потребите и да ги сервисираме, додаде Царовска, посочувајќи дека со воспоставување паралелки со дуално образование или одреден период од образованието да се поминува во компанија, а одреден во училиште, ќе добиеме квалификувана но и мотивирана работна сила.
„Очекувам на крајот од сите дебати, училиштата до МОН да испратат барања за отворање на профилите коишто биле утврдени на овие средби и тие да станат реалност во наредната училишна година“, изјави министерката.
Градоначалникот на Кавадарци, Јанчев, рече дека очекува преку дебатите да се согледаат реалните потреби од квалификуван стручен кадар за овој регион, кој ќе кореспондира со потребите на пазарот на трудот.
„По направените анализи и по завршувањето на овие дебати ќе се добие реална слика за потребите од нови профили на кадри, како и потреба да има доквалификување на постоечките во овие гранки од бизнис-секторот каде што е потребно. За ова прашање голема е улогата на стопанските комори, кои всушност треба да бидат поврзување на образованието со бизнис-секторот“, изјави Јанчев.
Локалната самоуправа на Неготино веќе стапила во контакт со голем дел од компаниите со цел да добие јасна визија каде треба да се движи општината во делот на образованието, рече градоначалникот Делков, укажувајќи дека ваквото предвремено увидување на потребите на бизнис-секторот ќе даде плод во наредните години.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

